Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.156
- Поени од реакции
- 3.389
Дали може некој да ми нацрта (пошо сум глуп) како тоа (евентуалната) двојазичност може да и наштети на Македонија? Како?
Некој ќе рече задира во идентитетот, национални вредности, итн итн.. во ред. Ама како? Како тоа ќе задре во идентитетот, ќе ја промени историјата, културата, традицијата? Како?
На земјинава топка има многу примери за држави кои немаат централен систем (кантонизирани се), федерализирани се, вакви се, такви се... АМА КАКО ТОА ГО ПРАВИ ЖИВОТОТ ПОТЕЖОК? Е тоа не разбирам.
Америка е целина од 51+ држави. Сите со "локална самоуправа", различни народи, различни закони... па ево ја го дрма светов. Прауд Американс.
Швајцарија исти курац. Два јазици имале, вака било така било. Џабе.. Федерер е прауд свис.
Ево ќе дам и еден скандинавски пример. Оргиналните Швеѓани се племе кое живее претежно во северна Шведска, има свој јазик и немаат допирна точка што ова денес се нарекува Шведска. Моменталното население таму се мешавина од Германци и Холанѓани. Па сепак.. Прауд сведиш пипл.
И така натака, и така натака и така натака.
Се поставува прашање што е Македонија? Библиска, античка, ветена земја? Океј. И сега шо?
Како ние ќе фатиме чекор со модернизацијава и глобализацијава? Прашање е само на време кога ќе не прегазат соседите и цел регион ОД СИТЕ АСПЕКТИ. Економски, технолошки, енергетски, еколошки, бирај шта хочеш.
И ние уште ќе се тупаме вгради со Македонија на Македонците? КОЈ МАКЕДОНЦИ море кој?
Бетмен Јанко Миленко? Со кој?
Све шо беше тро посаглам избега од државава.
Дали сме свесни дека Македонија не е само името и јазикот? Македонија е и секоја ебана дупка на автопат кај шо си ги кршиме коливе и гинат луѓе, Македонија е секоја ебана болница кај шо живеат стаорци и умирет бебиња, Македонија се сите тие кутри души шо плачат за донации и дрва за греење, Македонија е секоја ебана фирма шо ве третират ко робој, Македонија се и приватните школски градинки кај шо се купват дипломи, итн итн итн итн.
Јасно е? Какви ебани јазици бе, абе не двојазичност... и ПОЛУјазичност да воведет - пак ќе сме отепани од Господа.
Зошто во Канада се во официјална употреба 2 јазици иако Француски е мајчин јазик само на 20% од популацијата?
Ве читам и неможам да поверувам дека споредувате орки со стари високо развиени земји, споредете не со БиХ бе, најблиску сме со етникуми, религија, заедно бевме под Турско ропство (они дури биле малку и под Австро-Унгарско), споредете не со неа што како е.Вака ко ве читам Америка,Германија,Белгија,Канада федерации биле некако и добро звучи федерација.
Изгледа вие не знаете дека Германија се обединила дури 1871г, пред тоа се колеле по верска основа на протестанти и католици, па војни мегу дражавичките, а подоцна Прусија по пат на сила ги освои/обедини дражавичките, слично е и со Италија и таа се обединила по војна во 1860 (мислам таа година беше), Британија и Франција војувале меѓу себе за колонии, Британија и ја земала Канада (источниот дел) ама населението си останало да зборува Француски, Белгија е направена по интервенција на Франција врз Холандија, Шведска пред 300години држела делови од Русија.
Зошто ви го пишувам ова, па оти вие не гледате дека оваа што ние го имаме денес тие го имале пред повеќе од 200-300-400-500 години, значи имале време да ги решат работите (обично преку сила),
сега дали сакате да ја продадеме државата затоа што во Швајцарија било супер сега, а пред 200 години на сила го земале регионот Тицино од Италија (од тие државичките), СПОРЕДУВАЈТЕ ДРЖАВИ СО ИСТИ СУДБИНИ, НАСЕЛЕНИЕ И СЛ. ПРИМЕР БИХ!
Да одговорам на ова прашање, со прашање.
Ајде ти и останатите одговорете ми како е можно Македонскиот јазик да и наштети на Албанците, па тие да не мораат да го знаат???Дали може некој да ми нацрта (пошо сум глуп) како тоа (евентуалната) двојазичност може да и наштети на Македонија? Како?
не е можно менување на уставот без 2/3 мнозинство
Зар мора да се смени уставот за да се протне некој закон, СЈО не е според устав па си функционира, територијалната поделба не била според устав да се дискриминира Македонецот, ама ете се дискриминира,Zaev vo 100 navrati posoci deka ustavot nema da se menuva
мислиш дека некој го гајле што вика уставот ако ги добие правата?