Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Да дојде некој командат (листопадно дрво по желба), и да ве прочита патриотите што пишувате тука, уште утре ќе си го развее орелот сред Скопје па ќе си игра capture of the flag сам со себе : ))
 
16999030_1794205297506636_4988928913353453308_n.jpg
И ова не знам дали некој ги дупи кретениве, ги трола, или стварно куртонскиов медиум доделува некакво признание за дежурен Македонец.
 
ДУИ го подржува специјалното јавно обвинителство и реформите во судството а ДПМНЕ не, тоа доволно кажува зошто едниот ќе оди во власт а другиот во опозиција.
Нема ништо против кога нема никаков случај против нив, поточно со тоа се уценети!
Господ знае што си сакал да кажеш, а ти си им као еден од пописмените овде на форумот.
Тоа погоре сакав да го цитирам.
Според тебе значи има случаи за криминал и кај нив ? Зошто тогаш сегашните институции и ЈО не покренаа истраги против ДУИ, или можеби Груевски им има забрането да покренуваат обвиненија против доскорешните коалициони партнерни за да не им се расипуваат дополнително односите и да може да коалицираа пак со нив
Мора да има снимки и за нив нели власта самата се прислушкуваше, ја слушна Ермира како стенкаше, значи сигурно има и за нив нешто.

Работата е каде се снимките од опозицијата.?
 
Мора да има снимки и за нив нели власта самата се прислушкуваше, ја слушна Ермира како стенкаше, значи сигурно има и за нив нешто.
Работата е каде се снимките од опозицијата.?

Па мора ли да има снимки за сегашните институции и ЈО да покренат истраги ? Државата има еден куп разни механизми како да најде доказни материјали

Снимките се користат само како индиција за криминал а не доказ на суд, пример кај случајот за ДБК и прислушувањето каде што после најдоа докази за фалсификувани документи, уништување на опремата кршејки разни процедури итн
 
Шарените се фалеа дека ќе ја рушат владата,ама нешто страв им е да спомнат и ДУИ е дел од таа влада.Нешто накај Чаир протестираа доле влада или само од овој дел од вардар демолираа?
Готово е сега веќе со ова или она или вака или онака, сега ќе напрат влада и да видиме како ќе биди
 
Чек сга објасни за што шарени протестирасва и фарбасва?
Бш га гледам протест никој не спомна ни кољање, ни гасни коморе.
Али памту едну козу која им викаше на полицајци Куманово да ви се понови...


Sent from my MI 5s using Tapatalk


Не те брифирале убо :)
 
Па мора ли да има снимки за сегашните институции и ЈО да покренат истраги ? Државата има еден куп разни механизми како да најде доказни материјали

Снимките се користат само како индиција за криминал а не доказ на суд, пример кај случајот за ДБК и прислушувањето каде што после најдоа докази за фалсификувани документи, уништување на опремата кршејки разни процедури итн
Зборот ми беше зошто СЈО не отвара предмети и за останатите, не е формирано “специјално“ против ВМРО, а тоа зошто ЈО не отвараше предмети за ДУИ, можеби затоа што ДУИ беше во власта.
 
Наводно, на протестот претепани двајца новинари од А1on и пренесени на ургентен.
 
Слушнав на Тв Нова во директниот пренос, се пееше против албанците, а во говорите она клишето : Македонци, албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци...

Фатени рамо под рамо, другарки од администрација, патриотки невидени, тврдокорни, немале време да се пресоблечат, па од стилот на облекување се гледа дека работат на администрација.

Пред да почне Зајко со објавување на бомбите, јавна тајна беше дека Дпмне има присвоено све во оваа држава ... така на пример ако влезеше во такси, таксистот знаеше Мијалков колку фирми има, па и можеби и со некој бездомник да отвореше тема, и тој ќе знаеше кој ги собира парите во оваа држава ... само Јавното обвинителство, Зврле не знаеја.

За 11 години владеење на Дпмне, ниеден човек близок до Дпмне не беше гонет за било каков криминал.
Но затоа стотина неистомисленици беа наместени од Мвро-Дпмне и Сваровски судството.
Не знаеше човек кој тоа има 90% од општините, Влада, Претседателство, синдикати, верски заедници, спортски клубои, казина, агенции за обезбедување, фирми за градежништво..., под контрола.
11 години и не видовме ниеден функсионер да биде гонет за криминал, ниедна оставка не видовме ...

Сечени, лепени и монтирани биле разговорите што ги слушнавме ... да бе, судиите не се од тефтер и не се сваровски ... ако порано 99% од барањата за притвор беа прифатени, сега кога тоа се однесува на луѓе од Дпмне, 100% се одбиваат, случајно нели, не се работи за партизирано судство.

И тоа дека министрите и функсионерите ги уредуваат медиумите, не е точно нели, монтирано е ... затоа ли не може да се виде ниедна позитивна вест за опозицијата во тие медиуми.
Го отвараш порталот а1он.мк , и во него читаш соопштенија на Дпмне, позитивни или неутрални вести за Дпмне ... исто и во Плусинфо, и во Телма и во 24 вести ... но позитивна или неутрална вест за опозицијата никогаш не можеш да сретнеш во медиумите уредувани од Дпмне.
Новинарите од 24 вести морале да ги тргнат симболите на нивниот медиум, пошто тврдокорните ги напаѓаат.
А вечерва двајца новинари на А1он се претепани. Не им е доволно што ги партизираа сите медиуми, им пречат и тие неколку портали што останаа.

Замислете, нешто што Дпмне го понудило на албанските партии, истото го понудило и Сдсм, а сега патриотите тврдокорни, протестираат и ловат предавници, по налог од Дпмне.
Веслаат цела нација веќе со години, не разбирам што е проблемот, дали тие се многу вешти или тие што ги подржуваат се ептен тешки.

Лошото е што пак ќе ги нарушат меѓуетничките односи, кои ќе се уназадат ... одма после изборите Груевски се фалеше што све тој направил за албанците, видејќи дека албанците можат да бидат клучни во следните гласања, но ете сега изгледа сменија мислење, и тргнаа сосем поинаку, со песни против клетите ш*птари и меѓуетнички тензии, а во петок имало и физички напад врз неколку албанци во близина на плоштадот, а некој ден потоа и врз една девојка албанка.
 
Со боксови и клоци нападнати снимател и новинар на А1он

timthumb.php


Со тупаници по глава и по телото вечерва беа нападнати снимателот и новинар на А1он од демонстрантите пред Собранието на Република Македонија. И двајцата со возило на брза помош беа пренесени во ургентен центар. Дел од демонстрантите ја искршија и камерата на А1он по што избегаа од местото. Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија која е организатор на протестот очигледно не успеа да ги заштити медиумските работници, А1он ќе поднесе пријава против организаторот и ќе бара надомест на штета за дивјачкото и примитивно однесување.

http://a1on.mk/archives/709516
 
Оној кој пред 10 години беше на страната на нападнатите протестанти сега е организатор со истите луѓе што и тогаш и сега напаѓаат и тепаат на своите протести.
 
Зборот ми беше зошто СЈО не отвара предмети и за останатите, не е формирано “специјално“ против ВМРО, а тоа зошто ЈО не отвараше предмети за ДУИ, можеби затоа што ДУИ беше во власта.

Значи признаваш дека ЈО беше и сеуште е под контрола на ДПМНЕ па затоа не отварале предмети против коалициониот партнер ? Убаво што си призна.

Ама ете и сега не отвара оти Грујо уште се надева дека Али ќе го спаси и ќе формираат влада, во превод давеник и за сламка се фаќа :)
 
...јеби га, што да ти праам кога си ко...флаш..ги конташ работите ко молња брзо :) :)

mrza10.jpg

mrza_zpsofwi4ugy.png
Не сотре Грујо, што дозволи секој втор млад човек да си ја бара иднината надвор од оваа држава што мисли дека е негова сопственосто. Не сотре Тодоров, што од здравството направи едно од најлошите здравства во Европа, умираат родилки секој месец, нема пари за Тамара, граѓаните родената мајка не би ја пуштиле да се лекува.
Не сотре Мијалков, на кого луѓето последниве години неможеа името да му го спомнат од страв, колку само фабрики превзема овие неколку години додека беа на власт. Не сотре Гоца, убија дете бе на плоштад, пробаа да го скријат, од полицијата направи своја армија на послушни полтрони кои маме ебаваа низ градовите.
Не сотраа инспектори, кои јадат и пијат гага по фирми и ресторани, ни ебаа матер од казни и нови закони секоја недела, само да полнат буџет.
Од Скопје направија циркус, кич невиден, светот ни се смее, напатениот пастир ќе градел историја во Скопје, барок и класицизам, панорамско тркало, огромно потрошени пари за срања.
Не сотре Спиро и тој пред него, кои од образованието направија циркус, доколку некој протестира му наоѓаме заменски професор додека овие протестираа, синдикатот си го присвоија.
Е овие погоре не сотраа бе слепец еден, а не ЕУ и Нато!
 
Се додека странците не се умешаат со заплена на имот у странство, мрзнење сметки, забрана за патување и затварање граници, ништо не праиме. Хорхе чека, а сите знаеме што чека, односно да се собере револт кај другата страна и да се создаде шанса за судир и нестабилност.
 
Пу бе пичка ви матер, напаѓате младо момче што си ја врши својата работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom