Бев на интервју во конзулатот во Битола во мај 2014, имав научено бугарски празници и химната но не ме праша конзулот ништо од тоа. Ме прашуваше дали би живеел во Бугарија, и дали имам некој роднина со бугарско државјансво (вујко ми) и каде е тој моментално, и сите одговори ги запишуваше. На почетокот ќе те праша што си по народност и обавезно да речиш дека си бугарин, никако македонец. Мислам дека е убаво и да вметниш по некој бугарски збор во речникот, онака добар впечаток да оставиш. Се на се не беше воопшто страшно. Не памтам колку уплатив. Инаку пред 14 месеци ме вратија на дополнителна по што однесов документи од вујко и сега чекам да дојдам повторно на разгледување (тие од 2014 прилично многу се изначекавме). За потврдите од здруженијата многу често се спомнуваат, но сеуште се нема потврдено дали навистина пуштаат со нив или е само мит. Со среќа.