Ако се биле ќе беа дел од здружението глава давам.Ама ај нека е по твое.
Знаеш, на одредени еве и јас ќе се ставам, сериозно многу им беше гајле и за Македонија и за македонштината и за Аце и за Филип додека бевме средно. Голем дел од форумов ме знаат лично, одамна се знаеме, знаат кога бев дете какви успеси имав и какви успеси и имам донесено на Македонија, некои се дури до ден денес единствени по осамостојувањето. Можеш и да бараш постови од тој временски период на форумов. Ама проблемот е што откако завршив факс и почнав со работа во приватна компанија, видов што е Македонија.
Македонија не е Филип и Александар, плочкине испукани на плоштад, воинот на коњ, галиите, тркалото... Македонија е рекетот што ти се мава пред секои избори, опструкциите кои се ставени за да не можеш да го понудиш најдоброто на пазарот бидејќи за да биде така - мораш да дадеш газот кај управата на земјава
Македонија е моментот кога ќе отидеш на државна со болки во желудецот од нервозите поврзани со ова погоре и ќе ти кажат купи шприц ќе ти ставиме спасмекс, не е проблем. Македонија е женана на која и пламна стомакот пред месец дена на клиника затоа што некоја ретарда во боцата со цо2 ставила кислород. Македонија е кога не можеш да се занимаваш со спорт затоа што нема услови и федерациите немаат пари. Македонија е моментот кога мораш после година дена да ја однесеш твојата кола на сервис бидејќи суспензијата е сол направена од дупкиштата по Скопје, другите градови да не ги зборам. Македонија е државата во која фактор се ликови кои ги оцрнија писателот на првиот македонски роман, го оцрнија Блаже Конески, истото го снајде и Кочо Рацин а ќе го снајде било кој само ако барем малце може да биде употребен како аргумент.
Македонија во моментов е она чувство што го имаш 2-3 секунди откако ќе те фати грч во нога или па кога ќе се пробудиш од спиење и гледаш дека си ја налегнал раката па после боцка, боли. Е не може со вакви проблеми како што ги опишав погоре, да очекуваш некој разумен да ти биде дел од здружение за зачувување на македонштината и јазикот од клетите западни соседи. Дојдено ми е мене а и верувам на поголемиот дел од темава до јазикот и до македонштината а причините за тоа, ги набројав погоре, штета што се само мал дел.