Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
V

viktora

Гостин
Изгледа Американците си ги преценија способностите па охрабрени од тоа што му го направија на Милошевиќ, Садам, Гадафи и на ред други второразредни играчи, се залетаа на Македонија ама тука удрија на члан.... затоа и партијата на Обама ги изгуби изборите па сега Трамп нешто ни се умилкува, сака да ја ублажи ситуацијата и да не одоброволи како би ги намалил штетите кои САД ги трпи од авантурата наречена Македонија...
Да те прашам.Да фатиш да тепаш детенце од 5-6 год што мислиш како би реагирале тие од страна што те гледаат?Не би дошле да те рашамараат?И што би направил?Би пратил друго дете,малце поголемо дете од првото да го истепа.
Ти сигурно не би поверувал америка да не бомбардира или да прајќа војска?Ќе прати некој малце појак од нас да ни се сили а он да го брани.
 
M

mar30

Гостин
Браник од тврдокорни карбонски влакна(не се мие).
 
Последно уредено од модератор:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.509
Поени од реакции
24.288
е сеа владе мкд за што ќе пише, џабе толку трудови, есеи и колумни
За жал се што напишав стои, слободно провери неколку месеци наназад или поточно ден после изборите и цитирај ме каде сум погрешил во анализата?
И запиши си на некое ливче или на што било и обавезно стави си и датум каква е до овој момент состојбата со некои работи во државата за да до следните избори регуларни или предвремени да можеш да ја воочиш разликата. Премногу наивно е некој дури и да помисли дека промените ке се случат преку ноќ или некој ке излези и ке мафта со нив како некој трофеј.
Не те кошта ништо, седни и запиши. И тогаш некогаш во иднина ако сме уште тука можеш слободно да ми речиш дека сум згрешил и дека ти си бил во право.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Кога ќе направиш разлика од двојазичност во општини каде се над 20℅ вклучуваќи го и Скопје и двојазичност на цела територија,можеби и би била интересна сликава.
Кога направиш разлика од човек со мозок и човек без мозок може и би било поинтересно твоево мислење, за жал ти си во групата на луѓе кои не го користат мозокот
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.509
Поени од реакции
24.288
Јас после изборите немам апсолутно никаков проблем со нити еден дел од платформата затоа што тоа беше изборна желба на мнозинството граѓани кои излегоја на избори. Многу јасно и недвосмислено го истакнав тоа во повеќе наврати уште пред неколку месеци, така да искрено незнам зошто мене ме спомнуваш.
И кога сме кај тоа редно е да го прочитаме и твојот став околу тоа, ако имаш секако?
Ете да почнеме со употребата на албанскиот јазик. Дали ти би имал против тој да се употребува секаде вклучувајќи го и форумот или имаш друг став околу тоа? Каде според тебе би требало да се употребува а каде не , онака во кратки црти колку да знаеме на што сме?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
4.360
Да те прашам.Да фатиш да тепаш детенце од 5-6 год што мислиш како би реагирале тие од страна што те гледаат?Не би дошле да те рашамараат?И што би направил?Би пратил друго дете,малце поголемо дете од првото да го истепа.
Ти сигурно не би поверувал америка да не бомбардира или да прајќа војска?Ќе прати некој малце појак од нас да ни се сили а он да го брани.
Ја би сите немирни деца за уши и правец книга фаќање а не да ми дремат по форуми....
п.с. Кога на кале Бејли го пушта казанчето у вц, доле во барокот на Илинденска сите стојат мирно и со шапките во раце одаваат почит на тоа што Бејли го пуштил во канализацијата а ти сакаш да ме убедиш дека САД 10 години неможат да се справат со лукавиот Груевски кој влече така мудри потези и им прави тактички маневри па благодарение на него сеуште постоиме....
 
V

viktora

Гостин
Кога направиш разлика од човек со мозок и човек без мозок може и би било поинтересно твоево мислење, за жал ти си во групата на луѓе кои не го користат мозокот
Едно е да не користиш мозок,но друго е да го немаш.Те прашав,дали е исто двојазичност на цела територија и двојазичност само во општини каде се над 20℅?Ако не сваќаш што те прашувам ќе пробаме со сликички,можеби и ќе ти текне.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Едно е да не користиш мозок,но друго е да го немаш.Те прашав,дали е исто двојазичност на цела територија и двојазичност само во општини каде се над 20℅?Ако не сваќаш што те прашувам ќе пробаме со сликички,можеби и ќе ти текне.
Може јас тебе нешто да те прашам, неврзано со двојазичноста и сличните муабети?

Дали сметаш, на основа на слушнатото од бомбите, дека Гвујо и компаанија треба да одат во затвор? Значи заеби муабети судови, докази, курци, палци, дали ти сметаш дека треба да одат во затвор?
 
V

viktora

Гостин
Ја би сите немирни деца за уши и правец книга фаќање а не да ми дремат по форуми....
п.с. Кога на кале Бејли го пушта казанчето у вц, доле во барокот на Илинденска сите стојат мирно и со шапките во раце одаваат почит на тоа што Бејли го пуштил во канализацијата а ти сакаш да ме убедиш дека САД 10 години неможат да се справат со лукавиот Груевски кој влече така мудри потези и им прави тактички маневри па благодарение на него сеуште постоиме....
Не е проблем Груевски.Проблем беше да се најде поголема будала од Груевски кој ќе ги исполни нивните планови без САД да се меша.За грујо лесно,уште една авионска несреќа чиста работа.Они се закон за атентати.
Ти сериозно веруваш дека ден пред референдум против територијална поделба САД не признаа под уставно име само зошто ни се добри другарчина?
Ај сега повторно прочитај го мојот претходен пост.Може од втора ќе ти текне.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.509
Поени од реакции
24.288
Многу ме интересираше владе каква анализа составил за новонастанатава состојба, ама изгледа евн му ја угасиле струјата. Евентуално да тргнал пешки од Цапари за маршов утре
И за тебе исто да не се повторувам. Ова не е новонастаната состојба туку нешто за што сме правеле тука муабет уште пред неколку месеци.
И не сум јас многу по маршовите, револуциите шарени или било какви. А и против кој? Мнозинството од граѓаните многу јасно си ја искажаа својата желба и потреба на денот на изборите. Би бил голем лицемер кога не би ја почитувал вољата на мнозинството каква и да е таа.
 
V

viktora

Гостин
Може јас тебе нешто да те прашам, неврзано со двојазичноста и сличните муабети?

Дали сметаш, на основа на слушнатото од бомбите, дека Гвујо и компаанија треба да одат во затвор? Значи заеби муабети судови, докази, курци, палци, дали ти сметаш дека треба да одат во затвор?
Апсолутно се сложувам дека треба да си лежи грујо.Но не се сложувам поголеми крадци и предавници да дојдат на власт како СДСМ.Ние не избираме кој е добар а кој е лош.Ние избираме кој е лош и кој е бетер.Лично мое мислење СДСМ е невиден олош,и додека не испадне некоја подобра трета опција,помеѓу СДСМ и ВМРО повторно би избрал ВМРО.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Османи на ТВ Алсат-М:
Со Заев договоривме албанскиот јазик да го има
и на банкнотите и на монетите (ВИДЕО)

На вечерашната емисија „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, портпаролот на ДУИ
Бујар Османи прашан дали албанскиот јазик ќе биде применет и на банкнотите и на монетите,
тој рече дека во член 8 од новиот закон било предвидено и тоа.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Јас после изборите немам апсолутно никаков проблем со нити еден дел од платформата затоа што тоа беше изборна желба на мнозинството граѓани кои излегоја на избори. Многу јасно и недвосмислено го истакнав тоа во повеќе наврати уште пред неколку месеци, така да искрено незнам зошто мене ме спомнуваш.
И кога сме кај тоа редно е да го прочитаме и твојот став околу тоа, ако имаш секако?
Ете да почнеме со употребата на албанскиот јазик. Дали ти би имал против тој да се употребува секаде вклучувајќи го и форумот или имаш друг став околу тоа? Каде според тебе би требало да се употребува а каде не , онака во кратки црти колку да знаеме на што сме?
Денеска имаше многу убаво кажано каде што и зошто би се употребувал албанскиот јазик, само ти си затворен во локалната сендвичара а таму такви информации се строго забранети! Незнам искрено како е можно да сте толку ограничени барем со интернет. Ај во штаб јасно е дека мозокот во тегла ви е спакуван, ама бар дома вака кога седнуваш пред компјутер имаш слободни и неограничени информации до кои имаш пристап. Ама џабе е, битно ќе има федерализација, кантонизација и двојазичност.

Ајде разгуглај малце може ќе најдеш денес што изјави дуи официјално. Ама битно е паторот и миленко што изјавуваат, ништо друго не е битно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Еден бонбона бизнис па ќе видиш како ќе останат со тие 60-70.000 албански и едно стотина илјади гласови од овие оптимистиве дека заев нема да ја прави двојазична на цела територија.
и ќе гласаат за ВМРО пошто тие на следни избори ќе понудат двојазичност?[DOUBLEPOST=1487892638][/DOUBLEPOST]
Османи на ТВ Алсат-М:
Со Заев договоривме албанскиот јазик да го има
и на банкнотите и на монетите (ВИДЕО)

На вечерашната емисија „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, портпаролот на ДУИ
Бујар Османи прашан дали албанскиот јазик ќе биде применет и на банкнотите и на монетите,
тој рече дека во член 8 од новиот закон било предвидено и тоа.
и така малкумина македонци гледаат банкноти така да тоа нема многу да влијае на нив.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.443
Поени од реакции
4.360
Не е проблем Груевски.Проблем беше да се најде поголема будала од Груевски кој ќе ги исполни нивните планови без САД да се меша.За грујо лесно,уште една авионска несреќа чиста работа.Они се закон за атентати.
Ти сериозно веруваш дека ден пред референдум против територијална поделба САД не признаа под уставно име само зошто ни се добри другарчина?
Ај сега повторно прочитај го мојот претходен пост.Може од втора ќе ти текне.
А кои се тие планови на САД за кои со години се мачат и неможат да ги остварат? Какви се тие планови кои Грујо или било кој да е на власт нема да им ги оствари по еден телефонски повик па мораат да се мачат со години, да бараат некој како Заев........ Кажи ми каде им засмета толку Груевски во нивните планови? Само немој да кажеш дека со споменикот на Цандо ги сјебал....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom