Македонски Марш – препораки
Известување за Македонскиот марш – Завет за Македонија, низ улиците на Скопје
од Соборен Храм 17 часот до паркот „Жена Борец“
во организација на Македонското Патриотско Здружение „Тврдокорни“.
Прво:Утрешниот марш 24 Сечко (Февруари) 2017 е најавен пред 10 дена и затоа не може да постои предумисла за правење немири при евенталното создавањето или несоздавање Влада. Ако би дошло до поклопување на термините тоа е сосема случајно.
Второ:Во врска со создавањето на Влада, МПЗ „Тврдокорни“ од Понеделник, со јавен писмен допис ќе се обрати до евентуалните владини коалициски партнери, каде што ќе се бара ЈАВНО да се одговори:
што е договорено во Мала Речица!Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив МПЗпреку протестида ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки!
Трето:.МПЗ „Тврдокорни“ никогаш не би имале против коалиција на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ со било кои албански партии кои се лојални на позитивните македонски закони. Она што нас длабоко не засегнува е прашањето – дали со подзаконски акти или дотерување на постоечките, притаено ќе се обидуваат да подметнат нов и веќе предзавршен чин од долгата редица на сепаратистички барања на албанските политичари!
Четврто:Ги повикуваме сите, дојдете утре Петок, 24 Февруари 2017 лето господово во масовен број за да видат сите, и партии, и странски амбасади, и поединци, со каква сила ќе се соочат, ако пробаат да не излажат или нешто да ни подметнат.
Петто:За нашите членови: дојдете во црна облека и понесете со вас македонски знамиња и други македонски ознаки во голем број. Партиските или навивачки ознаки заборавете ги затоа што нема да бидат дозволени и ќе бидат отстранувани од страна на редарските единици.Чувајте го јавниот ред и мир и придонесете маршот да биде мирен, достоинствен, каков што и чин заслужуваат нашите паднати Бранители од 2001, пред чиј споменик ќе дадеме ЗАВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА и ќе положиме свежо цвеќе.
Ова е над се и поважно од се. Затоа што има значење за сите нас! За минатото и за иднината.Да ни се приклучат сите искрени патриоти, бранители, студенти, граѓански организации, Македонци кои се спремни партиите да ги остават зад себе и да дадат свој придонес за наше национално надпартиско обединување кое ќе го започнеме на тој ден! Од 17 до 20 часот да бидеме Македонци, а битките околу политиката да им ја оставиме на оние кои што се бават со политика .
По маршот, ќе ги обзнаниме следните чекори:
НИКОЈ НЕ СМЕЕ И НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ЈА УЦЕНУВА НАШАТА ТАТКОВИНА!
ПОВЛЕКУВАМЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ!
МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ, БРАТ ЗА БРАТ!!!