Не сум го прочитал еве сега ми кажа ти, ама дека се си мислам ќе ви се пикнат со знамиња од вмро па затоа прашав. Баш да видиме дали ќе нема такви.
Епа не треба да се коментира без да се прочитат и увидат активностите на здружението.Тоа е на терен уште кога мандатот беше кај Николчо, а во денот кога тој тврдеше дека има влада беше објавен проглас под наслов Проклети да се предавниците (зошто здружение формирано од него според логиката на овдешните членови би напишало такво нешто против него).
Здружението до сега има неколку основачи според медиумите, во Јануари бевме формирани од СДСМ, потоа од Бачев и НДМ, па Груевски, дојде потоа Љубчо и Стојанче, на крај се заврши со КГБ, обвинувања кои не идат од наивни членови на кајгана туку универзитетски професори и луѓе кои се активни на медиумите.Неколку пати истите се поканети на дебата но ја избегават како ѓаволот од темјанот, а дел имаа доблест и јавно да се извинат.
Слободно посети ја фејсбук страницата и сајтот на Тврдокорни и прати на кои датуми што има пишувано, и види кои личности стојат позади неа.Таму стојат луѓе кои се од десна политичка идеологија кои сметаат дека е редно Македонија да има таква организација.
Целите ни се пред се
1 Одбрана на Македонскиот национален идентитет и уставот на Република Македонија.
2 Укинување на срамниот Рамковен договор според кој Македонија се однесува како да е капитулирана земја од војната 2001, а не воен победник
3 Едуцирање на македонскот народ, запознавање со неговите права но и ОБВРСКИ кои ги има кон својата татковина
4 Формирање на единици кои ќе ги заштитат македонските шуми од масовна сеча, и единици кои ќе се борат против криумчирањето на мигранти. (повеќе имаш на веб страната)
5 Сегашните правосудни закони ги ограничуваат обичните граѓани самостојно преку правосудството да ги бранат погазувањата на своите права. Граѓаните немаат доволно материјална моќ за онака како што е предвидено со законите за преку суд да ги одбранат своите права. Од друга страна граѓаните погледнато како целина не можат материјално да зајакнат затоа што се постојано поткраднувани (и омаловажувани). Така правдата е достапна само за побогатите. Да се потсетиме само на кражбите на Македонски Телеком после продажбата на унгарската Маѓар Телеком на телефонските импулси во периодот од 1998 до 2006 година. Или на кражбите на ЕВН преку тарифата „обезбедена моќ“ во висина од 30%. Разни прекршувања од страна на изршителите во услови кога граѓанинот е немоќен самостојно правно да се брани. Примери има безброј и се секојдневни.
Официално видео на маршот, тука прикажан е и настанот преку кој власта до сега систематски ја уништуваше македонската десница, кој разбира ќе сфати за кој дел од видеото зборам.
Во врска со провакатори здружението има своја редарска служба која во соработка со полицијата ваквите провокатори ќе ги отстрани од маршот.Значи не е протест туку марш, а има голма разлика меѓу едното и другото.