Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Кондураџија во Кисела Вода/Центар?

Sent from my 6050Y using Tapatalk
Во кисела вода имаш карши веро одма тука има една продавничка за бои и лакови до неа на главна улица е нема шанси да го утнеш плус добар мајстор е.
 
Добар/добра шијач/ка во Скопје што го/ја бива за свечени фустани? И по можност да не е со астрономски цени :D
 
Случајно некој заинтересиран за купување на машка алка Police,нова,поволно.
2c06df3f19c90686cc562871a4771411.jpg
7c9bdc47f61090ad716245573d503db7.jpg



Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кондураџија што менува ѓон на Планика, Алпина Саломон... спортски чизми? Има ли во Ск? На пазар3 огласуваа само кондураџии од Куманово и Велес... со специјална опрема за лепење и шиење. Од СК не сретнав оглас. Знае ли некој во Ск квалитетен кондураџија кој ги поправа кондури овие брендови?
 
Кондураџија што менува ѓон на Планика, Алпина Саломон... спортски чизми? Има ли во Ск? На пазар3 огласуваа само кондураџии од Куманово и Велес... со специјална опрема за лепење и шиење. Од СК не сретнав оглас. Знае ли некој во Ск квалитетен кондураџија кој ги поправа кондури овие брендови?
Јас менував во Куманово (кај Борче) и сум презадоволен. Пратени, вратени и платени по карго. Втора година во употреба, носени и на планина и секојдневно на работа (зимава) и се е во ред. Слушнав дека имало некој што менува во Скопје кај Палома Бјанка, но не би знаел за квалитет.
 
Преведувач на чешки јазик во Скопје?
 
Ваков кит за спречување на кондензација на вц казанче
https://www.google.com/search?q=Toi...QsAQIGA&biw=1001&bih=893#imgrc=BkiyC0XGfYmNDM:
или некое друго решение за кондензација на вц казанче?
Претпоставувам имаш од старите метални казанчиња. Донекаде проблемот не е до казанчето, туку е до влагата во воздуот во купатилото. Гледај што почесто да го луфтираш. Иначе тие работи од типот китови, стиропорни плочки/влошки и такви работи не би ти помогнале нешто многу и долготрајно, а кај нас мислам дека и не се нешто баш достапни.

Сега има добри казанчиња што внатре си имаат стиропор, па со тоа си имаат и изолација. Иначе и имаш ,,мајсторски" начин што некои луѓе го пробуваат против кондензацијата на казанчето, а тоа е затварање на дотокот на вода и пуштање на истиот само кога треба да се наполни казанчето:ROFLMAO: Ама тоа не го пробувај, гледај купатилото да ти биде суво и често проветрувај го.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom