Американците имаат пеесет и кусурот па што, Еу има дванаесет, Кина пет ти за едно се степа. Не ти пречеше пеесет години сега ти пречи. Орелот со тек на време ке си го засакаш како дома да ти е растен. Сепак има и други кои живеат во оваа држава , не се само Македонците. И тие крвавеја, и тие дадоја свои жртви како во втората светска војна кога заедно ја основавме оваа држава во рамките на СФРЈ во која за жал нивните браќа успеаја да добијат една пишлива автономна област , така и за време на социјализмот и посебно за време на борбата за права и слободи во 2001. Неможе и едноставно не е фер оваа држава за едниот државотворен народ да биде мајка а за другиот маќеа. Ако сакаме мир во куќата и ако сакаме да имаме иднина за оваа наша државичка мора да се признаат и поправат некои историски грешки и неправди што ние им ги правевме на нашите браќа толку години.