aко изборот беше некој со 65 пратеници или моменталната ситуација, дефинитивно е подобра оваа, што не значи дека е добра, муабетот ми е дека ДУИ игра многу коцкарски (нивно право јбг), таа коцка или ќе ги врати каде што беа досега, најсилна албанска партија и на власт или ќе ги згасне целосно како политички субјект. Што е до мене лично, оваа второто би било одлично за Македонија.
Во што е подобра оваа ситуација жити се. Та била ДУИ та било која друга албанска партија исто ти се фаќа. Не се тие македонски партии па ајде овде тендер, онде директор и некое министерство и завршена работа. Добро од вчера да не си? Исти курац ти се сите албански партии од почетокот на повеќепартискиот систем па се до денес и целта им е иста на долг рок . На сите без исклучок.
И крајно време е да се освестиш. Не ни се нас албанците проблем. Ние македонците си сме проблемот, тие само користат ситуација и тоа доста успешно. Малце со ветер од надвор ( добро не баш малце ) ама битното е што внатре сме поделени. А кога двајца се караат третиот користи.
И кога јас ти реков на времето ( можеш да провериш ) дека треба една опција да преовлада, било која и другата да ја сведи на статистичка грешка ти се смееше. Исто кога напишав дека на овие избори победија албанците пак се смееше. Е па смеј се сега, сите пукаме од смеење.
И што ти менувате тебе ако ДУИ згасне како политички субјект, демек тоа нешто ке смени. Знаеш колку албански партии згаснаа досега? И тоа нешто промени во нивните барања ?[DOUBLEPOST=1487455202][/DOUBLEPOST]
уставот е како библијата, добрите луѓе можат да го користат за добробит, лошите за лоши работи.
Пошт во овие избори уставот е укакан до даске со неточно “толкување“ сега секој се може.
Прво и основно кај уставот е да се даде мандат на партија или партии кои имаат мнозинство во собрание.
Тоа мнозинство е од 120 члена - најмаце 61 пратеник. Не може да има 2 коалиции со по 61 пратеник. Или две партии со по 61 пратеник. Математички е можно само една коалиција.
Уставот, добрите преседници вака го користат:
После избори доколку не освои партија (или предизборна коалиција) 61 пратеник, претседникот им дава 10 дена рок на партиите да после избори се договорат и го известат која има мнозинство. Само една коалиција може да има мнозинство. И нив му се дава мандат и тие прават влада.
Само сега имаме ситуација да му е даден мандат на партија без мнозинство во собрание, па таа врати па сега на друга му се бараат потписи за да добие мандат а првите не требаа да дадат потписи па и ако овие не направат влада ќе се направи хаос пошто може и трети да бараат мандат или да се премислат првите па да побараат втора шанса.....
Се додека на ова ситуација не и се сменат пелени и избрише газот - ќе биди непријатна и ќе шири реа наоколу....
Добро што го спречува сега Заев да собере потписи. Ако не собере сега ке треба да собери кога ке се гласа во парламентот. Исто му се фаќа. Ако не собери сега како очекуваш да му ја изгласаат владата?
Исто и за Груевски и за било кој. Ако нема доволно гласови во парламентот може и десет пати да му го даваат мандатот пак џабе ке биди. И на Заев прв да му го дадеја само полошо ке му направеја, ке се резилеше во парламентот кога немаше да го изгласаат. Остај што и временски ке беше ограничен да состави влада. Вака може да си игра мандатар до кога сака.