Македонскиот напаѓач потпиша нов договор со Грасхоперс
Никола Ѓоргев ќе остане член на тимот на Грасхоперс до 2020 година. Пред малку тој го потпиша професионалниот договор со кој се обврзува на верност на својот матичен клуб, по долги преговори кои траеа неколку месеци. Клубот инсистираше на услови, нашиот репрезентативец долго размислуваше и на крајот се одлучи да опстане во клубот каде што фудбалски израсна.
„Среќен сум што конечно се се заврши. Потпиша договор и сега сум мирен што се вели од таа гледна точка. Млад сум, имам потреба од мечеви од минутажа, а швајцарската лига е создадена за млади играчи. Имав опции да заминам но се решив да останам. Најреална опција ми беше Андерлехт, долго размилсував. Во игра беа и Лајпциг, Салзбург и Мајнц. Сепак, на крајот останав дома што се вели и сум задоволен што конечно се реши мојот стасус“ - изјави Ѓоргев спесијално за Македонски Спорт.