Види дечко, ќе пробам на кратко да сумирам. Не е моето сфаќање на политичкиот процес наивно. Потполно сум свесен дека во одреден процент од својот политички ангажман, сите политичари во светот го вградуваат својот процент. Проблемот овде е што 100% фокус на лоповот нг е само лоповлук и пропаганда дека тоа не е лоповлук туку "цветање на цвеќиња". Јас не те познавам лично, ама се сеќавам дека некои од членовите збореа дека ти си имал лична (тендерска) корист од оваа власт. Е сега мојот правдољубив светоглед во последниве години стана многу еластичен и дури со тешко срце може да кажам дека и таквите "патриоти" како тебе до некаде ги разбирам, иако уште мислам дека тоа што го праите е неморално и погрешно за државен интерес - јас не би го праел воопшто. И во претходниот пост реков дека кључот е во тие што дури не се ни вака офајдени, туку фаќаат некои бедни "трошки" од типот (бесплатен) бањски туризам, возење у јсп, гага воз до Демир Капија исл. Тоа што се прави со нив е злоупотреба, манипулација, исмејување. Од друга страна, ете нека тера нг популизам, ама никаде бе не гледам еден потег да се повлече кон било која национална закана на земјава и тој да постапи машки, патриотски и правилно. Амнестира учкари, потпишува и прифаќа Ш платформа, тера членови ма дпне да гласаат за дуи и за да си го спаси шу***от праи тензии со сдс дека некој друг е предавник. Дечко, тоа е велепредавство, анти-државен елемент, тоа не е политика како што ти си ја замишљаш "амдибајрамстајл". Тоа у добар дел од земји во светот се казнува со стрелање.
Пишуваш од лукративни, клиентелистички побуди и сигурен сум дека не се согласуваш баш со сите потези на дпне. Ај биди еднаш објективен за воопшто да влегуваме во дискусии, инаку да не си го губам времето да ти реплицирам.
Еј ме фати на препад у раскорак.., но нема веза...
Не ни помислувам дека е наивно , баш напротив мислам дека малтене првпат, осем дрдупките со разни овдешни шушумиги изгледа има шанса со некого да скршиме здрав збор. Прво за да биде појасно со актуелната власт неам ни муабет , а камо ли личен па уште и тендерски интерес ...

Исто било и со таа пред и со таа пред неа. Дури напротив ......

Овде некои кленови ја голтаа јадицата уште мнооогу одамна, а јас нормално ја подгревам илузијата и ги гледам резултатите.

Драго ми е што твојот правдољубив светоглед во последниве години станал многу поеластичен , тоа е знак на зрелост...и што иако со тешко срце.... можеш и таквите "патриоти" кои све радње раде само за да заработат куќи од травертин како хациенди и чифлизи колку Кратово...да ги подразбереш иако не и оправдаш..

Околу тоа дал и ти би го правел тоа или не јас си имам една проверена теорија , која многу пати кај многу луѓе се потврдила , а таа е дека душата на ѓаволот не си ја продал само тој кому неговиот адвокат не му дал понуда за неа. Од проста причина што тие понуди се неодбивливо привлечни...Затоа никого не го осудувам, нормално со задржување на правото , ако некогаш дојде до тоа и бидам во ситуација на извршна моќ , која суди некои од тие грешници мојот палец да биде свртен надоле...За среќа не морало...
"Некои бедни "трошки" од типот (бесплатен) бањски туризам, возење у јсп, гага воз до Демир Капија исл.".

за ова бурек јадат и муда си папаат оние на кои тоа не им текна, туку сите дострели им одат до нивото на глупостите на транзиционата пљачка и нејзините баханалии...со сите велепредавства и анти-државни елементи кои ги вградија-разбудија благодарениа на таа девастација
Инаку да се прашам јас би додал и бесплатни банџи скокови, качување на "карпа " па дури и рафтинг по Радика.....Немаш појма како тие активности десеткуваат метузалеми и му олеснуваат на пензискиот фонд...

..за случајно ако мислиш дека е злоупотреба, манипулација, исмејување.
А и ти очигледно не го гледаш бизнис делот и редистрибуцијата на парите???
Ниту тука ниту во другите проекти толку многу олајавани. Нормално за очекување е при тоа креативците со идеи и да заработат.., иако очите на завидливците се огромни и стандардно од бува , еве мува....прават гооолема црна кокошка...
Но да баталиме .
Ако еве претпоставиме дека не се клиентелистичките причини, не е тендерската корист, дека од материјална страна ме боли патка и не зависам ама баш од никого, дека имам важечка тапија дека не сум луд , која ли би била причината што мислам така како што мислам, дека сдсм е предавник, дека маса негови поддржувачи се испарни мозоци..дека заради тоа...да се изразам ко на вол стрит...компанијата ни е во фаза на непријателско преземање и тоа од мал пакет акции затоа што бизнис партнерот ни е кретен глуп ефтино продаден, анационален.. и дека, ако бог даде ќе биде казнет со стрелање...????
И се тоа во свет кој е на ивица на кошмар и во услови кога кај нас од причини на големи и далечни интереси се води специјална војна која нас Македонците не не есапи, ни во смисол на нашите желби, ниту цели , ниту настојувања како народ еднаков на сите други дадени од Бога???
Што не доведува до поимот приоритети. Кога од причини..да не ги повторуваме многу артикулисано и ко со диригентска палица водени од крајот на минатиот век дојдовме таму каде дојдовме, мораме да се вадиме или да потонеме.
Во такви услови после се проценуваат штетите, кривците и нивните кривици и казни. А не како и шкорпијата да си ја убиеме жабата ....
Но тоа ти е никогаш не сме биле народ со многу ум....