- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.127
- Поени од реакции
- 12.708
А за колку криминали треба да биде аболициран Зајко кукурајко пред да стане личност од тотална недоверба ?zaev e aboliciran za eden kriminal. zaev bese bogat pred toj kriminal. zaso mvro ne go ispita potekloto na parite pred Global i pred politickata kariera na Zaev?
da se spomnuva kriminal od 8 000 000 evra vo situacija koga imame kriminal od 3 000 000 000 evra e vo najmala raka dekoncentriracki.
imas nekoja agenda sto sakas da go svrtis/trgnes fokusot od najgolemiot kriminal do sega vo istorijata na makedonija?
ako pocnes pak za privatizacijata, insert izgovor zaso mvro ne ja rascistija kriminalnata privatizacija.
За мене лично доволни ми се неговите ветувања за двојазичност за да немам доверба во него, воопшто не ни обрнувам внимание на криминалните дејствија за кои е аболициран.
За волја на вистината, иако воопшто немав никаква доверба во Зајко кукурајко, на краток временски период во 2015 година мислев дека можеби навистина сака целата вистина за криминалната власт во Македонија да излезе на виделина.
Но и таа малку доверба која можеби ја имав - а можеби и воопшто не ја имав - во Зајко кукурајко, ја снема кога прифати да седне на преговарачка маса со истите криминалци за кои отворено и јавно изјавуваше дека ќе ги разобличи, по што дозволи неговата партија да донесе партиска одлука - значи недемократска одлука, туку партиска одлука, односно одлука на неколку индивидуалци - за прекинување на објавувањето во јавноста на снимените телефонски разговори на пвеводбениците и на нивните криминални партнери.
Од 50.000 телефонски разговори, па потоа 200.000 телефонски разговори, па 500.000 телефонски разговори, па 1 милион телефонски разговори - бирај која беше точната бојка, како од томбола да ги вадеше бројкиве Зајко кукурајко во 2015 и во 2016 година кога одговараше на прашањата колку точно снимени телефонски разговори ги има на располагање, но без разлика која е точната бројка, на крајот од сите тие снимени телефонски разговори, Зајко кукурајко и СДСМ објавија помалку од 50 телефонски разговори, по што донесоа партиска одлука за да престанат да го објавуваат тој нивен аудио серијал наречен Вистината за Македонија. На крајот, сепак не излезе целата вистина на виделина.
Истовремено, пастирот на пвеводбениците сеуште не е осуден за ниту едно криминално дело, но како што за Зајко кукурајко доволни ми се неговите ветувања за двојазичност за воопшто да немам доверба во него, така и за пастирот ми се доволни снимките од неговите телефонски разговори за воопшто да немам доверба ниту во него.
Зајко кукурајко и пастирот на пвеводбениците - за мене лично - се две страни на една иста паричка на организираниот криминал.
Зошто пвеводбениците не ја расчистија криминалната приватизација ?
Па токму затоа што - како што вели @Borg_Drone во пост #7012 - македонската политичка сцена е бојно поле на два мафијашки клана кои меѓусебно се препукуваат, но никогаш не затвораат свои луѓе.
Ене ти ги Адора на Ванчо Чифлиганец и Бетон на Минчо Јорданов - и двајцата заколнати социјалдемократи, а сепак градат низ Скопјево кога, каде и колку ќе им текне, како градот да е нивно приватно градилиште, а случајно или не, токму Бетон е главен изведувач на градежните работи на повеќе од 50% од сите објекти од проектот Скопје 2014. Подобар пример за криминална соработка и профитерски интереси наспроти интересите на граѓаните - здравје.
А кога сме кај правната разрешница, ене ти го Владо Бучковски како пример - осуден на затворска казна, но никако да заврши позади решетки - што само ја продолжува досегашната пракса ниту еден македонски премиер да не заврши зад решетки.
И еве, јас ти кажувам уште сега, дека ни СЈО, ни специјален суд, ни ништо од "специјален вид" нема да ги стави пвеводбениците и пастирот нивен зад решетки.
Можеби некои ситни риби ќе пострадаат, но главните криминалци ќе го дружат Бранко Црвенковски - каде и да е, но дефинитивно не зад решетки.
Еве сега јас тебе да те прашам:
Зошто СДСМ - бидејќи се толку големи борци за слобода, демократија и правда - не бараа ослободување на Зоран Божиновски, или барем домашен притвор за него ?
Дали можеби бидејќи тој објавуваше и нивни валкани алишта на Интернет, па затоа воопшто не бараа барем домашен притвор за него со Пржински договор или како основен предуслов за нивно учество на вонредните парламентарни избори во декември 2016 ?
За волја на вистината, во знак на солидарност со Зајко кукурајко и СДСМ, Божиновски во 2015 или 2016 година, не помнам точно која година беше, но одлично помнам дека во 2015 или 2016 година, Божиновски отворено и јавно објави дека ќе престане да ги објавува нивните валкани алишта на Интернет, затоа што има(ше) заедничка цел со нив - соборување на режимот.
А како тргнале работиве, тешко дека Божиновски ќе дочека бел ден на слобода, бидејќи токму тој објави свои таканаречени бомби за рамковнистите - поконкретно за Ермира Мехмети - истите рамковнисти со кои сега Зајко кукурајко и СДСМ преговараат за формирање на владина коалиција, поради што тешко ми е да верувам дека рамковнистите ќе прифатат домашен притвор или можеби ослободување на Божиновски.
Последно уредено: