Субвенции за греење на пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
Печките за пелети точно дека не чадат и се што е напишано, само изгор се. Во просек 50-60 илјадарчиња. Инаку кај нас беше ветувано и централно парно и гасификација со години ама досега ништо не се случи. Затоа и ме интересираше како ќе функционираат овие субвенции.
Овие денови ја гонам оваа работа, се префрлам на пелети од наредната грејна сезона (2016-17), и интензивно сум во разговори, преговори и сл. со мајстори, и можам да кажам дека си во право...
Во мојот случај, имам котел за парно за куќа и греам нешто повеќе од 200 квадрати.
Котелот на дрва ми е од 40 киловати.
Соодветен на пелети е некаде околу 2200 евра.
Јас се одлучив за надоградба на постојниот котел со горилник на пелети, некаква електроника која оди со тоа, и резервоар за пелети.
Тоа ќе ме чини некаде околу 1000 евра, според понудите кои досега ги собрав.
Од она што јас разбрав за субвенциите, ако некогаш заживеат, овие цени би биле нешто пониски поради намаленото ДДВ од 18 на 5%. Тоа зависи од трговците пред се, дали ќе ги намалат цените.
Е, ако заменуваш печка (котел) на дрва со оној на пелети, државата би субвенционирала 70% од вредноста на печката (котелот) но не повеќе од 30000 денари, што значи дека на наведените цени би се искористила максималната субвенција.
Сепак, поради некои причини, јас не сум во ситуација да чекам субвенции, морам да завршам со тоа сега, пред грејната сезона, иако 30000 денари не се занемарливи, но и не се сигурни сеуште :).
Јас се надевам, како што претходно пишав, на пониска цена на пелетите.
 
@Strelec бидејќи гледам дека си упатен во проблематиката, ме интересира колку тони пелети би ми требале за греење на 70м^2 (во глобала греам околу 34м‘2, останатиот дел само 2-3 часови).

Друго што ме интересира е за каков тип на печка/шпоре старо за ново даваат субвенции?
Дали на пример и за вакво би дале до 30 000ден субвенции за купување на печка за пелети?

Ваков шпорет ја имам,смеддерево или алфа е од пред 35 год. :pos:
Пелетите се ок работа,ама спас едино гледам во гас.
 
Ваков шпорет ја имам,смеддерево или алфа е од пред 35 год. :pos:
Пелетите се ок работа,ама спас едино гледам во гас.
Тешко дека ќе стигне Гас до секое семејство за брзо, за во Прилеп конкретно е најавено дека ќе пристигне за 2 години (што знаејќи како се одвива динамиката со секој проект, верувам ќе бидат барем плус три, т.е за 5 можеби и ќе го донесат).
Инаку ваквото би го менувал и така ми стои нефункционално :D
 
Ваков шпорет ја имам,смеддерево или алфа е од пред 35 год. :pos:
Пелетите се ок работа,ама спас едино гледам во гас.
Гасот е многу поскап од дрвото и пелетите. Прочитај во „ темата најекономично затоплување “
Прашај го @Струмикс. Во Струмица има гас
 
Државата на бандаж, се мисли на екологијата. Македонија in a nutshell...
 
Го има некаде детално објаснето законот или предлог законот да се прочита?
 
Дечки мое мислење дека фамилијата ни го учука пак, ова субвенцииве не беа ништо друго туку формирање на пазар или побарувачка, за да нивната фабрика работи рентабилно. А пелетите не се илјада пати, туку 1800пати позагадувачи од гасот во однос на ПМ честици, а имаат дури повеќе и од дрвата само помалку монооксиди. А ние ќе се гушиме за наши пари... Сите професори и стручњаци кои ги форсираат пелетите пред гасот, треба да си ги искинат дипломите, бидејки после ова ништо не им вредат... Да не збориме колку шума ќе се уништи...
 
...нормално бе, тоа е капитализам. Светот убаво си одел пешки или ако се возел тогаш се возел со средства на масовен транспорт: возови, трамваи. Му текнало некому измислил автомобили, па нафтата станала барана ко лебац , а и створила вработување: заедно со автомобилската индустрија и сите услуги околу тоа повеќе од пола работоспособни.....и еве сеа каде сме..Башка не заборавај дека секој вработен е реален потрошувач и генератор на побарувачка, т.е. нова работа....., а има пари во џебот за тоа. Ние како новопечени капиталисти само копираме веќе видено. Сепак не сме толку ни големи , ни умни за да смислиме нешто ново.Како баби кукате , а не гледате колку таа индустрија на греење на пелети, печки на пелети итн. ќе створи нови работни места во Македонија:vozbud:
 
Дечки мое мислење дека фамилијата ни го учука пак, ова субвенцииве не беа ништо друго туку формирање на пазар или побарувачка, за да нивната фабрика работи рентабилно. А пелетите не се илјада пати, туку 1800пати позагадувачи од гасот во однос на ПМ честици, а имаат дури повеќе и од дрвата само помалку монооксиди. А ние ќе се гушиме за наши пари... Сите професори и стручњаци кои ги форсираат пелетите пред гасот, треба да си ги искинат дипломите, бидејки после ова ништо не им вредат... Да не збориме колку шума ќе се уништи...
Не знам колку често го читаш форумов. Сега ќе ти се појави еден бот и ќе ти реплицира дека езерото Козјак донело многу влага во скопската котлина и затоа било загадено, а од чадот од пелетиве негде праат и освежувачи за воздух и благопријатно делува по здравјето. Е сега ти може и не си од Скопје, нели и другиве градови скоро сите се испозагадени, ама ќе ти најде нешто да изрелативизира.
Инаку целосно се согласувам - се' што е базирано на согорување создава нус-продукти кои во најголем број случаи се неповолни по човечко здравје. Може пелетите евентуално помалку да загадуваат, ама потегов со нивно форсирање личи како потег-крпеница или уште полошо монополско развивање на некој бизнис на најпознатата македонска фамилија. Така напраија со топлификација - латасот јадеше трици на шител дека топлификација е рекетар, дека греење на струја е права ствар, за да може БЕГ да го лапне бизнисот, а државата да праи интервентни увози на струја тешки милиони евра државни пари - којзнае како договарено, по скапи цени и со тешки провизии.
 
Во Македонија нема произведувач на пелети
Арно ама има многумина кој мислат се и сешто
Нема , а и оваа шемава со Македонски шуми е мутна. Колку знам...Македонски Шуми се ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ. И никогаш не ми биле јасни....Нивниот краен производ е проширување, негување и одржување на шумскиот фонд за што се финансираат од буџет мислам...Треба да го надзираат и одобруваат сечењето,чистењето и други активности , додека па шумите и то.... ги чува славната Шумска Полиција која исто така за тоа е финансирана од буџетот.
Се друго треба да е работа на ПРИВАТНИ, АКЦИОНЕРСКИ ИТН. КОМПАНИИ кои со наддавање ќе си го купуваат материјалот предмет на нивната дејност по најдобри понудени цени и со своја пазарна судбина ...и толку.
Што има таму некои странци и било кој друг мутно да се здружуваат со јавно претпртијатие и потпишуваат договори со од влада назначени директори .или како се нарекуваат незнам. Тоа си е биснис со сосема друг интерес и пазарна ниша ,а од кој државата треба да очекува приходи низ даноци итн. баш за да може погоре спомнатиот буџет да биде полн и оперативен. Секое друго замешатељатво може да наведе на сомнеж и да се подведе под поимот злосторничко здружување , со сите последици.:sneaky:
 
Омилениот директор рече дека за таа фабрика главно ќе работи за извоз, а и сировината ќе биде од странство.
http://sitel.com.mk/slovachka-kompanija-kje-pravi-fabrika-za-peleti-vo-makedonija
Значи не се склдисувајте. Од ова ништо не бива. Едноставно директорот, е љубител на ручеци со гости од странство и така си организирал ручеци
Гледајте како да ги присилите исклучените од Топлификација да плаќаат наместо вас, а пелети ...како и досега
 
[quote="Almeida, post: 7967065, member: 77730"]Не знам колку често го читаш форумов. Сега ќе ти се појави еден бот и ќе ти реплицира дека езерото Козјак донело многу влага во скопската котлина и затоа било загадено, а од чадот од пелетиве негде праат и освежувачи за воздух и благопријатно делува по здравјето. Е сега ти може и не си од Скопје, нели и другиве градови скоро сите се испозагадени, ама ќе ти најде нешто да изрелативизира.
Инаку целосно се согласувам - се' што е базирано на согорување создава нус-продукти кои во најголем број случаи се неповолни по човечко здравје. Може пелетите евентуално помалку да загадуваат, ама потегов со нивно форсирање личи како потег-крпеница или уште полошо монополско развивање на некој бизнис на најпознатата македонска фамилија. Така напраија со топлификација - латасот јадеше трици на шител дека топлификација е рекетар, дека греење на струја е права ствар, за да може БЕГ да го лапне бизнисот, а државата да праи интервентни увози на струја тешки милиони евра државни пари - којзнае како договарено, по скапи цени и со тешки провизии.[/quote]

Согорувањето на пелети ПОВЕЌЕ ЗАГАДУВААТ за разлика од дрво.
 
Омилениот директор рече дека за таа фабрика главно ќе работи за извоз, а и сировината ќе биде од странство.
http://sitel.com.mk/slovachka-kompanija-kje-pravi-fabrika-za-peleti-vo-makedonija
Значи не се склдисувајте. Од ова ништо не бива. Едноставно директорот, е љубител на ручеци со гости од странство и така си организирал ручеци
Гледајте како да ги присилите исклучените од Топлификација да плаќаат наместо вас, а пелети ...како и досега
хе..исклучените?? ..едно време СДПР ( некакава сојузна дирекција ) плаќаше пола од трошоците на некои фабрики за да бидат у редовна кондиција.., а кои можеа да и притребаат , кога ќе и притребаат .. т.е.пуно за празно.
Точно е дека одреден број народ се најде у небрано заради недореченоста на обврските на сопствениците на станови во стамбена зграда која има централно греење, кое не е деливо како вода или струја на пример. Точно е дека трансициските муфљози си ги присвоија правата кои не би требале.., ама тоа е животот. Искрено проблемот е ставарно бизарен и очигледно фрустрирачки и мислам дека треба да се најде некое вин-вин решение, но имајќи во вид каде и во кое време живееме ..многу тешко...Дури на левите кога им се предложи да ги стават у изборна програма и ветат дека ќе ги регулираат позитивно за нив...одбија.А сигурно ќе добиеја бар два пратеника барем во Скопје...[DOUBLEPOST=1487019668][/DOUBLEPOST]
Согорувањето на пелети ПОВЕЌЕ ЗАГАДУВААТ за разлика од дрво.
..негледам зошто би загадувале повеќе , освен ако не се користат некакви недозволиви лепаци и адитиви, но дека поскапо загадуваат тоа секако... :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom