..гледам ја спомнуваш , а некаде начув дека беса ја финансира ердоган....точно или само лажна пакосна гласина....
Беса нема врска со Ердоган, напротив тие се движење на Ѓулен. Главните луѓе на Беса имаат тешки бизниси со ФЕТО, тие како движење тука се одамна преку разни организации, невладини, религиозни...
Едно време беа со ДУИ, но се разделија, па пробаа со Имер Селмани па после тоа да конечно направат партија.
Но ним им одговара моментално да ги поврзуваат со Ердоган, знаејќи ја наклонетоста кон Ердоган на овдешните албанци. Тие ниту не демантираат, ниту не признаваат.
Религиозно тие проповедуваат секташки ислам, но не како Ердоган, туку спротивното повеќе тежнеат кон шиитите.
Косовски новинари открија документи за нивните соработки со организации од Катар и Иран.
Главен е Аднан Исмаили кој ја води книжарата Логос-А, кој има блиска соработка со ТИКА организација од турција која финансира многу проекти овде.
Пред неколку дена власта пушти инспектори во Логос-А.
Многу оџи се во нивното движење и некои веќе почнаа јавно да проповедат секташки ислам, како што е имамот Метин Изети од Тетово кој изгради свое Теќе со финансирање од ТИКА и каде се прават секташки ритуали.
Беса имаат свои телевизии како што се Шења и Ера.
Тие не прифатија коалиција со Села иако тоа ќе значеше пораз на ДУИ, но тие имаат своја агенда и полни се со пари.
Ако ВМРО и ДУИ се договорат за влада први на тапет ќе бидат финансиите на Беса, по секоја цена ќе ги укинат каналите на финансирање, бидејќи на минатите избори Беса купија ептен многу гласови, можам да кажам дека 30-35% од гласовите им се купени.
Затоа ДУИ е во крстосница, ако одат со СДСМ тешко дека ќе можат да ја кинат Беса бидејќи и Мухамед Зекири е од истата бранша, но ќе добијат рејтинг кај неопределените и кај тие што им избегаа.
Ако одат со ВМРО ќе удрат сигурно на Беса и ќе можат пак да купуваат гласови за мали пари бидејќи Беса го подигна пазарот, но тие што им избегаа нема шанси да ги вратат од кај СДСМ.
Албанската платформа излезе како против удар на Беса, затоа овие последниве едвај отидоа на иста маса во Тирана. Со платформата ДУИ изигра паметно и ја зеде пак улогата на главниот кај албанците.
На Беса повеќе им одговараше да нема платформа за да нема ДУИ со што да се фали и да продолжи падот на истите.
Веќе луѓе на Беса почнаа јавно да плукаат по платформата, а прв удри Ким Мехмети.
ДУИ сеуште е играч на САД во Македонија, исто така има подршка од Рама и од Тачи што значи се во иста линија со САД.
Попрво Села би добил подршка од САД, отколку Беса.