Ако случајно се случи ВМРО да се реформира, јас на пример, пак ќе си гласам за ВМРО. Е сега, кој знае како некои го сфаќаат изразот да се реформира.
Тоа може да го решат само судски процеси против криминалнава банда. Внатрешниот систем во дпне е така конструиран да овој е анкерисан на врвот од пирамидата, а анкерите му се меници на функционери (тотално неуставни и незаконски), дел од истите ги држи со компромитирачки материјали (потпишани државни документи, решенија, дозволи), а со тоа ги има претворено во соучесници на кои тотално им е контракорист да се смени власт. Реформа во дпне, би значела одење у затвор со воз - пола партија, нешто како во Романија, па после нека си фатат пат тие што ќе останат во партијата.
Иако идеолошки презирам национализам, мислам дека ќе беше многу поволно во овие години на бескрајна транзиција да имаме десна партија која ќе имаше поригиден став кон конкретни проблеми од типот на закани од соседите и сограѓаните од друга националност. Наспроти тоа во дпне се собраа најголемите немакедонци, се продаваше популизам, фолклор, религија, се заострија внатремакедонските односи, се урнисаа надворешните и без тоа лоши позиции, а на "малцинството" му се даде на глава да ни кења и да не уценува само заради мегакриминалот и корупцијата на поединци.