Дали може дипломиран правник да го полага испитов за сметководител, и колку години работен стаж треба да се има со 300 кредити.
Исто така каде можат да се најдат материјали за испитот?
Доколку знае некој да ми одговори на прашањава.... Благодарам
Со новиот закон условот за работно искуство е исфрлен, треба само полагање на низа испити. Ако си правник ќе можеш да добиеш ослободување на полагање на предметите од правна сфера со потврда од факултет.
Испити ќе има за следниве области
1) општа сметководствена теорија и основни сметководствени принципи,
2) законска рамка во врска со подготовката на годишни сметки и финансиски
извештаи и на консолидирани годишни сметки и финансиски извештаи,
3) меѓународни стандарди за финансиско известување,
4) финансиска анализа,
5) сметководство на трошоци и управувачко сметководство,
6) управување со ризик и внатрешна контрола,
7) професионална етика и независност,
8) право на трговски друштва и корпоративно управување,
9) стечајни и слични правни постапки,
10) трудово право,
11) даночен систем,
12) граѓанско право и деловно право,
13) информатичка технологија и компјутерски системи и
14) основните принципи на финансиски менаџмент и управување на трговски
друштва.