Паста за заби

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip89
  • Време на започнување Време на започнување
Ја имате користено оваа?

Јок, комерцијала, пише има водород пероксид, пошто нели он избелува. Сигурно чини 200+ денари, а водород пероксид можеш да купиш за 40 денари.

Ако сакаш побели заби направи вака:
Измиј ги забите со било каква паста, темелно. После земи во аптека хидроген (водород пероксид) 3% раствор и 1 шприц од 10 mL, земи од хидрогенот 5 mL и разреди го до 10 mL со вода (чешмовача) и така прсни си у уста и мучкај малку.

Хидрогенот пени, но вака разреден 1,5 % воопшто не е штетен, така можеш секој втор или 3 ден да ја повториш постапката.

Инаку за да видиш дали убаво ги четкаш забите можеш со метиленско сино на чепкалче за уши да ги премачкаш забите, онаму каде што ќе останат темно сини/сини флеки значи дека не се убаво исчеткани забите.
 
А нема да ми ги раздразни? Имам ептен осетливи непца, ја имам четката од лакалут таа со меките влакна, и пак ми течи крв на секое миење. Ја користев таа парадонтакс ама многу гадно мириса, не дека неможам да ја користам, али го нема онај свеж мирис, оној од ментол.
 
Па у принцип таа парадонтакс е најдобра јас ја користам, пошто и јас имам таков проблем. Нема да ти ги разрани хидрогенот непцата, може да те пецне на местава каде што ти се разранети местава, но тоа не е ништо страшно.
Хидрогенот напротив би требало да помогне, плус не ставаш 3% туку 1,5%. Пробај ќе видиш, јас го користам и немам никаков проблем.
И докторот ми кажа не е некој проблем, некој има осетлива кожа, некој осетливи непца. Важно е да се исклучи почеток на парадентоза.
 
A со забен камен има проблем?
 
А нема да ми ги раздразни? Имам ептен осетливи непца, ја имам четката од лакалут таа со меките влакна, и пак ми течи крв на секое миење. Ја користев таа парадонтакс ама многу гадно мириса, не дека неможам да ја користам, али го нема онај свеж мирис, оној од ментол.
Ако постојано ти крварат непцата и покрај сите твои обиди (менување паста, четка и сл) треба да размислиш за начинот на четкање на забите. Многу од луѓето мислат дека ако четкаат со голем притисок на забите подобро ќе ги измијат, се лажат. На тој начин ја оштетуваат забната глеѓ и непцата крварат. Но, ако и ова не е причината за твоето крварење од непца тогаш најдобро е да посетиш стоматолог да се утврди причината, тоа може да биде нешто што само со четкање нема да го решиш (забен камен, кариозни заби, лошо поставени пломби, лошо изработени навлаки и сл.).
--- надополнето: 7 септември 2013 во 11:26 ---
Јок, комерцијала, пише има водород пероксид, пошто нели он избелува. Сигурно чини 200+ денари, а водород пероксид можеш да купиш за 40 денари.

Ако сакаш побели заби направи вака:
Измиј ги забите со било каква паста, темелно. После земи во аптека хидроген (водород пероксид) 3% раствор и 1 шприц од 10 mL, земи од хидрогенот 5 mL и разреди го до 10 mL со вода (чешмовача) и така прсни си у уста и мучкај малку.

Хидрогенот пени, но вака разреден 1,5 % воопшто не е штетен, така можеш секој втор или 3 ден да ја повториш постапката.

Инаку за да видиш дали убаво ги четкаш забите можеш со метиленско сино на чепкалче за уши да ги премачкаш забите, онаму каде што ќе останат темно сини/сини флеки значи дека не се убаво исчеткани забите.

И 3% хидроген не е штетен. Насекаде во стоматологијата се користи 3% хидроген за испирање на устата, за дезинфекција на коренски канали, за испирање на рани во усната празнина, за чистење на забите. Нема потреба од разредување. Важно е хидрогенот да не се користи долг период, препорачано е 1 месец користење, а потоа пауза да се прави на подолг период. Исто така кој сака може да проба 0,2% раствор хлорхексидин, во времетрање од 2 недели, не повеќе.
 
Kористам секогаш различна паста од Colgate но најчесто гледам да е некоја или од тие сините со бели внатре зрнца што има или некоја за белеење најнова што купив е Еxpert white
clgmeww_ktps10_02__3.jpg

Во неделата во Веро имаше промоција и со пастата ми дадоа четка на вибрации гратис. Ваква е слично само што мојата е сина
ProductShot_MicroSonic_TB.jpg

Четката е добра, али ипак мора и да четкаш со малку повеќе притисок (сепак не до толку јако па да ти крварат непцата) за да го осетиш ефектот на вибрирањето.
 
Jas ja koristam Weleda, organska e, na baza na sol. Moze da se najde vo Bugarija i cini okolu 6-7 evra.
Inaku, koj saka vakov tip pasti, mozete da najdete vo DM, tamu vidov imaat nekoi na baza na aloe vera, i se okolu 200 i nesto den.
 
Attachments

  • 4074-weleda-pasta-dentifrica-salina-75-ml-2_1_g.jpg
    4074-weleda-pasta-dentifrica-salina-75-ml-2_1_g.jpg
    9,7 KB · Прегледи: 9
Се преродив со пастава! Вистински квалитет, првиот пат кога се измив и сватив и за прв пат осетив вистинска паста, + ставам по едно зрно од леплебија. Фантастико!
lrmicrosilverpluszahnpflege-set.jpg
 
Kористам секогаш различна паста од Colgate но најчесто гледам да е некоја или од тие сините со бели внатре зрнца што има или некоја за белеење најнова што купив е Еxpert white
clgmeww_ktps10_02__3.jpg

Во неделата во Веро имаше промоција и со пастата ми дадоа четка на вибрации гратис. Ваква е слично само што мојата е сина
ProductShot_MicroSonic_TB.jpg

Четката е добра, али ипак мора и да четкаш со малку повеќе притисок (сепак не до толку јако па да ти крварат непцата) за да го осетиш ефектот на вибрирањето.
Дали од пастава ти се избелија навистина забите или врска нема со белеење?:)
 
Дека нешто претерано ми се обелене не нити нешто претерано очекувам чисто бели да ми станат забите. Јас ги мијам/ четкам со паста забите само насабајле, реткост е да ги измијам после ручек или навечер пред спиење едноставно мрзата си го прави своето.
 
Само сензодин никако. Кој ѓавол ме тераше да ја купам, парадонтаксот таман ми се погоди, ја видов оваа на попуст и...
Катастрофа, ме пече ненормално, ми гори во уста, јазикот ми е спржен начисто и на изглед ми е распартален, а на вкус да не зборам, ѕвезди бројам. Гингивитисот таман ми беше повлечен, презадоволна бев, со пастава ме поврати на почетокот, устата ми ја суши. Nevermore! :nesumjas:
 
Можеш да пробаш и повремено плакнење со каранфил. Мене многу ми ги смирува непцата. Исто си имам подготвено и паста од кокосово масло и куркума. Одвеме навреме е добро да се исчисти со тоа устата бидејќи куркумата како што читам исто смирува а маслото полесно навлегува помеѓу забите. Мене искрено ми помага. Ама најмногу парадонтаксот си мека четка. Веќе година ја користам и скроз ми е намалено крварењето.
 
Од парадонтаксот јас сум презадоволна. Крварењето прекина, непцата ми ги стабилизира, ми ги зацврсти ептен. Малку ми требаше време дур да се привикнам на вкусот, дека е необичен, ама во споредба со придобивките што ги имав од таа паста, вкусот не е ни битен. Само што си купив пак од нејзе. Тоа сензодинот ми иде преку прозор да го фрлам и да го згазам со камион. :ROFLMAO:
Баш и аптекарката ми рече да си ја плакнам устата со раствори, па ќе пробам, фала ти. :X3:
 
Одвратна е парадонтакс :D

Јас па само сензодин веќе 2-3 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom