Заедно под едно сонце, 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ
8 септември 2011
Што ќе остане од Македонија - Гоце Арнаудов
Светот крај нас ни спрема, ама нас да нè снема
знајте, господа, нема никогаш!
Дури ѕвезди се палат, храбри синој се раѓаат,
ти ќе постоиш, Македонијо!
Ако уште ми те делат, ако уште ми те грабаат,
што ќе остане? Дали клетва била јака,
да е вечна таа мака, земјо, кажи ми.
Ако уште ми делат, ако уште ми те грабаат,
што ќе остане? Ако мирот не се врати,
некој мора сè да плати, Македонијо!
Душман Eгеј го зема и во Пирин нè нема
веќе никаде од огништата
Боже, мора ли вака, знаеш, земја се сака
исто како и чедото.
Ако уште ми те делат, ако уште ми те грабаат,
што ќе остане? Дали клетва била јака,
да е вечна таа мака, земјо, кажи ми.
Ако уште ми делат, ако уште ми те грабаат,
што ќе остане? Ако мирот не се врати,
некој мора сè да плати, Македонијо!
Гледам ѕверој што вијат, стари камбани бијат,
не те даваме, Македонијо!
Дури ѕвезди се палат, храбри синој се раѓаат
ти ќе постоиш, Македонијо!
Македонијо!