Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    179
Секаде во светот се крштеваат деца освен во некој племиња а тоа е повеќе обичај и традиција него за вера и нација и со години е така и ако родителите се христијани логично е и детето да е и ако родителите веруваат во Господ логично е и детето да верува,зашто да не верува??[DOUBLEPOST=1486332192][/DOUBLEPOST]
Тоа е друго што муслиманиве сакаат сите ние да бидеме муслимани,такви се они,сакаат цела земја да е нивна
Па и христијаните сакат цела земја да е нивна, за време на крстоносните војни ги уништија народите на америчкиот континент и присилно му наметнувале христијанство како религија.
Словените т.е твоите предци не биле христијани претходно, си имале свои богови и верувале во свои богови, исто и ако се сметаш за наследник на Ацета и тој народ немал христијанска религија.
 
Логично е секој сам да одлучи во што ќе верува! Јас сум Телемит, моите појма немале што е Телема! Ако ја следиме твојата логика, тогаш логично е луѓето да бидат програмирани роботи, копии на своите родители! Тоа е лудост и глупост!
Па 21 век сме,многу има делби,нови вери,нови богови а порано се знаело,порано поубаво се живеело[DOUBLEPOST=1486334713][/DOUBLEPOST]
Не верувам ни самата дека ќе разбереш што напиша. Колку те разбирам велиш дека, Тие што не веруваат ги сметаш за назадни? Или лошо те разбрав? Ако така мислиш за мене ти си нечовек. Смени си религија, не е христијанство за тебе.

А што е доброто? Лошото ти го кажавме. Оставете ги децата сами да си одлучат на 18+ години.
Касно е тогаш зашто толку да се чека,треба какви родители такво дете,мислиш родителите прават лошо со тоа што го кршеваат детето[DOUBLEPOST=1486334810][/DOUBLEPOST]
Ете за мене не е убава! И не само за мене! Но не е тоа поентата! Повеќе пати ти кажав што е погрешното - Тоа што не се остава на поединецот сам да одлучи, туку од најрана возраст му се наметнува во што да верува, што да мисли, со што да се идентификува! Тоа е карактеристика на робови, на луѓе без свое јас! Луѓе што не се способни да разберат дека ако нешто нив им е убаво незначи дека истото на сите треба или мора да им биде убаво! Таквите не застануваат само на крштевање, таквите си ги форсираат децата да се претворат во некоја нивна замисла за успешен човек, форсирајќи ги да учат на факултети што не ги сакаат и да работат во професии каде не се пронаоѓаат! И на крај создаваат ,,успешни" доктори, правници, економисти што ќе бидат несреќни цел живот.
А зашто да не се наметнува?? Лошо ли е да го носат во црква,лошо ли е да го воспитаат на христијански начин[DOUBLEPOST=1486334897][/DOUBLEPOST]Порано немале многу делби,порано поубаво се живеело ама сега има модерни делби дека сме 21 век
 
Последно уредено:
Во уставот нема конкретна забрана ни за гасни комори па тоа незначи дека се индиректно дозволени. Во Македонија е на пример забрането да се користат деца во политика и политички кампањи од истите причини што ги нагласив погоре, религијата не е ништо поразлична.

Точно, но во Македонија нема ниту смртна казна, па затоа индиректно се забранети и гасните комори, а ако некој приватно убива луѓе во гасни комори, за тоа треба да биде казнет со закон.

Ма да со оваа големава гасна комора во која живееме со години наречена Скопје, не знам дали воопшто ќе дочекаме виновниците да бидат казнети со закон.

Ете за мене не е убава! И не само за мене! Но не е тоа поентата! Повеќе пати ти кажав што е погрешното - Тоа што не се остава на поединецот сам да одлучи, туку од најрана возраст му се наметнува во што да верува, што да мисли, со што да се идентификува! Тоа е карактеристика на робови, на луѓе без свое јас! Луѓе што не се способни да разберат дека ако нешто нив им е убаво незначи дека истото на сите треба или мора да им биде убаво! Таквите не застануваат само на крштевање, таквите си ги форсираат децата да се претворат во некоја нивна замисла за успешен човек, форсирајќи ги да учат на факултети што не ги сакаат и да работат во професии каде не се пронаоѓаат! И на крај создаваат ,,успешни" доктори, правници, економисти што ќе бидат несреќни цел живот.

Е па на мене не ми се допаѓаат ни македонските традиции и обичаи на играње оро и гласна музика. Затоа не одам во диско и не одам на прослави за венчавки и крштевки, присуствувам на венчавките и на крштевките, но прославите ги избегнувам.

Но тоа што јас не ги практикувам таквите начини на прославување, не значи дека можам и тебе да те натерам да не ги практикуваш или било кој друг да натерам да не ги практикува таквите традиции и обичаи.

Старите навики тешко умираат, ако почнеме да ги заменуваме со нови навики, со тек на време ќе изумрат, но сепак бавно, односно нема да изумрат преку ноќ.

Истото важи и за религијата. Во Советскиот Сојуз ги обезглавувале свештениците и ги рушеле црквите, но денес Советскиот Сојуз е дел од историјата на минатото, додека обезглавените свештеници денес се наследени од други свештеници, а разрушените цркви и манастири денес се наследени или од нови цркви и манастири, или од возобновени цркви и манастири.

Имаш право да не се согласуваш со луѓето, и секако дека имаш право на поинакво лично мислење, но тоа не значи дека остатокот од луѓето ќе го следи твојот пример.

Инаку, децата немаат свое јас бидејќи не знаат ни како се викаат, а камо ли па што е тоа крштевање/факултет/доктор/правник/економист, или успех.

Има и други работи на кои ги учат децата, а кои не се дозволени согласно со Уставот, но не се ниту забранети - како на пример спортот, кој може да доведе до трајни повреди кај децата, бидејќи родителите ги учеле дека клучот за успехот лежи во фудбалот или во кошарката или во атлетиката или во некој друг спорт кој може да резултира со трајни последици.

Исто така има и деца кои се изложени на нездрави навики кои за нив се забранети со закон, но сепак тоа не ги спречува нивните родители/старатели да ги применуваат таквите навики пред децата, како што се пушењето и консумирањето алкохол.

И на крајот се враќаме на заклучокот дека карактерот на човекот зависи од домашното воспитување и од околината во која човекот е израснат, а не од крштевката или од обрезувањето.

Христијанството не повикува ниту на омраза ниту на насилство, и дефинитивно не повикува на одмазда, но за жал тоа не спречува одредени индивидуи поинаку да го толкуваат Новиот Завет и да ги учат децата на нивниот личен начин на толкување на Новиот Завет.

Карактерот на човекот зависи од домашното воспитување и од околината во која човекот е израснат.

Па и христијаните сакат цела земја да е нивна, за време на крстоносните војни ги уништија народите на америчкиот континент и присилно му наметнувале христијанство како религија.
Словените т.е твоите предци не биле христијани претходно, си имале свои богови и верувале во свои богови, исто и ако се сметаш за наследник на Ацета и тој народ немал христијанска религија.

Последната крстоносна војна се одвиваше во 15-от век - истиот век кога Константинопол падна во рацете на турците османлии и кога започна 5 вековното прогонување и истребување на христијанските народи на Балканот, а во последната деценија на истиот век, Кристофер Колумбо го откри новиот свет, односно Америка.

Последната инквизиција беше укината во 19-от век, прво после Наполеоновите војни во втората деценија на 19-от век, а подоцна и со унификацијата на Италија и распаѓањето на папските држави во втората половина на 19-от век, поточно во 1870 година.

Христијанските народи речиси 150 години - заклучно со 2020 година - живеат во секуларни држави кои воопшто не се стремат кон освојување на светот или нови крстоносни војни. Исклучок е Ватикан, кој и понатаму е папска држава, но сепак воопшто не ги повикува христијаните на освојување на светот или на нови крстоносни војни.

Муслиманите од друга страна, од 7-от век, па се до денешен ден живеат претежно во теократски држави и до денешен ден се колнат во Мека и во денот кога ќе ги истераат Евреите во морето, а потоа и останатите неверници. За разлика од христијанските цркви, кои воопшто не повикуваат на истребување на неверниците, исламот повикува на присилно преминување на неверниците во ислам, или нивно погубување. Ако ти требаат докази, само спореди ги последните терористички напади извршени од страна на муслимански фундаменталисти и спореди ги со последните терористички напади извршени од страна на христијански фундаменталисти.
 
Последно уредено:
Па 21 век сме,многу има делби,нови вери,нови богови а порано се знаело,порано поубаво се живеело
Која глупост човече! Порано поубаво било, пушти мозок на пасење, верувај во тоа што ќе ти кажат, прави тоа што ќе ти кажат и решен проблем, лепота! :tapp:
А зашто да не се наметнува?? Лошо ли е да го носат во црква,лошо ли е да го воспитаат на христијански начин[DOUBLEPOST=1486334897][/DOUBLEPOST]Порано немале многу делби,порано поубаво се живеело ама сега има модерни делби дека сме 21 век
Како може да биде поубаво друг да ти кажува во што да веруваш, со што да се идентификуваш, како да живееш? Ти нормална ли си?
Слободата да мислиш, одлучуваш и живееш поинаку од другите не е делба туку можност секој да биде свој и уникатен! Земјите и општествата што живеат спротивно на тоа се тоталитаристички и фундаменталистички, пример за такви општества се северна кореја, исламска држава и слични на нив! Ако тоа за тебе е подобро, тогаш некој сериозно ти го испрал мозокот!
 
Не се заморувај.
Истата личност, @Incule, ја има и на ЦрноБело форумот... исти муабети... „православна“ како и 90% од луѓето... што сепак и не е лошо.

Некои личности духовниот развој го сведуваат „не се заморувам“, „традицијата“, „како правеле моите така е“ и нема што да се заморуваш со такви... :)
Несериозно со луѓе за кои овие работи им се несериозни :)
 
Е па на мене не ми се допаѓаат ни македонските традиции и обичаи на играње оро и гласна музика. Затоа не одам во диско и не одам на прослави за венчавки и крштевки, присуствувам на венчавките и на крштевките, но прославите ги избегнувам.

Но тоа што јас не ги практикувам таквите начини на прославување, не значи дека можам и тебе да те натерам да не ги практикуваш или било кој друг да натерам да не ги практикува таквите традиции и обичаи.
Па јас што зборам цело време? Неможеш да натераш никого да сака или да живее на начин што тебе ти изгледа убав или соодветен, па дури и тој некој да е твое родено дете! И токму затоа изборот треба да биде личен, да се воспитуваат генерации што се способни да мислат со своја глава, да ги следат своите соништа а не да бидат инструмент на идеологии, цели и интереси што не се нивни туку ги ,,наследиле" затоа што така било подобро....
 
Единствен начин за дете да не биде опкружено со нечии лични убедувања, е ако самото се израсне себеси, а во такви околности нема да научи ништо за животот.

За среќа, повеќето традиции и обичаи со кои децата израснуваат - барем во Македонија - не се ниту смртоносни, ниту штетни по долгорочниот физички и психички развој на децата и на младите.
 
Секој малолетник додека живее со родителите и е зависен од нив, се наоѓа во веќе организирана средина, каде моралните норми, обичаите, религијата, ги диктираат родителите.
Родителите се оние кои одлучуваат дали и каде ќе го крстат своето дете.

Откако детето ќе стане полнолетно и самостојно, може да одлучува за начинот, вредностите, религијата според кои ќе си го организира животот.
Ако сака може да си ја смени и верата.

Зошто едно малолетно дете би сакало да има различна вера и обичаи од родителите? Каде води тоа?
 
Да ме фатиле,се правев како ништо да не се случило

А зашто да не се наметнува?? Лошо ли е да го носат во црква,лошо ли е да го воспитаат на христијански начин

Тебе христијански те воспитале да мастурбираш? Знаеш дека ќе гориш во пеколот за тоа?
 
Припадност на религија е лична работа. Не знам како може дете со неполна година да знае кај сака да припаѓа?
Сенешто е лична работа. Лична работа е дали сакам да седам на тераса или внатре. Дали ќе јадам или не. Дали ќе испијам киселина или млеко.
Се сложувам, детето со неполна година не може тие одлуки само да ги носи. Затоа родителот е должен да избере што е најдобро за него.
 
Тебе христијански те воспитале да мастурбираш? Знаеш дека ќе гориш во пеколот за тоа?
Тоа не е грев[DOUBLEPOST=1486382728][/DOUBLEPOST]
Која глупост човече! Порано поубаво било, пушти мозок на пасење, верувај во тоа што ќе ти кажат, прави тоа што ќе ти кажат и решен проблем, лепота! :tapp:

Како може да биде поубаво друг да ти кажува во што да веруваш, со што да се идентификуваш, како да живееш? Ти нормална ли си?
Слободата да мислиш, одлучуваш и живееш поинаку од другите не е делба туку можност секој да биде свој и уникатен! Земјите и општествата што живеат спротивно на тоа се тоталитаристички и фундаменталистички, пример за такви општества се северна кореја, исламска држава и слични на нив! Ако тоа за тебе е подобро, тогаш некој сериозно ти го испрал мозокот!
Многу делби има многу ич не ми се свиѓа што некои делби се измислени порано се знаело
 
Многу делби има многу ич не ми се свиѓа што некои делби се измислени порано се знаело
Го грамофонска плоча си... џабе човек да разговара со тебе, не допира ништо. Ко со ѕид да зборам.[DOUBLEPOST=1486385519][/DOUBLEPOST]
Единствен начин за дете да не биде опкружено со нечии лични убедувања, е ако самото се израсне себеси, а во такви околности нема да научи ништо за животот.

За среќа, повеќето традиции и обичаи со кои децата израснуваат - барем во Македонија - не се ниту смртоносни, ниту штетни по долгорочниот физички и психички развој на децата и на младите.
Не е точно. Ете јас сум израснат во Македонија, па тоа не било причина да наследам традиција, религија или верување од родителите.
 
Не е точно. Ете јас сум израснат во Македонија, па тоа не било причина да наследам традиција, религија или верување од родителите.

Па и јас сум израснат во Македонија, ги имам наследено традициите и обичаите од моите родители, па сепак не ги применувам во мојот живот.

Тоа значи дека јас и ти сме исклучоци кои го докажуваат правилото кое веќе го спомнав - дека сите деца се израснати со туѓи верувања, туѓи традиции и туѓи обичаи.

Исклучоците како мене и тебе - кои ги ставаме под знак прашалник туѓите верувања, традиции и обичаи со кои сме израснати - сепак сме малцинство и во Македонија и низ светот.

Мнозинството и понатаму се луѓето кои ги пренесуваат на наредната генерација истите верувања, традиции и обичаи со кои се израснати.
 
Последно уредено:
Па јас што зборам цело време? Неможеш да натераш никого да сака или да живее на начин што тебе ти изгледа убав или соодветен, па дури и тој некој да е твое родено дете! И токму затоа изборот треба да биде личен, да се воспитуваат генерации што се способни да мислат со своја глава, да ги следат своите соништа а не да бидат инструмент на идеологии, цели и интереси што не се нивни туку ги ,,наследиле" затоа што така било подобро....
Kako ќе се овозможи тоа? Еве утре се раѓа некое дете и на кој начин ке се израсне без никакво влијание или наметнување? секој човек сам по себе си е некаква идеологија кој и да го одгледа и научи ќе има влијание врз него, един начин моќеби е да го одгледат дронови и да не биде во присусво на луѓе додека не созрее, ама па тоа дете после нема има човечко исобини.[DOUBLEPOST=1486393486][/DOUBLEPOST]
Шо се забиш у право е, дај да видиме каде госпот рекол дека не семее да се мастурбира
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom