Тоа се делови од непишана демократска пракса која се подразбира секаде во светот каде не владеела мафија претходно и не ги искорумпирала сите државни институции и тела. По оваа логика, фикусот може да го дискриминира Заев дека не е доволно висок за да состави влада или нешто такво банално. Суштината е дека иако кај нас не било често таков случај, секогаш е можно повеќе помали партии да влегуваат во собрание и тогаш овие игри околу формирање влада се комплицираат т.е постојат нагодувања и условувања меѓу нив. Претходните години имаше случаи кога српските радикали имаа најмногу пратеници, ама никој неќеше да формира влада со нив и поштено си беа опозиција. Таков е и овде случајот, затоа што суштински сите што не гласаа за дпне на изборите на 11 декември гласаа против нив и по тој, а и по други основи треба да си седнат у опозиција и тоа е природно. Да, мафтате дека 450 илјади ве гласале, ама милион и кусур би ве распнале на плоштад, така да - Nма разлика.