Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ипси, не треба да те вреѓа тоа што дадов споредба дека телема функционира фашистички, сите се првин луѓе ,а после тоа што одбрале да следат.За жал во поголем дел од случаите луѓето одбираат да бидат тоа што избрале околку да бидат човек, па секоја упатена критика кон филозофијата ја чуствуаат како лична навреда.
Спордбата ја кажав така бидејќи на времето постоеше една тајна организација која практикуваше езотерија фаворизирајќи една раса како единствени наследници на земјата,а сите други нивни робови или не треба да постојат,која подоцна прерасна во политичка партија на чело со Хитлер,натака знаеш што се случувало.

Голема сличност има во телема да си ја препише иднината како нејзина,а се останато е џган и ѓубре на стариот еон.И што е најинтересно нејзините следбеници се толку заслепени од својата улога на единка бог, што не приметуваат ништо од тоа.
Еве како пример вашата колетивна свест ќе ја сведам на поединец.
Мене ми припаѓа "престолот" на времето, јас го сум крајот на старото и почетокот и почетокот на новото,секој што сака да живее нека излезе од стариот еон(тука спаѓа и телема).Можеш да излезеш? Да бидеш само човек, а не телемит,христијанин,муслиман таоист, будист итн.Изборот е твој!
Звучи лудо нели?

п.с.Сега имате конкурен за "престолот" ,новиот еон не и припаѓа на телема туку мене ми припаѓа!:P:D
Упорно го игнорираш тоа што ти го кажувам и повторуваш едно исто како расипана грамофонска плоча.
Надвор од сиот памет е да правиш било каква споредба со Телемата и нацизмот на Хитлер! Велиш - За Телемата се останато било ,,џган" и таа си ја припишувала иднината?! Кое е тоа ,,се останато"? Јасно ти нагласив дека поентата на Телемата е човекот сам да открие што е и која е неговата волја - суштина и да живее според неа!
Ако некому е драго да живее во стариот еон, кој му го брани тоа?! Се додека не ги ,,влече" другите да мора да живеат како него, никој не му брани ништо!
Единствен начин да бидеш ,,конкурент" е да наметнуваш исти догми, правила и норми на однесување за сите луѓе! На целото човештво.
Тоа ли ти е намерата @alf ? Само тогаш можеш да кажеш дека имаш концепт или намера што е ,,конкуренција" т.е. противник на Телемата. Ако си ок со тоа луѓето околу тебе да бидат различни од тебе, ако не ги судиш според тоа со кого или како имале секс, што облекувале, во што верувале и слично, ако не плукаш по нивниот начин на живот само затоа што не е како твојот, тогаш си дел од новиот еон и делиш Телемитски вредности.
И твоето прашање држи вода, што е просветлување.Го снема прашањето од темата,а одговор не дадоа.
Треба да одговорат, за какво просветлување станува збор во телема, ако истото не коренсподира,
според нив со староеонските догми и филозофии.
Па кажано е безброј пати! Себеспознавањето е просветлувањето! Спознавањето на битието - Душата. Патот навнатре, каде треба да се асимилираат сите аспекти на дуалноста - ,,Венчавката" со ,,највисокото" и ,,најниското".

Прашувате, а го игнорирате одговорот! Не дискутирате за да дознаете туку да спорите и негирате! Чудна сорта сте.....
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Упорно го игнорираш тоа што ти го кажувам и повторуваш едно исто како расипана грамофонска плоча.
Надвор од сиот памет е да правиш било каква споредба со Телемата и нацизмот на Хитлер! Велиш - За Телемата се останато било ,,џган" и таа си ја припишувала иднината?! Кое е тоа ,,се останато"? Јасно ти нагласив дека поентата на Телемата е човекот сам да открие што е и која е неговата волја - суштина и да живее според неа!
Ако некому е драго да живее во стариот еон, кој му го брани тоа?! Се додека не ги ,,влече" другите да мора да живеат како него, никој не му брани ништо!
Ама во ред е тоа што го практикувате самите на себе, никој не ви оспорува да го правите истото, проблемот е што начинот на осознавање и принципите кои ги практикува телема ги ставате во некое идно време, како низбежа промена кое следи за човештвото, тоа е она за кое дискутираме.
Единствен начин да бидеш ,,конкурент" е да наметнуваш исти догми, правила и норми на однесување за сите луѓе! На целото човештво.
Тоа ли ти е намерата @alf ? Само тогаш можеш да кажеш дека имаш концепт или намера што е ,,конкуренција" т.е. противник на Телемата. Ако си ок со тоа луѓето околу тебе да бидат различни од тебе, ако не ги судиш според тоа со кого или како имале секс, што облекувале, во што верувале и слично, ако не плукаш по нивниот начин на живот само затоа што не е како твојот, тогаш си дел од новиот еон и делиш Телемитски вредности......
Какви догми , какви правила Ипси,што збориш?
Токму спротивното го читам тука од вас, од една страна зборувате за човечност,а од друга плукате на се што е од некој стар еон, било догми или филозофии.Целокупната духовност телема ја присвојува како единствен филтер преку која доаѓа човекот.Па дај молимте прочитај ги темите , погледни на кометарите од вас, на секоја провокација враќате со вие од таму ,ние од ваму. И пак ќе кажам,кога сакате умеете да постирате текстови кои водат до некаква човечност, но во пракса "војувате" за се што е поразлично.
За каква идна човечност зборувате, како поединец тоа е приказната во телема?
Па како може поединец да осознава човечност ако за се околу себе се однесува нечовечно (во духовна смисла), односно "живее" во некој замилен нов еон каде нема место за никој друг?Самиот концепт на поделено време, каде има некоја си напредна духовност и од друга страна заостаната и затуцана раја од стариот еон која верува во веќе застарени богови е мизерен чин на себе осознавање.

Па кажано е безброј пати! Себеспознавањето е просветлувањето! Спознавањето на битието - Душата. Патот навнатре, каде треба да се асимилираат сите аспекти на дуалноста - ,,Венчавката" со ,,највисокото" и ,,најниското".

Прашувате, а го игнорирате одговорот! Не дискутирате за да дознаете туку да спорите и негирате! Чудна сорта сте.....
На зборови да, тоа е просветлување, но како што постои инвитро за вештачко оплодување , така е и принципот на себеосознавање преку ритуали.Природниот пат до духовноста опиши го,а не вештачкиот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ама во ред е тоа што го практикувате самите на себе, никој не ви оспорува да го правите истото, проблемот е што начинот на осознавање и принципите кои ги практикува телема ги ставате во некое идно време, како низбежа промена кое следи за човештвото, тоа е она за кое дискутираме.
Се вртиме во круг. Пак истото. Не е никакво идно време, тие промени се очигледни! Треба само обична споредба да направи човек, што од Luber Oz било реалност пред 1904-та, а што е денес! Толку.
Какви догми , какви правила Ипси,што збориш?
Токму спротивното го читам тука од вас, од една страна зборувате за човечност,а од друга плукате на се што е од некој стар еон, било догми или филозофии.Целокупната духовност телема ја присвојува како единствен филтер преку која доаѓа човекот.Па дај молимте прочитај ги темите , погледни на кометарите од вас, на секоја провокација враќате со вие од таму ,ние од ваму. И пак ќе кажам,кога сакате умеете да постирате текстови кои водат до некаква човечност, но во пракса "војувате" за се што е поразлично.
За каква идна човечност зборувате, како поединец тоа е приказната во телема?
Па како може поединец да осознава човечност ако за се околу себе се однесува нечовечно (во духовна смисла), односно "живее" во некој замилен нов еон каде нема место за никој друг?Самиот концепт на поделено време, каде има некоја си напредна духовност и од друга страна заостаната и затуцана раја од стариот еон која верува во веќе застарени богови е мизерен чин на себе осознавање.
Веќе ти кажав, мојот однос кон соговорникот зависи од самиот соговорник. Ако некој нема почит кон мене, се обидува да ме прикаже во најлошо можно светло, ме клевети, шири лаги итн, итн, тогаш неможе да очекуваш почит од моја страна во таа комуникација! Упорно на погрешна адреса ги упатуваш критиките. Телемата е кристално јасна - Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Откриј ја твојата волја и живеј според неа! Каде гледаш овде плукање?! Никаде не ти кажува што смее а што не смее да биде твоја волја! Никаде немаш етикетирање на ,,лоша" или ,,добра" волја! Тоа што за мене може да биде лошо, за некој друг може да биде вистинскиот начин! Зборот на гревот е Ограничување! Зошто упорно се обидуваш да прикажеш искривена слика?! Јас не ,,војувам" против ничие право да верува или живее како што му одговара! Туку против подлоста и лицемерието на поединци и групи чија цел е да го оцрнат се она што не се согласува со нивните догми! Како може да не го гледаш тоа?! На Телемата не и треба страшило за да опстане, но постојано се прикажува како страшило од оние бедници на кои истото им е неопходно бидејќи ,,духовноста" им се темели на страв, на паника. Како треба јас да се однесувам според тебе за да бидам ,,човечен"?! Да ги премолчувам лагите и клеветите? Да ги затворам очите пред обидите некој да ме прикаже како ,,неморален", зол, опасен? Тоа ли е потребно за според тебе да бидам ,,човечен"?
На зборови да, тоа е просветлување, но како што постои инвитро за вештачко оплодување , така е и принципот на себеосознавање преку ритуали.Природниот пат до духовноста опиши го,а не вештачкиот.
Од каде знаеш ти што функционира најдобро за мене? Цело време солиш памет што требало што не требало, што било ,,природно" што не било. Си влегол во моја кожа? Знаеш што функционира а што не за мене?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Се вртиме во круг. Пак истото. Не е никакво идно време, тие промени се очигледни! Треба само обична споредба да направи човек, што од Luber Oz било реалност пред 1904-та, а што е денес! Толку.
Добро моја грешка, оној нов еон што го спомнувате често, не било идно време туку сегашно опфатено со старото во кои општествените промени со кои се прифаќа духовна и телесна промена се дела што произлегле од човечкиот развиток во некое постоење кое секој може да си го нарекува кој како сака,бидејќи небитно е како се именува , важно се менува! А секој што се држи за старите работи неприфаќајќи ги промените ќе си умре како роб!:confused:

Веќе ти кажав, мојот однос кон соговорникот зависи од самиот соговорник. Ако некој нема почит кон мене, се обидува да ме прикаже во најлошо можно светло, ме клевети, шири лаги итн, итн, тогаш неможе да очекуваш почит од моја страна во таа комуникација! Упорно на погрешна адреса ги упатуваш критиките. Телемата е кристално јасна - Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Откриј ја твојата волја и живеј според неа! Каде гледаш овде плукање?! Никаде не ти кажува што смее а што не смее да биде твоја волја! Никаде немаш етикетирање на ,,лоша" или ,,добра" волја! Тоа што за мене може да биде лошо, за некој друг може да биде вистинскиот начин! Зборот на гревот е Ограничување! Зошто упорно се обидуваш да прикажеш искривена слика?! Јас не ,,војувам" против ничие право да верува или живее како што му одговара! Туку против подлоста и лицемерието на поединци и групи чија цел е да го оцрнат се она што не се согласува со нивните догми! Како може да не го гледаш тоа?! На Телемата не и треба страшило за да опстане, но постојано се прикажува како страшило од оние бедници на кои истото им е неопходно бидејќи ,,духовноста" им се темели на страв, на паника. Како треба јас да се однесувам според тебе за да бидам ,,човечен"?! Да ги премолчувам лагите и клеветите? Да ги затворам очите пред обидите некој да ме прикаже како ,,неморален", зол, опасен? Тоа ли е потребно за според тебе да бидам ,,човечен"?
Ипси, понекогаш треба да правиш разлика помеѓу филозофски правец и поединец кој ја следи истата.Никој нема ништо лично против тебе или Хепта и Спејс.
Утре може да излезе бил кој од филозофијата и овие зборови кој ти ги каракетизираш како навреда, воопшто да не го тангираат бидејќи повеќе не припаѓа на ото и не практикува телема.
Така ако веќе браните нечии ставови пробајте да не се чуствувате навредени, накрај - краева не сте вие кои ја донесовте филозофијата , туку само истата ја практикувате и со нас ја споделувате.(многу лошо барем до сега што ве читам- со голема нетрпеливост спрема останатите).
Значи, сепак војуваш спрема подлоста и лицемерноста! Тоа навистина е Човечка особина, но нели телема е себеосознавање, што осозна во себе за да постанеш "војник" против лицемерноста и подлоста.Тие/тоа ти го попречија патот во себеосознавањето?
Од каде знаеш ти што функционира најдобро за мене? Цело време солиш памет што требало што не требало, што било ,,природно" што не било. Си влегол во моја кожа? Знаеш што функционира а што не за мене?
Не ти посолив ништо, напротив те подржувам во патот кон сопственото самоосознавање, ма што и да преставувало тоа за тебе.;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Добро моја грешка, оној нов еон што го спомнувате често, не било идно време туку сегашно опфатено со старото во кои општествените промени со кои се прифаќа духовна и телесна промена се дела што произлегле од човечкиот развиток во некое постоење кое секој може да си го нарекува кој како сака,бидејќи небитно е како се именува , важно се менува! А секој што се држи за старите работи неприфаќајќи ги промените ќе си умре како роб!:confused:
Зошто сакаш бескрајно вртење во круг? Што не е јасно овде:
тие промени се очигледни! Треба само обична споредба да направи човек, што од Luber Oz било реалност пред 1904-та, а што е денес! Толку.
Ипси, понекогаш треба да правиш разлика помеѓу филозофски правец и поединец кој ја следи истата.Никој нема ништо лично против тебе или Хепта и Спејс.
Утре може да излезе бил кој од филозофијата и овие зборови кој ти ги каракетизираш како навреда, воопшто да не го тангираат бидејќи повеќе не припаѓа на ото и не практикува телема.
Така ако веќе браните нечии ставови пробајте да не се чуствувате навредени, накрај - краева не сте вие кои ја донесовте филозофијата , туку само истата ја практикувате и со нас ја споделувате.(многу лошо барем до сега што ве читам- со голема нетрпеливост спрема останатите).
Значи, сепак војуваш спрема подлоста и лицемерноста! Тоа навистина е Човечка особина, но нели телема е себеосознавање, што осозна во себе за да постанеш "војник" против лицемерноста и подлоста.Тие/тоа ти го попречија патот во себеосознавањето?
Во книгата на законот има еден стих што гласи:
,,Ако Волјата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Волјата застанува и не прави ништо.
Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост."
Ти ме знаеш 6 години, ме следиш на три форуми, еве ти кажи ми дали кога незнаев за Телема - во 2010-та, дали тогаш не бев ,,војник" против истото тоа лицемерие и подлост? Незнам зошто! Има нешто во мене што разгорува некаква страст за да го разобличам тоа лицемерие и таа подлост!
Многу пати сум ти нагласил дека во Телемата и нејзината симболика ги имам препознаено сопствените ставови, дека нејзината симболика за мене е најсоодветна за сознанијата што ги имам во врска со природата на реалноста и мојата улога во неа! Јас не ја користам Телемата како супститут за идентитет!
Што се однесува до мојот пат кон себеспознавањето, тоа е моја лична и интимна работа и немам намера да дискутирам за тоа.
Не ти посолив ништо, напротив те подржувам во патот кон сопственото самоосознавање, ма што и да преставувало тоа за тебе.;)
Ако е така, тогаш на чуден начин го покажуваш тоа.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Обрати внимание уште и на тоа дека оваа волја не само што треба да биде чиста т.е единствена како што е објаснето горе, туку и “неослабена од цел”. Мораме да се задржиме на оваа необична фраза. Таа може да значи дека волјата ја гуши која било цел; очигледно е дека волјата мора да биде ослободена од “страста за резултат”.

Но таа фраза може да се интерпретира и како “со неослабена цел”- т.е со неисцрпна енергија. Значи се работи за концепцијата на вечното движење, бескрајно и непроменливо. Тоа е Нирвана, само што е динамична, а не статична – што на крајот се сведува на истото.

Порака на Мајстор Терион
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
The impossibility of an actual democracy is due to this fact of mob-psychology. As soon as you group men, they lose their personalities. A parliament of the wisest and strongest men in the nation is liable to behave like a set of schoolboys, tearing up their desks and throwing their inkpots at each other. The only possibility of co-operation lies in discipline and autocracy, which men have sometimes established in the name of equal rights.”
― Aleister Crowley, Moonchild
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Денеска е зимска краткодневица, првиот ден од зимата. Еден од четирите солстици што се прославуваат од страна на Телемитите.
Малку инфо за овој битен период и неговото влијание и значење во религиите низ историјата:

From the time the ancients began to worship the sun as a physiological representation of the Giver of Life, they charted the annual movement of the sun relative to the earth. They observed that by the late fall the, days were getting shorter and the sun was sinking in the sky. To them the sun appeared to be dying. On December 21, when "the sun stood still," the ancients believed the sun had "died" and that darkness would overtake the earth.

The next three days, December 22, 23, and 24, the sun seemed to hang precariously still. The nights did not get any longer, but neither did the days. On December 25 the sun rose slightly earlier and ascended a little bit higher in the sky than the day before. Ah, the sun was born again! This re-birth of the sun on December 25 was celebrated as the re-birth of the Light of the World when the impending darkness enveloping the world had been overcome.

This yearly event of the death and re-birth of the Light of the World gave rise to the annual celebration of the Festival of the Winter Solstice. It was also called the Feast of Lights. This celebration was highlighted by communal bonfires, sacred fires in the temples and burning torches and candles for the homes, all in honor of the re-birth of the fiery sun, the timeless symbol of their Life Giver. Feasting, gift-giving and oftentimes excessive revelry became part of this celebration. Evergreen trees (pines and firs) were considered sacred, as they remained forever green throughout the year. A pine tree was cut down each year, carried to the temples and decorated with a star on top, for the ancients knew that a star was simply a nascent (newly born) sun.

Thus evolved the ancient religions of the Sun Gods. These "Sun" religions abound with legends of a Solar Man Ancient religious traditions teem with stories about the Hindu Sun God Krishna, the Egyptian Horus, the Greek Helios, the Persian Mithra, the Druidic Hesus, and the Nordic Yule. The birthday of these "Sun Gods" or "Solar Men" (whether they lived or not) was celebrated on December 25. They were often referred to as "The Light of the World" or "The Savior of the World" from darkness.

These "Solar Men", part divine and part human, were said to have been born of a virgin. On December 25, the constellation Virgo (the virgin) is at its peak ascendancy, i.e., the re-birth of the sun occurs under the influence of Virgo. When the constellation Virgo (the virgin) is in its ascendancy, it influences and causes the rise, the birth, of the sun. Certain Sun God celebrations included striking and dramatic scenes of a divine babe (the sun at its weakest or re-born) in a manger and a mother beside it. Communal rituals, such as midnight services on December 24, were celebrated in grottos, cave temples or virgin temples with blazes of candles and clouds of incense. In the morning, after praying all night, the people burst into rejoicing because the virgin "had given birth to the Eternal" (the Divine Child of the Sun). These motifs of the Sun God religions would eventually find their way into the Christian tradition.

Understanding the ancient and symbolic origins of Christmas does not denigrate nor diminish the traditional devotion to the birthday celebration of the Christ Child. Rather, it helps us to look beyond the literal acceptance of an event or celebration and see it in a larger context.

This sacred symbology of the sun represents each and every one of us — our spirit, our true Self, the God within, a "spark of light." We, of our very nature, made "in the image and likeness of God", are spirit — eternal, immortal, divine light! The entire Winter Solstice tradition, this festival of lights, is an annual celebration of the rebirth of the "light within" that is the very essence of our being. The tradition of gift-giving and camaraderie was born out of the desire to honor the "light" within our neighbors, friends, and loved ones. Everytime we see Christmas lights emblazoned on office buildings, in the windows and along the contours of houses or draped around trees and shrubbery, let us celebrate the re-birth of our own Divine Self, our own "light within." When we send "Christmas" or "Seasons Greetings" cards or wish someone "Merry Christmas" or "Happy Holidays", let us not forget the deeper meaning of our written and oral salutations. "Ye are the Light of the world..…let your light shine forth."

As we enter into the Yuletide or Christmas season, let us remember its ancient and symbolic origins — the celebration of the Winter Solstice, an annual celebration of the death and re-birth of the sun, the "Light of the World."

In the sacred and mystical symbolism of the timeless tradition of the Winter Solstice, the time to celebrate the annual re-birth of "the Christ within you" is now.
FB_IMG_1482313908247.jpg
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195

„Затоа бидете отмени: облекувајте се сите во убава облека; јадете богати јадења и пијте благи вина и вина што се пенат! Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја! Но секогаш за мене.“

--- Liber AL, I:51

„Ова е единствената точка која мора да се има на ум, дека секој акт мора да биде ритуал, акт на обожување, сакрамент.

Живејте како кралевите и принцевите, крунисани и некрунисани, на овој свет, како што одсекогаш живееле, како мајсторите отсекогаш живееле, но нека не биде тоа само себе-задоволување; направи го твоето себезадоволување твоја религија.

Кога пиеш и играш и се радуваш, ти не си „неморален“, ти не ја „ризикуваш својата бесмртна душа“; ти ги исполнуваш принципите на нашата света религија под единствен услов да ги гледаш своите акции преку ова светло. Не се понижувајте себе си и не ги уништувајте и не ги правете евтини вашите задоволства со напуштање на врвното задоволство, свесноста на Мирот кој што го надминува разбирањето. Не ја прегрнувајте простум Марија или Мелујзина; таа е Самата Нуит, посебно концентрирана и инкарнирана во човечка форма за да ти даде бесконечна љубов, да ти понуди вкус дури на земјата од Еликсирот на Бесмртноста.“

---
Законот на Слободата, Трактат на Τо Μέγα Θηρίον 666
Кој што е Магус 9° = 2□ A.’.A.’.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195

„Стотици мистици се затвораат себеси целосно и засекогаш.
Не само што нивната способност за производство на добра е загубена за општеството, туку исто така и нивната љубов и добра волја, и најлошо од сè, исто и нивниот пример и поука.
Христос, на врвот од својата кариера, наоѓал време да ги измие нозете на своите следбеници; секој Мајстор што не го прави ова на секој план е Црн Брат. Хиндусите не почитуваат човек што станал “санјаси” (слично на нашиот “пустиник”) додека верно не ги исполнил сите свои должности како човек и граѓанин.
Целибатот е неморален, и целибатот /од мрза/ одбегнува една од најголемите тешкотии на Патеката.

Чувајте се од оние кои ги избегнуваат нижите тешкотии; многу веројатно е дека тие ги избегнуваат и вишите.

--- Опасности од Мистицизмот
 
Потполно погрешно одјаснување од вашиот пророк, сакајќи да ги објасни двата правци.
Тоа што му е објаснето од некој адепт, не е исто што и да се изодат двата пата.
Да биде појасно за другите за кој патишта станува збор.
Постојат два пата\правци , едниот е искачување према бог (најдобар пример од текстовите е Исус), вториот е враќање ( примерот со Мојсе).Вашиот пророк во недостаток на искуство од двата пата, објаснети од некое духовно битие само за него познато , пробува да ги израмни тие два правци и што е најголема грешка ги обединува со еден пример ..цитирам: Христос, на врвот од својата кариера, наоѓал време да ги измие нозете на своите следбеници; секој Мајстор што не го прави ова на секој план е Црн Брат.
Оваа забелешка е поради непознавање на вториот пат, како би било Мојсе да му ги измиеше нозете на фараонот покажувајќи му како треба да постапува со оние кој ги камшикува?

Според логиката на пророкот , Мојсе е Црн брат, а би бил и Исус на неговото враќање.(сигурно нема да ви ги мие нозете)
Незнам на кој дроги го пишувал ова , но очигледно е дека не ги изодел двата правци за да може истите да ги разликува, уште помалку може да разликува мистик, дали се искачува или се симнува.

п.с. На @MIKI1 треба да му ги миете нозете, а не да го камшикувате или можеби секој Мајстор што не го прави ова на секој план е Црн Брат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Еве ти поголем есеј, за да не го чита секој!

Потполно непознавање на философијата на Телема, магика и јога. Исто и тотално непознавање на иницијаторскиот пат, на кој како кукавица никогаш не си стапнал ниту ќе стапнеш читајќе те вака на форуми и знаејќи те што се имаш во животот.

Целиот есеј се однесува на иницијантите кои стануваат Мајстори.
Прочитај го целиот есеј, за да може да коментираш подобро. Не вака Исус не е црн брат, Мојсеј е Црн, Мухамед што ќе биде по твојата логика?
Ах не одговарај, тој не се брои тој е лажен Пророк :)

Зборувањето е дозволено секому - дури и погрешни размисли да има - може да ги престави пред другите.
И така се учи, не секој, но повеќето.

Логиката ти е лоша бидејќи освен стариот еон, за новиот не знаеш ништо. Сеуште си заглавен во верувањата во Исус и како тој ќе дојде и ќе ни мие нозете.
Бесцелно глаголаш наоколу, кога ти сеуште чекаш да бидеш спасен и за тебе друг е патот, не си сам на себе си патот иако постојано лажеш наоколу.
Обичен секташ кој што не знае подобро од христијанството.
За тебе секогаш Исус ќе биде Патот, колку и да се вртиш наоколу на таа скара, постојано ќе горите на тој оган.
Јас не можам да ти помогнам, ако ти самиот не сакаш да си помогнеш.
Не силуваме луѓе и не заплашуваме луѓе - како во стариот еон!!!

И овде (извадокот што си го цитирал) не зборува Пророкот кој што ја прими Книгата на Законот, туку Кроули философира и дава објаснувања поврзани со Магика и Јога и Телема...

Што убаво започнува есејот:

„НЕОБИЧНА идеја упорно се шири, и се чини добива поддршка, дека мистицизмот е “Безбедна” Патека до Највисокото, а пак магиката е опасниот пат кон најниското.“
--- Опасности од мистицизмот, А. Кроули.

Ова го зборува Кроули и ова се неговите размисли како философ и човек, не од Пророкот ... грешката ти почнува од тука.

„Пророчкиот статус на Алистер Кроули е интегрално обележје на Телема и немам намера да го “спасувам” телемитското движење од неговата основачка фигура, или да одам “надвор од” неговото влијание.

“Благослов и обожување за Пророкот на милата ѕвезда!”

Истовремено, доблестите на Пророкот ги вклучуваат и неговите очигледни недостатоци: тој бил бог на ист начин како што секој човек може да биде. Телема исто така има литературни и философски претходници во делата на такви фигури како што се Августин од Хипо, Франческо Колона, Франсоа Рабле, Сер Франсис Дашвуд, Фридрих Ниче и Ана Кингсфорд; Телемитите може да стекнат придобивки од разгледувањето на овие поранешни нивоа.

Бидејќи Телема го инволвира иницијаторниот напредок на индивидуата преку задачи на духовно достигнување, постојат нужни разлики помеѓу егзотеричното толкување на неупатените и почетните аспиранти од една страна и езотеричните перспективи кои произлегуваат од иницијаторното искуство од друга. Како и да е, подготвен сум да дадам една кратка листа на учења кои ги сметам за неотуѓиви во Телемата, кои служат за да ја направат посебна во смисла на религиозно-философски матрикс. Прво од нив е важноста на самата иницијација.“
--- Што е Телема?
И порано зборував дека лаиците поима немаат што зборуваат - за нив Кроули е се најлошо и ништо не разбира тој човек - бидејќи им кажа дека се слободни и дека не постојат богови кои казнуваат луѓе.
Погледни ја картата АТУ XVI и пробај да ја разбереш во светлото на новиот еон - нека ми ти се сруши тој жален живот за да те огрее новото сонце ;)

“Invoke me under my stars! Love is the law, love under will. Nor let the fools mistake love; for there are love and love. There is the dove, and there is the serpent. Choose ye well! He, my prophet, hath chosen, knowing the law of the fortress, and the great mystery of the House of God”
--- Liber AL, I:57
Значи, има книги, запознајте се подобро. Вака читам само Кроули, дрога, не знае ништо. Исус, Мојсеј најдоброто за светот!
Тоа сме го читале од Ваша страна. Но за да зборувате реално и критикувате на здрава основа - ќе мора да се запознаете и со делтото на Кроули и со философијата и системот на Телема, поврзана со иницијаторските Редови од друга страна.
Во ред е да не ти се допаѓа Телема, Кроули, јас да не ти чинам - но мора да се запознаеш со Законот на Телема ако сакаш да зборуваш реално за истиот.

И во новиот еон:
Ниту Мојсеј ниту Исус ќе ти помогнат да го одиш нивниот пат. Така беше и во стариот еон, но наследниците наместо иницијанти станаа мирјани кои не бараа иницијација, бараа верување.
Твојот пат е битен. И ти си сам на својот пат. Ниту жена ниту деца ниту ништо нема да ти помогне на тој пат. И нема друг начин, колку и да бараш утехи со молитви и останато, колку и да бегаш и да се соединуваш со ова или она - сам си.

Големиот иницијант што ти го знаеш како Исус, дури и тој се запраша: Татко зошто ме остави? Бидејќи патот се оди сам. А кој не сака сам е кукавица и со магија и вражби сака да го зафркне универзумот, да не кажам системот и во таа лага станува Црн Брат, оние со црни ризи кои дремат во црните ќелии и проповедаат за животот од кој не виделе ништо ... Тоа се оние кои на Пасха се излажаа и не ја пуштија Смртта да помине преку нивните прагови, заштитувајќи се со туѓа крв измачкана на столбовите на нивниот живот, за да не ја дадат својата крв во пехарот... Црна магија и кукавици! Од нив не очекувај ништо добро...

Затоа ако може @alf не ми збори за логика. Ти немаш врска со овие ствари. Ти си стариот еон. Оние секташи кои видоа светлина на слобода, но оковите од стариот еон им беа престегнати и не знаеа да ги тргнат од своите нозе!

Наредниот живот, подобро! Остави ги оние кои успеале да зборуваат дека има слобода.

Кроули многу зборува, но тајно. Иако будали го разбираат буквално, за сосема други ствари збори. Но не го знаете јазикот на мајсторот, затоа вакви глупости пишувате, а јас „морам“ да дообјаснувам за да некој друг во иднина не падне во вашата замка на кукавичлук, мрзливост и неспособност.
[DOUBLEPOST=1485787141][/DOUBLEPOST]
На @MIKI1 треба да му ги миете нозете, а не да го камшикувате или можеби секој Мајстор што не го прави ова на секој план е Црн Брат.
И да додадам бидејќи сега прочитав последната глупост напишана „во одбрана на христијанството“:
Од кога христијани се рамнат со богови и иницијанти па одлучувате кој кому ќе мие нозе?
Откако станавте прегорди на своето незнаење а „преголемо верување“?
Ти би напишал „мене да ми миете нозете“ но тогаш ќе ти паднеше целото лажно привидение низ вековите што ти се насобрало во овој краток живот :)

Од друга страна оној што не го прифаќа Законот, не може да ги има привилегиите на истиот.
Мирјанин не може да биде Мајстор. Ги нема алатките ниту практичното знаење за да се нарекува Мајстор!

И онака, за да те извадам од колосек и за да читаш, кога ќе имаш време:

„Сега доволно е да се каже дека во овој Закон лежи целата иднина:
тоа е Законот на Слободата, и оние кои го одбиваат се прогласуваат самите за робови, и како робови ќе бидат оковани и тепани.
Тоа е закон на Љубовта, и оние кои ќе го одбијат се прогласуваат себе си да бидат деца на омразата, и нивната омраза ќе се сврти против нив и ќе ги проголта во нејзините бескрајни мачења.
Тоа е закон на Животот, и оние кои ќе го одбијат ќе бидат предмет на смртта; и смртта ќе ги фати неподготвени. И нивниот живот ќе биде жива смрт.
Тоа е Законот на Светлината, и оние кои ќе го одбијат, според тоа се прават самите мрачни засекогаш.“
--- Магика - Книга 4, Еквинокс на Боговите, IV дел

Ова се четирите L (Liberty, Love, Life и Light) кои зрачат од Законот (Law)!

Видете ја Liber XV, Гностичката Миса на EGC, централен ритуал на О.Т.О.!
Исто и Liber CL - De Lege Libellum [мал извадок од истата]
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom