Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.220
- Поени од реакции
- 84.148
Дали пропагандата на ВМРО ДПМНЕ ги штелува бројките за загаденост во Куманово?
Во овие моменти, но и во текот на целиот ден и претходното деноноќие, Куманово е со чист воздух, односно мерните станици во градот покажуваат дека ПМ честичките се под дозволениот максимум од 50 мг на метар кубен. Измерени се само 25 ПМ честички. Исто така, и графиконот на Министерство за екологија покажува дека воздухот во Куманово е со многу ниска загаденост, а во Скопје, но и во Велес и во Битола со неколкукратно поголема загаденост од дозволеното:
Од друга страна и покрај снежните врнежи во Скопје, ако го следите мерењето на квалитетот на воздухот од утрината, ќе забележите дека загадувањето е во постојан пораст во сите општини:
Но, доколку се информирате само од провладини портали, преку кои ВМРО ДПМНЕ главно со години ја спроведува својата пропаганда на која почива нивното десетгодишно владеење, тогаш ќе бидете заблудени дека во Куманово загаденоста е над 500 мг ПМ честички на метар кубен и е најзагаден град во Македонија.
Ова на политичката партија ВМРО ДПМНЕ му служи за пресметка со политиката на нивниот политички противник СДСМ и на функционерите од нивната партија. Како што е познато, во Куманово градоначалникот е од редовите на СДСМ.
Со оглед на фрапантната разлика на податоците што ги објавуваат провладините портали и официјалните, на двете страници на кои се покажуваат резултатите од мерењето на квалитетот на воздухот Мој воздух и на Министерство за животна средина, се поставува прашањето дали за потребите на политичката пропаганда на ВМРО ДПМНЕ некој пласира измислени податоци или пак се штелуваат за краткотрајна пропагандна потреба?
Ова секако заслужува сериозен пристап и анализа, со оглед на намерите да се дезинформира јавноста исклучиво заради политички причина на една партија, при тоа не водејќи сметака за вистинитоста на настаните. Постојаното држење на јавноста во заблуда употребувајќи најразлични пропагандни манипулации е сериозен проблем кој подлежи и на морална , но и на кривична одговорност. Уште повеќе што во континуитет сме сведоци повеќе на пропаганда отколку на информирање во голем број медиуми под контрола на една политичка опција.
Затоа, на пропагандниот феномен во Македонија заради политички причина на одредена група луѓе, треба да му се посвети големо внимание и да се укажува на сите негови злоупотреби. Но, со ова не треба да се занимаваат само новинари и медиуми, бидејќи тоа по правило преминува во меѓусебно обвинување, плукање и дисквалификација.
Овде има работа за повеќе државни институции кои сериозно треба да се позанимаваат со овој горчлив проблем кој има тендеција да ја манипулира јавноста заради лични, лукративни причини.
Веќе не може да се зборува само за морална, туку и за кривична одговорност, бидејќи законодавецот предвидел вакви дела и во Закон за медиуми, но и во Кривичен законик.
И на крај, дали во Скопје сите дишеме ист воздух, или зошто толку голема загриженост за кумановци, а не и за велешани, битолчани, скопјани? Нели грижата треба да биде подеднаква за сите или некои се поважни од другите? Сепак, се чини никој не е важен, а пропагандистите и самите веќе не знаат што е лага , а што вистина. Истиот воздух го дишат и тие и ние.