Точно е дека не се појавува само од неправилна исхрана ама тоа е најголем причинител на болеста покрај генетските предизпозиции. Ако знаете лекови за Гихт кажете ми, јас од моето истражување дојдов до заклучок дека сите лекови имаат само привремено дејствување, а не го РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ. Gishore guggul помага за исфрлање на токсините од телото, конкретно мочната киселина која е главен предизвикувач на оваа болест.
Мило ми е што имате позитивно мислење за индиската медицина, ме интересира дали сте слушнале за Ајурведа, која што кај нас е застапена преку т.н „Планет Ајурведа“?
Инаку кога сме кај декларирањето како „додатоци во исхрана„ овој лек кон почетокот на годината откако ќе бидат спроведени потребните истражувања и процедури ќе биде именуван како ЛЕК, конкретно хербален лек кој што ќе биде достапен во аптеките. Токму тоа е мојата задача. Да го пробијам на пазарот преку макретинг/ПР план за да допрам до потрошувачите. Токму за таа цел ми требаат искуства, мислење ставови на темава...
Ајурведа беше застапена и преку Himalaya, фантастична палета на хербални медицински производи, кои се продаваа (а веројатно сеуште се продаваат) како додатоци во исхрана.
Не само Ајурведа, и другите традиционални системи на лекување (кинеска традиционална, јапонска и корејска) стануваат многу популарно во последно време во цел свет, а според мене, и со право...
Германија, на пример, предничи и со регулатива и со наука во оваа област, а традиционално конзервативните „пазари“ за вакви производи (В.Британија и САД) во последно време бележат значителен пораст по однос на потрошувачката на овие препарати во последните 10тина години...
Што се однесува до гихтот... не е така едноставно како што велиш, да беше проблемот до исхраната, тогаш со малку построг режим на исхрана би се решил и проблемот, затоашто со ограничување на внес на масна храна, според твоето размислување, би се отсранила и причината, т.е. изворот на мочна киселина. Но, работите не стојат така...
Иако се сомневам дека те интересираат детали, постојат значително голем број научни трудови кои ја обработуваат оваа тема.
Моја препорака, особено ако оваа тема го надминува твоето дипломирање, т.е. планираш и да се занимаваш како бизнис со ова - немој да припишуваш разни чудотворни својства кои препаратот не ги поседува и немој да навлегуваш во теми и објаснувања (етиологии на болеста, биохемиски нарушувања, генетска детерминираност) кои не ги разбираш, освен ако не сакаш да ги проучуваш поопширно.
Најди си професионалец кој ќе се погрижи за стручниот дел. Лекар-предавач, промотор или слично, стручњак во областа во секој случај.
Ова ти го кажувам затоашто многу аматерски ми звучат и веднаш дигам ѕид за маркетинг стратегии кои припишуваат „еликсир на животот“ - ефекти на разни растителни екстракти и продукти (земи ги во блиско минато: аронија, брусница, соја, нони, шиитаке печурки, спирулина....итн.).
Да не се разбереме погрешно, овие имаат многу добри ефекти, ама маркетингот „мисли“ дека може да ги направи чудотворни, а не се и тоа изгледа несериозно и смешно.
Барем во мои очи.
Поздрав.