Да се доврзам за контејнерите, има едни луѓе што живеат во куќа но се на 10-20 метри до зграда. Луѓето чуваат да не претерам 10-15 мачки, ако не и 20, неможам да ги избројам. Тетка и тетин имам што живеат во зградата и тие ми велат дека тој газдата ги храни ептен мрсно, им купувал месо, пушени ребра, колбаси итн, значи јас не јадам дакви работи секој ден, а тој мачките си ги храни, но во ред, немам ништо против кој што си може нели. И работата е што, само што ќе ги нахрани мачките, тие сите одат право на контејнерите. Тоа ми е чудно. Значи најадени, со високо-енергетска храна, и пак а контејнер. Има некој објаснување за таквата ,,дарба''?