Ете го одговорот што ти го постави порано, зошто сите зборуваат негативно за христијанството, а не против Телемитите
Како да се сложам со христијанскиот став дека мојот живот бидејќи не сум христијански е демонски живот, опкружен со демони и лаги наоколу?
НЕ!
Тоа го зборуваат твоите свештеници наоколу, и ти ми велиш да прифатам лаги од твоите свештеници за да си ја оправдаат верата бидејќи таква им е догмата?
Тоа никој не го прифаќа денес и затоа ги имаме овие муабети ние тука на форуми, а и јавно треба да му се каже на христијанинот да си ја гледа својата работа, за да не се жали потоа како сите биле против христијаните...
Ќе бидат, не може поинаку со овие денешни христијански свештеници и мирјани....
Јас сум слободоумен, потребно е христијанинот да стане свесен дека христијанството не понуди универзален пат за сите и не може преку тој пат да ги осудува сите, треба да прифатат дека низ времето се изгради само догма, со купишта адети од непознати причини со која сега си имаат сите проблеми...
Преку таа догма се осудуваат сите... а тоа не поминува.
Читаш што се зборува тука нели, ги следиш дискусиите што ги водат обични мирјани, ги читаш размислите на отци и монаси што мнение имаат за нехристијани во нивните беседи - исто звучат како муслиманите и нивните зборувања! Негативно зборување за другите не е љубов и проклети да бидат сите што само ближниот свој можат да го љубат, а не и другите!
За христијаните ближен се смета со друг збор секој човек. Христијаните што си зборуваат си останува меѓу нив, никому не испратиле било каква осуда. Ти не мора да се сложиш со тоа, ама немој да зборуваш јавно ако сакаш да си либерален. И мене ми смета што телемитите сметале дека ние денес не сме го имале изворното христијанско учење, тоа за мене е навреда, ама ако тоа е дел од вашето учење ќе се носам со тоа и нема да хистеричам. Едноставно не го прифаќам тоа и толку. И ако за нас вие сте биле заблудени шо има да се навредуваш? Уживај си во твоето ако знаеш дека не си. Догма, адети без врска итн. е сосем друга тема и тоа инерхристијанско па би ги засегало само христијаните. Во модерниов речник е создадено погрешно мнение за терминот
догма и што тој означува, мислам дека те разбрав што сакаш да кажеш, но тоа нешто што вие го сметате за догма кај нас и воопшто не е. Те разбирам зошто си огорчен од христијанството и ми е жал што само тоа си го видел, ама си имаш избор и си го користиш.
Toa e дефиниција за секта ако во нешто верува мала група за разлика од мнозинството
Е де, можеш и така да ја наречеш од социолошко-историска точка, ама и тоа не за долго пошо за кратко време веќе нема да се работи за мала група. Се носам со тоа и не гледам некој проблем ако така се гледа на работите.
Не се секирај, ни си прв ни си последен, што не го гледа сопственото “лаење“, а туѓото го гледа. Не, не не' лажи и нас и себе си. Ништо ти не си нашол. Ти веруваш (клучниот збор) дека си нашол. И немам против што тоа го веруваш. Не е заблудата во тоа што ти веруваш дека си нашол, туку во тоа што си убеден (тука е заблудата твоја) дека секој што мисли дека пронашол друго за вистина е во заблуда.
Факт е дека верување не ни можеш да докажеш колку и да сакаш. А повторно ќе ти кажам, немам јас што да докажувам, јас не изнесувам тврдење. Јас не верувам во богови, јас не тврдам дека не постои бог. За мене тоа е лудост. Но уште полудо и крајно безобразно е да тврдиш дека постои на основ на верување.
Ете ми пречи терминот безбожник оти го употребувате во пежоративна форма. Исто како што и тебе ти смета што те викам заблуден. Ја сфаќаш аналогијата?
До кое тоа јас да се држам? Види претходно. Ако барате почит, понудете почит. Како беше онаа изрека “што си посеал тоа ќе жнееш“. Сеј омраза, омраза и ќе жнееш. Не ми треба христијанство за да го знам тоа.
Кои тоа религиски чувства имам? Не ме смеј.
Немаш што ти потреба да подучуваш или да му укажуваш некому за твоето “Велелепно“ христијанство. Сега во ера на глобализација и комуникации? И кога тоа го правите (не само ти) го правите на многу грд начин со сатани демони и што ти не, со излитени флоскули. Немој, 21ви век е. Писмен е народов за разлика од порано. Кому му треба христијанството (ма која и да е деноминација) ќе си го најде сам. Не му треба помош од вас.
Ако јас верувам цврсто само во едно, а мора да биде едно, тогаш нормално дека се' oстанато е заблуда и тоа можам да го констатирам (за себе) и морам, ама не смеам да осудувам никојпат и за тоа ако осудувам другомисленик не можам да се оправдувам. Едноставно ако еден рече дека Бог постои, а друг дека не постои, би требало и двајцата да можат да го поткрепат своето тврдење без разлика кој го покренал.
Терминот безбожник не го користам како пејоратив, туку како таков кој е соодветен за тоа, јас можам со пејоративен тон да искажам и најубав збор, па да биде најлоша навреда пак. Јас не раскажувам за велелепието на христијанството ама си го фалам кога го кудат. Нема врска што е 21-ви век, може да биде и 40-ти ако сака. Вистина сега народот е пописмен од порано и тоа му е прекрасна можност подобро да се запознае со христијанската теологија и философија, и народот си ја користи таа предност на модерното време. Ако сакаш да ги прикажеш христијаните како неписмени сети се без разлика колку ти е тешко на сите оние звучни имиња од науката кој се нарекувале христијани или пак биле само верници. Точно дека кој мисли дека му треба христијанството ќе си го најде сам, тоа е така и никој не може против тоа.
Верувајте ми дека немам злоба ниту презир кон вас, јас самиот си знам дека сум за никаде и се мешам во вакви конверзации од единствена причина шо сметам дека е подобро да ме има од колку да ме нема.
https://www.youtube.com/watch?v=HJ7zbzJZsjs