Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.388
Да ама уставот вика парламентарно мноинство а не кој победил макар и со еден глас. Подеднакво лесно можат и двете партии тоа мнозинство да го постигнат.
Братус ти објаснил
Во речникот на македонскиот јазик МНОЗИНСТВО е дефинирано како Поголем дел, поголем број од некоја група луѓе.
Ако ги земеме парламентарците како група на луѓе, ќе заклучиме дека ВМРО-ДПМНЕ е поголемиот дел односно мнозинство во Собранието. Доколку сакал да одреди нешто поинаку, уставотворецот ќе напишел партијата/партиите што имаат апсолутно мнозинство во Собранието. Не знам зошто воопшто има ваква дебата? Батеман досадно ти е? Доделувањето на мандатот ти влијае психолошки? Според Уставот Иванов мораше да го додели мандатот во тој рок, ако ВМРО не може да состави влада за 20 дена, ќе видиме што ќе се случува, ама оваа расправа е беспредметна.


Јас сум согласен дека мора да има промени во раководството на ВМРО (за кумуњарите не се интересирам), се виде на овие избори дека моменталното раковотство има товар кој ја намалува разликата, со ново раковоство разликата пак ќе биде 100 и кусур илјади гласови (без разлика на шошоните)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Јас сум согласен дека мора да има промени во раководството на ВМРО (за кумуњарите не се интересирам), се виде на овие избори дека моменталното раковотство има товар кој ја намалува разликата, со ново раковоство разликата пак ќе биде 100 и кусур илјади гласови (без разлика на шошоните)
Се согласувам, а за разликата не биди сигурен :)
 
S

silmarillion

Гостин
Смена на раководството во партија. Ваљда не мислите на смена кога Бранко си отиде за прецедник на државава, а уствари без негов амин неможеше да се донесе ниедна одлука у партијата? Или можда зборите за смената на раководство кога Љубчо и Грујо направија Холивуд за сиромашни у Панорама а уствари му ја даде партијата на тацна со амин дека никој нема да го гони за ништо? Се надевале на смени на раководства во држава со народ на кого сервилноста му е во ДНК врежана.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Може ли нјакој да ми каже как'в е официалнија резултат от изборите во РМ
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ух кога ќе погледне човек цела оваа ситуација, не може да не си помисли дека оваа е перфектен танц на Албанците. Граѓанската иницијатива, вокабуларот... па дури и инжинерингот на изборите, точно онолку колку да е нерешено без можност за стабилна влада. Кога би била играта фудбал тоа би било како перфектен центаршут пред празен гол во 95 минута за волејот наречен платформа. А кај нас од едната страна смкнати гаќи, од другата суета и слепило. Од едната страна зачуденост, од другата разочараност.

А на јазот на поделбата му нема крај, се кројат приказни кој од Македонската страна ја смислил платформата за сопствен спас или сопствена промоција, све што ќе кажеш поинаку е ерес.

А во меѓувреме меѓународна кризна група ја обележа Македонија како кризно подрачје (да не серете опозициски е изворот), во Бугарија се истоварија еден куп Амерички тенкови за секој случај нели. А нашите водачи, сеуште расправаат дали ѓаволот може да застане на врв на игла.

Никогаш повеќе не ме подсетувала ситуацијата на песнава:
Албанците во Македонија цело време играат валкано во позадина.
Лиги им течат за да цепат територии, ама кутрите (после Косово) јавно не можат да кажат ништо такво, па мора да смислуваат глупости од типот на "економска рамноправност" (до толку се разлигавени и изопачени во нивното поимање на терминот "рамноправност" што очекувам секој момент да побараат државата да им ја исплати разликата во плата на сите Албанци кои земат помалку од статистичкиот просек).
Мислиш нив лесно им е??

Бесмислено е да се зборува за граѓанскo движење и иницијатива кога наспроти себе имаш Албанци. Проблемот е што ниту на Албанците не им одговара да бидат повторно провокатори на вооружен конфликт во Европа. Колку се очајни говори и фактот што го користат секој момент за уцена. Тоа покажува дека се несигурни во можностите за реализација на својата идеја, па се фаќаат како давеник за сламка (во овој случај нерешениот резултат меѓу македонските партии). Без нивната стара професија (што е истовремено формула за нивниот експанзионистички успех), да служат како наемници за некој глобален насилник, албанската кауза е загубена.

Македонците се чувствуваат принудени да ја поддржуваат ДПМНЕ, а натегањето се сведува на тоа кој подолго ќе издржи во го*ната каде заедно сме заглавени фатени меѓусебно за гуша. Стратегијата на Зајко е избрзана и несоодветна за природата на односите меѓу Македонците и Албанците. Не можеш да градиш граѓанско општество ако немаш со кого.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Зарем тој со сиот памет мисли дека доколку го смениме нашето знаме и му ставиме орле во некој ќош, дека истото тоа знаме ќе го користат Албанците?

Албанците ќе продолжат и понатаму да си го користат нивното знаме, а ние Македонците ќе го користиме новото знаме со албански симбол, како последни абдали.

Еве како е во Piana degli Albanesi. Каде е италијанското знаме?

https://www.google.com/maps/@37.9970865,13.2839013,3a,90y,238.53h,92.82t/data=!3m6!1e1!3m4!1s-pB9lSr3JwWW76VtJsqRRg!2e0!7i13312!8i6656!6m1!1e1
За какво додавање на било што на македонското знаме!? Што воопшто споменувате таква можност!? Како си дозволувате за такво нешто да помислувате!?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
За какво додавање на било што на македонското знаме!? Што воопшто споменувате таква можност!? Како си дозволувате за такво нешто да помислувате!?
На многу работи не ни помислувавме, ама...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
На многу работи не ни помислувавме, ама...
Не тоа се случи затоа што секогаш дозволивте да ве натераат да помислите и размислувате за незамисливо недозволиво.
Немој да сте помислиле, јас ќе ве ликвидирам лично и вас и вашите „лидери“.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.262
А владе мкд и другите деца колку време потрошија на последнава прикаска со платформава, штета што нема кој да им ги избрише постовите сега.
Не не нека седат, зошто некој би ги бришел.
Ти затоа што си запнал за СЈО како слеп за бандера па заедничкиот проглас од сите албански партии и двајца албански премиери го третираш како чаршиски муабети е твој проблем.
Нема да има таква влада, незнам шо сакаш да ти одговорам.
Во овие две години видовме безмалку еден куп невозможни и незамисливи работи, Брегзит, Трамп , освестени Албанци кои гласаат во огромен број за македонска партија и ред други работи. Не гледам зошто си толку сигурен дека нема да има таква влада, а и да си сигурен сепак можеше ете хипотетички да одговориш.
 
W

wicked_1

Гостин
Не не нека седат, зошто некој би ги бришел.
Ти затоа што си запнал за СЈО како слеп за бандера па заедничкиот проглас од сите албански партии и двајца албански премиери го третираш како чаршиски муабети е твој проблем.
Не се чаршиски муабети, тоа ти се очекувани позиции на албанскиот блок.
Или ти очекуваше да се смени нивната националистичка реторика и да ти понудат бизнис стратегии и економски програми? :pos:

Камо среќа да беше вака шокиран и револтиран кога излегоа снимките за криминалите, ама место револт и осуда, ти исправаше криви дрини за тоа какви биле шарените. Хаос.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom