да одиме според вашата логика
речиси никаде во светот една партија не освојува мнозинство (освен Кореја, Кина...),
значи ниту во Германија Меркел нема победено со мнозинство, туку секаде во светот се формираат коалициони влади,
и секогаш мандатот го добива онаа партија која освоила најмногу пратеници.
Во Грција пред неколку години мандатот беше вратен за 3 саати поради тоа што победничката немаше можност да направи влада (а во грција добиваат 50 пратеници гратис кога се први), значи според вашава логика, воопшто не требаше да се трошат тие 3 саати.
Во праска и има логика да се дава на партијата со најмногу пратеници, иако не е никаде така регулирано, но во нашиов случај при разлика од само двајца пратеници и во ситуација каде и со 49 и со 51 пратеник се прави влада (со земање еден или повеќе коалициони партнери) мое мислење е дека се направи грешка што Иванов не ги консултираше сите партии, тој има право да ги свика (неформално) на лидерска средба чисто ради разговор за исходот на изборите и за идната влада, не дека на крај немаше да го даде мандатот на Груевски, но лоша слика создааде така апла давање мандат кога во цела ситуација за мандатите пресудија 200 гласа разлика,