Здраво, работам на проект околу Доплеров Ефект и ми треба мала помош.Кога брзината на изворот е поголема од брзината на звукот(суперсонична), равенката f=fo(c+vs/c-vi) и понатаму се користи но се добива негативна фреквенција.Проблемот ми е да објаснам што се случува кога ќе се добие таа негативна фреквенција т.е што претставува таа.Пример, кога млазен авион ќе ја помине звучната бариера и ќе ја надмине брзината на звукот, се добива нели негативната фреквенција и звукот на авионот ќе се биде слушнат со задоцнување.Ова последново треба да се појасни.Ви благодарам на вниманието и би ми било од голема помош ако ми помогнете.