Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Книга Библија не знам, знам една збирка од 77 книги со тоа име за кои се знае кој ги напишал.
И кажи кој ја напишал збирката и каде може да се види оригиналниот ракопис?
 
Карго експрес повелете.Некои прашања не заслужуваат одговор...

те цитирам
Брат то дека човекот неможел да си ги објасни природните појави и за то го измислил Господ во основно ни го предаваја, немој со такви куршуми.

Сите религии се обиди на човекот да се доближи и соедини со Бога

Никој не те тера да одговараш нешто што ти не сакаш, но исто така не зборувај работи кои што не “држат вода“ бидејки погоре во линкот имаш племе кое за време на втората светска војна за прв пат се срекава со други луге кои што имаат авиони и за да ја користат нивната земја им даваат храна, пијалоци идр. После завршувањето на војната тие луге(американски војници) си одат и со тоа престанува нивното дарување на храна и др. работи.
Племенските луге за прв пат се сретнале со други луѓе не поседувале никакво знаење и ништо не можеле да си објаснат самите на себе.
После нивното заминување почнале да ги обожуваат како боженства и да изведуваат ритуали со намера за истите тие да се вратат за да продолжат да ги даруват со храна. Ако го прегледа клипот виде дека имаат и макета од авион направено и ритуалите ги изведуваат под таа макета.
Ако ова не е почеток на религија тогаш што е.
 
Оригинален ракопис не може да се најде затоа што е собирана во голем временски период и тоа ништо не значи за нејзината валиднос.
те цитирам
Брат то дека човекот неможел да си ги објасни природните појави и за то го измислил Господ во основно ни го предаваја, немој со такви куршуми.

Сите религии се обиди на човекот да се доближи и соедини со Бога

Никој не те тера да одговараш нешто што ти не сакаш, но исто така не зборувај работи кои што не “држат вода“ бидејки погоре во линкот имаш племе кое за време на втората светска војна за прв пат се срекава со други луге кои што имаат авиони и за да ја користат нивната земја им даваат храна, пијалоци идр. После завршувањето на војната тие луге(американски војници) си одат и со тоа престанува нивното дарување на храна и др. работи.
Племенските луге за прв пат се сретнале со други луѓе не поседувале никакво знаење и ништо не можеле да си објаснат самите на себе.
После нивното заминување почнале да ги обожуваат како боженства и да изведуваат ритуали со намера за истите тие да се вратат за да продолжат да ги даруват со храна. Ако го прегледа клипот виде дека имаат и макета од авион направено и ритуалите ги изведуваат под таа макета.
Ако ова не е почеток на религија тогаш што е.
Значи човекот сам по себе е религиозно суштество и тој има особина да создава религиски системи за да ја замени жедта која духот ја чувствува за Бога со нешто што би му се чинело задоволувачки. Прост пример за ова се сите суевериа, кои ни се добро познати, секој ден се создаваат нови суеверија (ако пишиш спортска на Божик ќе фатиш). Јас и претходно кажав дека сите религии се обиди на човекот да ја воспостави падната врска со Бога, но тие се од страна на човекот и следствено измислени, создадени од човечки фактор. Дури и во делата апостолски има случај каде едни островјани го прогласуваат апостол Павле за бог, ете сличен пример на твојот да речеме. Но сепак и во твојот пример не значи дека се работи за од темел создавање религија, туку за анекс на нивната дотогашна религија, тие племиња кои ти ги нагласуваш сигурно и претходно верувале во некои виши сили само кога дошле во средба си помислиле дека се удостоиле на божествена посета. Така е пологично, барем за мене.
 
Последно уредено:
Оригинален ракопис неможе да се најде затоа што е собирана во голем временски период и тоа ништо не значи за нејзината валиднос.
Значи и тоа како поради валидноста на преводи и преписи. И досегашните преводи од ен о друг библија се полни со преправки со грешки а камоли во времиња кога немаше ни лектори ни факултетски спремени преведувачи ни рецензенти...
 
Значи, можеме и со аргументи ама е премногу исцрпувачки и затоа главната појдовна точка е верата, ако не веруваш џабе е се' шо и да кажам, ако пак веруваш дека Светиот Дух е оставен на Црквата тогаш ќе се знае кој превод и зошто е точен или неточен. На оваа тема не одам понатаму
 
Книга Библија не знам, знам една збирка од 77 книги со тоа име за кои се знае кој ги напишал.

Карго експрес повелете.Некои прашања не заслужуваат одговор...

Ако Бог се реши да го собери олошот еден нема да остане од нас. ,,Господи, ако гледаш на безаконијата тогаш кој ќе се одржи, Господи, но во тебе има простување.''- Не дека ќе ти значи нешто ама интересно е.
Бог создаде се' од љубов за да има својата љубов врз што да ја излева изобилно. Бог неможе да се определи со координати било каде во универзумов заради што се', па дури и времето е негово создание. Кога говориме за местото на Бога не говориме за топографски определив локус, туку за онтолошко битисување на Битието, од кое се' потекнува, освен гревот.

Ти го виде госпо кога создавал, бидејќи пишуваш како да си бил присутен дури создавал?
Како ти го замислуваш госпо, како човек ете да го наречеме Исус што има мониторинг секаде и се гледа?
Гревот кој го има создадено, нели е се создадено од госпо, по таа логика тогаш и гревот е создаден од него, директно или индиректно?
Еве уште едно прашање иако на досегашните не ми даде конкретен одговор: дали ти ако се родеше во муслиманско семејство ќе се откажеше од исламот кој во тој случај ќе ти беше наметнат како сега христијанството и повторно христијанството ќе го сметаше како единствена права религија?
 
Секој човек кој има предиспозиции да ја бара Вистината, треба да ја бара и Таа ќе му се открие, лошото е кога човекот е во заблуда и мисли дека ја нашол вистината, или, пак, кога е млак и индиферентен. Без разлика каде е роден човекот, сите патишта водат кон Едната Вистина, само треба да се има непристрасен приод. И ако не ти давам конкретни одговори, зошто не престанеш да ме прашуваш? 1001 пат мислам е напишано во форумов за гревот како настанал, ама тоа шо ти не сакаш да прифатиш не е моја, нити на било кого друг освен тебе- кривица. Бог не може да се замисли како човек и секој обид за антропоморфоза на Бога е превара. Полесно ќе го исцрпиш морето со чафче отколку Бога со разумот да го опфатиш.
 
Значи, можеме и со аргументи ама е премногу исцрпувачки и затоа главната појдовна точка е верата, ако не веруваш џабе е се' шо и да кажам, ако пак веруваш дека Светиот Дух е оставен на Црквата тогаш ќе се знае кој превод и зошто е точен или неточен. На оваа тема не одам понатаму
Знам дека не одиш пошто аргументи немаш освем “јас верувам дека е така“ исти аргументи кои ги имаат јудејците многу пред христијанството до ден денес, хиндусите многу пред христијанството до ден денешен, паганите многу пред христијанството до ден денешен будистиите многу пред христијабството до ден денешен.... како и други понови “верувам дека е така“ како муслимани...
 
Не признавам дека немам, а уште велам дека ти немаш апсолутно никакви аргументи.
 
Јас само велам дека ти не си поверувал искрено во госпот ни во исус, бог да го прости
 
Секој човек кој има предиспозиции да ја бара Вистината, треба да ја бара и Таа ќе му се открие, лошото е кога човекот е во заблуда и мисли дека ја нашол вистината, или, пак, кога е млак и индиферентен. Без разлика каде е роден човекот, сите патишта водат кон Едната Вистина, само треба да се има непристрасен приод.
I ti ja najde li "vistinata"?
 
I ti ja najde li "vistinata"?
Па кога јас станувам предмет, ајде, ќе ви одговорам некако. Дали ја најдов не сум сигурен би рекол, но ако најдам поубава вистина од Оваа која ја најдов, или поточно Која мене ме најде, веднаш би го сменил мислењето.
Јас само велам дека ти не си поверувал искрено во госпот ни во исус, бог да го прости
Види, хулењето како грев дава една сладост кај грешниците како и секој друг грев, ова се забележува кај тебе. Иначе кој поверувал или не, не можеме да кажеме ние, Еден ги познава срцата.
Јас го следам Христос, а вие љуѓе како Менсон, Кроули итн., итн.,па што треба повеќе од ова, разликата е очигледна, макар и да е имагинарен лик, Христос е поубав. И мене ми беа јаки такви работи некојпат да не речам до скоро (страшен сум, не сум како другиве, ова-она), ама што да се прави светов кога е поубав.
Бог да ве опамети, та вие да не се уподобите на вашите идоли и учители.
 
Па кога јас станувам предмет, ајде, ќе ви одговорам некако. Дали ја најдов не сум сигурен би рекол, но ако најдам поубава вистина од Оваа која ја најдов, или поточно Која мене ме најде, веднаш би го сменил мислењето.
Hmmm...ama aj!
лошото е кога човекот е во заблуда и мисли дека ја нашол вистината,
Ajde sega poveli pa kazi ja vistinata!
 
Види, хулењето како грев дава една сладост кај грешниците како и секој друг грев, ова се забележува кај тебе. Иначе кој поверувал или не, не можеме да кажеме ние, Еден ги познава срцата.
Јас го следам Христос, а вие љуѓе како Менсон, Кроули итн., итн.,па што треба повеќе од ова, разликата е очигледна, макар и да е имагинарен лик, Христос е поубав. И мене ми беа јаки такви работи некојпат да не речам до скоро (страшен сум, не сум како другиве, ова-она), ама што да се прави светов кога е поубав.
Бог да ве опамети, та вие да не се уподобите на вашите идоли и учители.
Tи само мислиш дека го следиш исуса, али реално не го следиш и не си му ни блиску.
Исус јасно ги одбележа оние кои поверувале во него иво татко му а ти не си меѓу нив.
Ти си заведен на погрешен пат на патот на лагата и нечастивиот кој те носи во најдлабоките понори на пеколта
 
Чекај бе, ме избуни. Јас, ај да речиме не го следам и се'. Ти веруваш во Него, шо си ти ако смеам да прашам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom