Што би направиле со богатството на МПЦ

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам точно со какви средства располага МПЦ ама сигурно не се за потценување.

Имам размислувано порано на оваа тема и го делам ставот дека црквата и свештениците би требало да живеат во духот на христијанството т.е скромно, понизно, да се помага на сиромашните и изнемоштените итн.

Да нема тарифи и за погреб и венчавки да плаќа кој колку може. Исто така со оглед на тоа дека црквата на сличен начин како државата собира народни пари би требало да има максимална транспарентност колку и каде се трошат парите и други средства.

П.С За жал ниту црквата ниту државата не се транспарентни па доста пари завршуаат на прекуокеански сметки.

П.С2 Завчера на божиќ ни ја ограбија локалната црква. Така да со сигурност можам да кажам дека не инвестирале во надзорен систем.

П.С3 Под скромно и понизно не се подразбира возење во џип од 30 илјади евра.
 
Јас би го поставил поинаку прашањето, ако веќе не е прашано овде: Дали МПЦ доволно се грижи за својот имот? Покрај финансиските афери на МПЦ и на поединци, секојдневно се крадат икони и други вредни предмети од црквите. Кога јас би го имал сето тоа богатство под контрола како што прашува Лет, прво би го заштитил, дека е народно.
 
колку шо можат од тие огромни пари МПЦ ги затвора во деловни и стамбени објекти, во луксузни возила палати и си ги дели меѓусебе, но сепак анархијата во нивното книговодство дозволува да се украдат огромни количини на кеш, само како пример се професор и свештено лице на МПЦ кој зел неколку стотици иљади канадски долари како донација од верниците од Канада па ко се вратил со тие пари купил еден фрижидер за потребите на МПЦ (најскапиот фрижидер во светот го има МПЦ) или вранишковски кој успеал незабележително од една епархија да украде најмалце 250.000 евра.
Да не заборавиме дека и ретко се зборува за финансиските скандали на МПЦ така да народот и не знае колкав огромен брт на пари и секакви малверзации се вршат во таа организација која е затворена за очите на обичниот човек како и за експертите од економија и право.
 
...црквата е Божја работа.., обичните смртници немаат што да се плеткаат во божји работи и оние на неговите ополномоштени застапници на земјата . Само амин треба да викаат и ни зуц поише да на зуцнат. Такви како Let3 треба одма на клада, а пред тоа на тркало секое ковче да му се раздели на три...кој безобразлук и непоштовање јеботе благи бог ..., пљука по такво божјо чудо невидено.... 200.000 канадски долари со пуц на прсти да ги напраиш 200 , а тој закера ли закера....:)
 
колку шо можат од тие огромни пари МПЦ ги затвора во деловни и стамбени објекти, во луксузни возила палати и си ги дели меѓусебе, но сепак анархијата во нивното книговодство дозволува да се украдат огромни количини на кеш, само како пример се професор и свештено лице на МПЦ кој зел неколку стотици иљади канадски долари како донација од верниците од Канада па ко се вратил со тие пари купил еден фрижидер за потребите на МПЦ (најскапиот фрижидер во светот го има МПЦ) или вранишковски кој успеал незабележително од една епархија да украде најмалце 250.000 евра.
Да не заборавиме дека и ретко се зборува за финансиските скандали на МПЦ така да народот и не знае колкав огромен брт на пари и секакви малверзации се вршат во таа организација која е затворена за очите на обичниот човек како и за експертите од економија и право.
Изгрев беше голем скандал, каде што за злоупотреба со кредитите само сопствениците на фирмата Миладинови добија затворски казни по две години (подоцна ослободени од повисоките инстанци), а од МПЦ никој не беше обвинет, иако заедно МПЦ и Миладинови стопанисуваа со хотелот Изгрев.
Ретко кој зборува затоа што криминалите направени/иницирани од државниот врв што се обелоденија последниве години се далеку пообемни и посреиозни.

Ако успее работата со СЈО и криминалот на државниот врв се санкционира, ќе се создаде атмосфера во државава за истерување на правдата, па така и потеклото на богатство на МПЦ ќе се истражува (ова како одговор на прашањето на темата).
 
Штом малите риби никој не ги дира, големите па ич некој ќе ги допре.
Јас не верувам дека СЈО ќе даде некаков резултат.

И Трамп викаше дека ќе ја затвара Хилари, ама изгледа ништо од тоа нема да биде.
 
Штом малите риби никој не ги дира, големите па ич некој ќе ги допре.
Јас не верувам дека СЈО ќе даде некаков резултат.

И Трамп викаше дека ќе ја затвара Хилари, ама изгледа ништо од тоа нема да биде.
Велиш лоповите ќе останат неказнети а украденото нема да се врати??
 
Сите знаеме дека МПЦ е една од најбогатите организации во регионот па и пошироко. Од имоти, плацеви, деловен и стамбен простор, луксузни возила и мотори, акции, девизни и денарски сметки.... вредност во можеби стотици милиони евра

Што би направиле вие да го имате сето тоа богатство под контрола?
КЈас на пример би распродал се и парите би ги дал на сиромашни, на оние кои немаат за јадење, за лекови, за операции за школувања на семејства без покрив на глава, семејства без огрев, деца без школски прибор.... Онака како Исус што би направил.
Дали и вие би постапиле така или би го чувале тоа богатство или би го трошеле како и до сега за лични потреби?
Види...
Ти ја разбирам желбата да помогнеш,но за овие работи не можеже да дискутираме бидејќи не знаеме многу работи.
Вака општо лаички се може да се каже што ќе ни олесни на душичката.
Но не е се така како што изгледа.
И јас сум христијанин морам да признаам не голем,но ми пречи кога некој краде без усул.но ми пречат и многу други работи кој се поважни,не дека оваа не е важна тема.
Едноставно немаме информации за кои може да дебатираме.
Поважно ми е како ќе заврши авантуристичната серија за опстанокот на нашата држава.
Многу ме нервираат искомплексирани личности кои мислат дека се секогаш во право.
Немаат чуство за самоанализа,самокорекција...кои демократијата ја поистветуваат со анархија.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk
 
Може да објасниш што значи христијанин но не голем?
На Велигден се крши со јајца, поштува традиции како што поштувале татко му, дедо му и цела фамилија, ама не е затуцан да се моли секој ден како тие будалите.
Умерен христијанин. Убаво е да се поштуе традиција, ама да не се претерува пошто ја знам еден таков што забега по тоа религиите, се молеше секој ден, пушти долга коса и стана металец после.
 
@Let 3 за тебе зборат :)
 
Интересна ми е таа градација во религиозноста. Умерен христијанин. Имаше еден расказ од Толстој ми се чини, одамна сум го читал. Еден дечко навлезе во христијанството и одби да оди во војска во царска Русија, затоа што сметаше дека убивањето луѓе никако не е христијански. И сите умерени христијани го осудуваа, затоа што за нив христијанството беше токму тоа, кршење со јајца и палење свеќи. Мајка му се жалеше дека им го уништил семејството. Умерени христијани, каде религијата е само украс. Не сакаат да бидат изместени од удобноста на сопствената глупост, па така не сакаат да се зборува дека МПЦ се банда арамии.
 
Интересна ми е таа градација во религиозноста. Умерен христијанин. Имаше еден расказ од Толстој ми се чини, одамна сум го читал. Еден дечко навлезе во христијанството и одби да оди во војска во царска Русија, затоа што сметаше дека убивањето луѓе никако не е христијански. И сите умерени христијани го осудуваа, затоа што за нив христијанството беше токму тоа, кршење со јајца и палење свеќи. Мајка му се жалеше дека им го уништил семејството. Умерени христијани, каде религијата е само украс.
Дај Боже сите христијани да беа „вистински“ христијани, а не „умерени“ христијани. Ја немам проблеми со хипици, имам со крстоносци, луѓе коишто бацуваат крст пред да пуштат бомби у Авганистан на цивилно население и луѓе кои млатат гејови бидејќи го сквернават чистото христијанско општество.
 
јас не слушам метал и не пуштам коси од страф да не ме пријават во милиција дека сум хашишар.
Не ти зборат за сега туку за порано ко помлад ко беше и уште ко си го бараше местото под сонцето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom