Македонија со најлошо здравство во цела Европа

Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
здравството мака мачи со парите
http://prizma.mk/za-pet-godini-dolgovite-vo-zdravstvoto-se-duplirani/
База на податоци: Долгови на здравствените установи 2011-2016

пациентите со Мој термин
http://prizma.mk/moj-termin-cheka-na-reformirane/

а жените со гинеколозите, додека се вложуваше во реклами за трето дете и среќно семејство.
http://prizma.mk/ginekolozi-ni-za-lek-reshenieto-na-baven-kolosek/
буџетот за активна заштита на мајки и деца во јануари 2011 бил 20 милиони денари, а во септември истата година бил намален на 10 милиони.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Остваруваме...

Куманово без Брза Помош
Службата на итна медицинска помош во Куманово остана парализирана на нерасчистените патишта, комби возилата немаат ланци паркиран се во гаражите, а од две теренски лади ниви само една е функционална. Граѓаните да се јавуваат само за итни случаи, апелираат од итната служба , а во случај да има повредени , не се во можност да ги пренесат до болницата.

Службата на Итна медицинска помош во Куманово е немоќна да одговори на повиците. Велат дека немаат со што да излезат и да стигнат до граѓаните на кои им е неопходна помош. Патиштата се заледени и неисчистени, а комби возилата се паркирани во гаражите бидејќи за нив нема ланци, кои се задолжителна зимска опрема до 15 март .

Вработените во брзата помош се во безизлезна ситуација, имаат две теренски возила , лада нива од која едната е нефункционална.

“Имаме четири теренски лади ниви , но две се користат од службата за домашна посета, а две се во итната помош, но една не можеме да ја стартуваме”-, информираат за радио Бум од службата .

Велат дека и покрај апелот и реакциите никој ништо не превзема и додаваат доколку животот на луѓето зависи од помошта на службата на итната медицинска помош тие се немоќни да излезат и да помогнат.

Директорот на Заводот за здравствена заштита , Миомир Панковски, вели дека имаат доволно теренски возила за итна помош, но вината е на службата која треба да го расчисти патот. Домашната посета не секогаш ги користи теренските возила и доколку се потребни можат да се позајмат, а за комби возилата вели дека се тешки и дека не можат да се возат по лед.
http://radiobum.com.mk/itnapomos/
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.797

остваруваат :
Здравствен Дом како јавна институција во примарното здравство е управувано од локалната ,,власт,, така да се што има негативности во Куманово во врска со функционирање на Брзата Помош како позитивни така и негативни се заслуга на општината во Куманово водена од тие советници на чело со ТОЈ градоначаник ! :D
бај де веј, не ќе комнетирав ако не беше тој збор на почеток ,, остваруваме,, што ми укажува на нешто друго , а не загриженост за нашето здравство (y)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433

Остваруваме ЖИВОТ во Македонија, лошо си разбрал;)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.797
Остваруваме ЖИВОТ во Македонија, лошо си разбрал;)
...а бе ја добро сум разбрал, ти некако не си разбрала, ама факт е дека све би функционирало ако нема партиски луѓе туку обични граѓани да бидат поставени за одговорни, па ако нема резултати менувај ги :roker:
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
...а бе ја добро сум разбрал, ти некако не си разбрала, ама факт е дека све би функционирало ако нема партиски луѓе туку обични граѓани да бидат поставени за одговорни, па ако нема резултати менувај ги :roker:
Не сум женско + геј.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.936
Се стрчаа двајцата куртони најбрзо што можат газето на власта да го бришат и се судрија меѓу себе, у таа брзаница и гужва. Cute.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.797
...Дека имаме современо здравство во МКД може да се види и во примена на кондоми или народски куртони и тоа примена има во гинекологогија и акушерство односно во примарно здравство во сегментот на гинеколошки диспанзер во ЕХО дијагностика , односно да појаснам дека во куртонот се поставува сондата од Ехо апаратот и потоа се прави вагинално внесување и се гледа на мониторот промените на околината каде е внесена сондата со голема точност за дијагностицирање...
...додека прегледите кај мажите на простата не се користи некоја метода со сонда внесена во кондом / куртон туку рачно докторот со прст (нормално со навлечена стерилна ракавица) длабоко внесен во анусот опипава дали има промени односно зголемена простата...
често пати на погрешен начин се толкува укажување на матичниот гинеколог од примарно здравство (што по дејноста е приватен) пациентката сама да си купи кондом/ куртон, па затоа често имаме појава на неодење на преглед...односно мажите мака мачат со анусот за простата, па и тие не одат на прегледи и анусот им е ноќна мора ( не ги спомнувам девијаците ) :D
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Уште еден пример (n)

Охриѓанка го изгубила бебето во петти месец од бременоста, семејството бара одговорност од лекарите

Вести | Охрид | 24.01.2017 18:45Посети : 13380

Надежта на Билјана и Ристо Трајкоски дека по долго чекање и еден спонтан абортус пред две години, ќе добијат бебе, згасна откако сопругата во 5-от месец од бременоста го изгубила плодот. Сопругот Ристо обвинува дека тоа се случило поради грешка на лекарите на гинеколошкото одделение во охридската општа болница, каде Трајкоски се јавиле во саботата бидејќи трудницата се пожалила на вагинална инфекција и болки. Таа била примена од началникот на одделението кој сметал дека бремената жена не треба да биде задржана на болничко лекување.

-Ни препиша некои апчиња, ни рече земете ги и е ќе биде во ред. Преглед гинеколошки не направи, на прашањето дали не треба преглед, тој рече дека знае за што се работи и да дојдеме во понеделник на контрола да и земат крв на сопругата. - изјави Ристо Трајкоски.

Ристо Трајкоски

Во неделата бремената Билјана добила нови болки и крварење, по што била примена од друг лекар на гинеколошкото одделение и хоспитализирана. На сопругот му било кажано да набави соодветни ињекции кои болницата ги нема.

-Отидов шетав, никаде ги немаше, во аптека ми рекоа дека пет години биле повлечени тие медикаменти. Ја лечеа жената со „прогестерон“ и „добростон“, никакви лекарства нема, ни инфузии за смирување и прекинување на крварењето. Прогестерон е за до 20 недела, а жена ми е 23 недела, веројатно заради тоа не делувал. - раскажува вознемирено Ристо Трајкоски.

Во текот на вчерашниот ден болките и крварењето кај трудницата се интензивирале, што било фатално за бебето.

-Јас барам одговорност, не поради некаква материјална добивка, туку да не настрада некој како мене што го чека долго своето бебе за да има наследство. - рече Трајкоски.

Од гинеколошкото одделение при општата болница во Охрид, велат дека случајот го воделе тројца различни лекари, кои презеле се што е неопходно да се спаси животот на нероденото бебе, иако потврдуваат дека ги немаат на располагање сите потребни лекарства. Објаснуваат дека пациентката која била во 40-та година од животот имала ризична бременост што се согледува од фактот дека таа веќе имала еден спонтан абортус, како и дека имала висок крвен притисок за што земала терапија.

- Пациентката е примена во саботата со изразите вагинална инфекција за што е ординирана соодветна терапија и за таква состојба не се прави гинеколошки преглед. Следниот ден таа е примена со незначителни болки и оскудно крварење за што исто така е ординирана соодветна терапија. Во понеделникот и покрај спроведената терапија кај пациентката настанува спонтан абортус во 5 месец од бременоста. - информираат од Одделението за гинекологија при Општа болница Охрид.

Од гинеколошкото одделение отфрлаат одговорност за случајот, посочувајќи дека истиот целосно е документиран.

Г. Момироски
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Смртноста на 1000 жители се зголемува. Во 2015 (9.9) е достигнато нивото од 1961та година (10). Најмала стапка била 1975та, 6.9.
http://en.actualitix.com/chart/mkd/macedonia-death-rate.png
Трошоците за јавното здравство како % од БДП, драстично се намалуваат од 2002 наваму.
http://en.actualitix.com/chart/mkd/macedonia-health-expenditure.png
Најголем % е 1998, 9,99, најмал 2013, 6,44.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom