Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Македонски АВТОПАТ кон Куманово и еден обичен пат во Австрија. Ова се реални фотки, а и двете фотографии се сликани вчера.

HY4BvzRd.png
 
море машала лавовски јунаци непрекинато се борат со снегот... па недај боже да падне 50 60 сантима снег на некои од автопативе... колапс тотален! едно 2 месеца нема да расчистат....

сериозно - за автопатиштава ако не се расчистени и 20 сантима снег да направат волку беља е срамота... државата ке ја окривам затоа што дала тендер на фирми кои не се способни да си ја заврѓат работата и мислам дека треба да си сносат последици за тоа што не успеаа да расчистат патишта...

за нис скопје како што гледам најголем дел од улиците се чисти со исклучок на некои улици....

него ај да прашам јас колкава совест има кај нас обичните смртници.. кој од нас искочи да си го исчисти снегот во дворот а после и пред својата куќа барем? верувам многу малку има такви ама затоа знаеме да мрчиме за другите околу нас.

еве јас сум жив сведок вчера уште додека врнеше снег барем 3ца лично ги видов како снегот од пред дуќан го фрлаат на главна улица - па добро бе.... толку ли е тешко да го ставите на страна до дуќан па нека се топи полека - вака ако правиме сите и ако го фрламе снегот на главна улица само полошо си правиме сами на себе.

Па кој е крив ако не државата тука? Пред да се даде тендер за витална работа од која зависи нормалното функционирање на државата (проодни патишта, државни стокови резерви, снабдување на државни и јавни установи со витални продукти...) мора да се направи салам селекција а не да се бира по никакви критериуми и фирмата да биде докажана за работата за која конкурира и плус да има некоја банкарска гаранција ако во случај таа фирма не е во можност да ја заврши работата со тие пари да се плати на друг да ја заврши итно но и поскапо но квалитетно, а не сега и дале тендер на фирма од зајас или од каде беше небитно (ама битно е) за која се прашувам воопшто дали и има вработено лица или е фантом фирма
 
Да не го чистеше и ти како Бранчез со метла :rolleyes:
Секако дека со метла, зар со шо друго:свиркам:

Работата е што вчера чистев неколку пати и он постојано се враќаше, еве и сабалето чистев, кај сме нагазнале се ступкал и неќе да се исчисти за жива глава/


море машала лавовски јунаци непрекинато се борат со снегот... па недај боже да падне 50 60 сантима снег на некои од автопативе... колапс тотален! едно 2 месеца нема да расчистат....

сериозно - за автопатиштава ако не се расчистени и 20 сантима снег да направат волку беља е срамота... државата ке ја окривам затоа што дала тендер на фирми кои не се способни да си ја заврѓат работата и мислам дека треба да си сносат последици за тоа што не успеаа да расчистат патишта...

за нис скопје како што гледам најголем дел од улиците се чисти со исклучок на некои улици....

него ај да прашам јас колкава совест има кај нас обичните смртници.. кој од нас искочи да си го исчисти снегот во дворот а после и пред својата куќа барем? верувам многу малку има такви ама затоа знаеме да мрчиме за другите околу нас.

еве јас сум жив сведок вчера уште додека врнеше снег барем 3ца лично ги видов како снегот од пред дуќан го фрлаат на главна улица - па добро бе.... толку ли е тешко да го ставите на страна до дуќан па нека се топи полека - вака ако правиме сите и ако го фрламе снегот на главна улица само полошо си правиме сами на себе.
Стварно е многу чудно каде е МакПут, лани кога завеа снег камионот поминуваше нон стоп, на секој 3-4 саати, си викам ајде овој да се расипал па не чистат, ама во цела Мскедонија се расипале:unsure:
 
Па претерувате бе луѓе.

Лавовски јунаци, ама никој не спомнувате дека лавот не е навикнат на снег во Африка.Олабајте ги малку, мислам стварно...


Во другите не толку важни вести, издвојуваме

http://www.telegraf.mk/aktuelno/mak...ikot-go-minaa-na-stanicata-vo-veles-foto.nspx
БАДНИК НА АВТОБУСКА: Заглавените патници празникот го минаа на станицата во Велес (ФОТО)
Сопствениците на Автобуската станица од Велес, покажале најмногу грижа за патниците, носеле храна, вода им помагале на луѓето

Околу двесте патници Бадниковата вечер и Божикното утро ги пречекаа на велешката Автобуска станица. Имено патниците од Скопје кои патуваа за Струмица и Кочани, во вчерашното попладне и вечер останаа заглавени во Велес, бидејќи магистралниот пат кон Штип беше завеан. Информацијата ја потврдија и од Автобуската станица.

-Три автобуси беа за Кочани и два за Струмица првиот дојде во 17,30 и сите подоцна што пристигнаа за овие правци останаа тука. Замина утрово во 8,10ч. За настанот ги информиравме надлежните од ЦУК – изјави вработената од Автобуската станица, која цела ноќ ја минала со патниците во чекалната.

Во неа дел од патниците, другите во автобусите. Жени, мали деца, семејства, млади кои сакале Бадник да го минат во кругот на семејството, но наместо тоа останале далеку од дома. Тие беа гневни, лути и разочарани што 14 часа минаа на Автобуската станица во Велес.

avt_vnat.jpg


- Повеќе од 14 часа сме тука, во чекалната. Еден снег падна од 10 см и не остави далеку од дома. Некогаш човек нема зборови да каже што се` чувствува и мисли. Никој од институциите не покажа интерес за нас, бевме заборавени – вели патничка од Струмица.

Дел од патниците беа во чекалната која беше затоплена. Сопствениците на Автобуската станица од Велес, покажале најмногу грижа за патниците, носеле храна, вода им помагале на луѓето. Во 8,10ч. возачите на автобусите ги повикаа патниците да влезат и тргнаа кон Кочани и Струмица, телефонски биле информирани дека патот Велес-Штип бил прооден.
 
Последно уредено:
Македонски АВТОПАТ кон Куманово и еден обичен пат во Австрија. Ова се реални фотки, а и двете фотографии се сликани вчера.

HY4BvzRd.png
Сорос решил само во Македонија да фрли снег што го има еднаш во 2 години.
 
Автопат во Америка!Зошто оваа слика никој не ја спореди со автопатот во Куманово !Пример???:cautious:
Зошто во Америка снежните бури се со - 30 и со метро снег. Ние со 15 цм снег го снимаме The Day After Tomorrow.

Башка еве ти слика од вчера од улица во Њу Јорк, слична наврнатост како во Македонија

5a0a0e8b1b59851d6a645225925b216e.jpg
 
Зошто во Америка снежните бури се со - 30 и со метро снег. Ние со 15 цм снег го снимаме The Day After Tomorrow.

Исто како што имавме 20 жртви при милениумскиот потоп од 70 лмкв.
 
Исто како што имавме 20 жртви при милениумскиот потоп од 70 лмкв.
Не знам навистина што треба веќе да се случи за да одредени сфатат дека имаме нефункционален систем. Нас некој ако сака да не пороби ќе го сметам за ретарда поголема од нас ако проба да го направи тоа со оружје и крвопролевање. Земи таму машина што фрла снег како во ски центрине и скокалницине, пушти ја 2-3 круга по автопативе и готови сме. Или па поефтина опција е хеликоптер со вода, како за гаснење шумски пожар. Фрлај вода, за 2 саата готови сме.
 
Патот одвај прооден и уште патарина ни наплаќаат.
 
патот се реконструираше годинаипол они наплаќаа патарина, па ова не е ништо.
 
Башка еве ти слика од вчера од улица во Њу Јорк, слична наврнатост како во Македонија

5a0a0e8b1b59851d6a645225925b216e.jpg
[

Ова нема шанси да се случи ако врне константно, кај нас не престана, вчера се шетав на убавиот воздух, и приметив дека воопшто не престана да врне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom