Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
1. Функционална држава ќе имаме кога секој ќе одговара за своите постапки. Се додека дозволуваш да гласаш за компромитирани личности, ќе те урамуваат и обадентеруваат пошто тие што си гласал се ќе прифатат за спас на својата кожа.
2. Околу идентитетот и границите неможеш да имаш цврст став пошто збориш за менлива категорија. Држави се раѓаат и умираат. Ти како се осеќаш никој неможе да ти наметне. Ене ти ги пуковниците од ЈНА од 4ти спрат кај мене, уште се декларираат ко Југословени. А како тргнала работава удолу за нас ништо чудно и ние за 40-50 години да се самодекларираме во некои други граници.
3. Слободниот пазар како термин е злоупотребен од сите страни. Прво големите корпорации под маската на слободниот пазар влагаат со огромни бенефиции за кои знаеме а можда и не. Слободен пазар у кој власта дава бенефиции не е слободен пазар. Од друга страна имаш локални бизниси кои уште на куцача машина прават документи и крива им е глобализацијата и слободниот пазар за нивната неспособност да напредуваат.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.424
Поени од реакции
9.080
1.
3. Слободниот пазар како термин е злоупотребен од сите страни. Прво големите корпорации под маската на слободниот пазар влагаат со огромни бенефиции за кои знаеме а можда и не. Слободен пазар у кој власта дава бенефиции не е слободен пазар. Од друга страна имаш локални бизниси кои уште на куцача машина прават документи и крива им е глобализацијата и слободниот пазар за нивната неспособност да напредуваат.
е со ова 100% се сложувам, можда ќе биде офф топик, ама не можам да се изначудам, пред некое време пребарувам дали infel.net.mk имаат начин да се плаќа телефонска сметка на нет и не можам да најдам, се јавувам директно да прашам дали имаат нешто такво, типката на телефон не ме ни разбра што прашувам, ај некако се разбравме и ми вика, "ааа не немаме", јас и викам чекај бе, толкв бисниз со телефонски линии, интернет, телевизија,... а немате плаќање на на нет, нели е срамота бе и викам, почнува да се смее ко зелена, ..... да не одам до крај со цела дискусија, толкав бизнис со толку аматерско работење не ми се верува, и после некој друг ке им биде крив.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..хммм.., ај уште Василица , па дефинитивно олабаи со пијачката , почнуеш веќе неврзано да булазниш...од точка во точка се побиваш со слободен пазар,па менливи категории, функционална држава , бенефиции, глобализации , бисер писаќи машини...кармакараш напраи... :) :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
е со ова 100% се сложувам, можда ќе биде офф топик, ама не можам да се изначудам, пред некое време пребарувам дали infel.net.mk имаат начин да се плаќа телефонска сметка на нет и не можам да најдам, се јавувам директно да прашам дали имаат нешто такво, типката на телефон не ме ни разбра што прашувам, ај некако се разбравме и ми вика, "ааа не немаме", јас и викам чекај бе, толкв бисниз со телефонски линии, интернет, телевизија,... а немате плаќање на на нет, нели е срамота бе и викам, почнува да се смее ко зелена, ..... да не одам до крај со цела дискусија, толкав бизнис со толку аматерско работење не ми се верува, и после некој друг ке им биде крив.
Ете, после државата им била крива....
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Официјални албански радикални барања против Македонска државност и јазик. Ајде сега сите да се запишете на курс по албански јазик. Во спротивно сите ќе летате од работа. Благодарење на Зеев.

Барања на албанските партии: Дебата за државните симболи, усвојување резолуција за геноцид

На листата е и барање за употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта, промена на Уставот, усвојување на резолуција за спорот со името.

Плусинфо ● 13:24 07 јануари 2017 ● Прочитано 462
Албанските политички партии во Македонија ја усвоија заедничката платформа. Ја пренесуваме во целост платформата потпишана од Демократската унија за интеграција, Коалицијата Преродба со БЕСА и Алијансата за Албанците

1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

• Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

• Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија".

• Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

• Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

• Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
• Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
• Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
• Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

• Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
• Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди.
• Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

• Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
• Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

• Усвојување Заедничка и Обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
• Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите

• Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
• Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
• Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

• Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на Албанските Парламентарни Партии.

Тркалезната маса на Албанските Парламентарни Партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции.

Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

http://plusinfo.mk/vest/100980/baranja-na-albanskite-partii-debata-za-drzavnite-simboli-usvojuvanje-rezolucija-za-genocid
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom