Кој знае тек како е у Хрватска. Ireal сигурно наскоро ќе извести колку е и тамо власта сто пати полоша во своите обврски кон граѓаните отколку тука.
Хаос на патиштата низ Македонија, блокиран автопатот Велес-Скопје
Дел од патните правци низ земјава се делумно или целосно затворени за сообраќај, а сообраќајот низ целата земја се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
Според последниот извештај на АМСМ, забрани од утрово од 04:45 часот има на автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула каде има заглавено повеќе возила. Сообраќајот е во прекин и на регионален пат Тетово- Јажинце кај село Јажинце поради обилни врнежи од снег.
Од утрово од 6 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси. Затворен за сите видови патнички товарни возила е патниот правец од Штипска петља до Катланово.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, Крива Паланка- граничен премин Деве Баир, Струга-Ќафасан, Катланово- Велес и обратно.
Сообраќајот на патниот правец Скопје- Велес, кој синоќа беше во прекин, е нормализиран само за патнички возила по една коловозна лента. Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци Кочани-Македонска Каменица- Делчево, Виница- Берово, Гостивар- Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија- Удово, Катланово- Велес, Крушево- Демир Хисар и Ресен- Буково. Исто така, се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.
Глејте
у Чикаго колку е срање. А вие тука го замарате господинот Груески со све и свашта, баш сега кога му гори под газот највише. Има он за метење позади него сега, али не снег.