Тоа ти се вика новинар без влакно на јазик. Одма право у центар, ни пет ни шест, го прашува како иде со кашлањето, па кога зареди, лом го напраи - која книга си ја читал, дали си се одморил... Здив не му даде на човекот за кој постојат индиции за најголеми злоупотреби на власта од римско време, па навака.
(секако, можеби главното прашање е - за кој новинар збориме ние? република и другите куртонски медиуми обично не потпишуваат новинари под нивните текстови. Замисли нормална држава, новинар добива мега-интервју со главниот човек у државата.......и не се потпишува
)
Иначе, може кладилница да се отвори на Кајгана за ладниов бран. Што ќе рикне прво? Кој дел од инфраструктурата? Колку населби одма ќе останат без струја, а колку без вода? Дали уопште ќе има интернет, тие денови кои се дешаваат еднаш у иљаду години?
Се шегувам само. Сите знаеме дека барокните стиропори ќе не заштитат.