Кочете малце другари... Гледам дека еден куп од вас не се во тек со настаните и се чудат поради изјавите на Ердоган!
Александар Дугин: Путин и предлага стратешко партнерство на Турција
Рускиот стратегист и политиколог Александар Дугин го посети Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и истакна дека рускиот претседател Владимир Путин и предлага стратешко партнерство на Турција и и ја подава својата рака на пријателство
08.11.2016 ~ 27.12.2016
Рускиот стратегист и политиколог Александар Дугин кој го следеше денешниот состанок на пратеничката група на владејачката АК Партија потоа ги прошета местата во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кои беа оштетени во реализираниот напад за време на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ каде што одговараше на прашањата на новинарите.
На едно прашање во однос на тоа дали донел било каква порака од рускиот претседател Владимир Путин, Александар Дугин истакна дека Путин ионака дава порака со својот начин на однесување.
Дугин рече: „Најзначајна порака на господинот Путин на Турција е таа што и предлага стратешко партнерство и и ја подава својата рака на пријателство. Тоа ионака го знае секој. Што значи стратешкото партнерство? Тоа треба да го истражуваат експерти и интелектуалните средини.“
На едно поставено новинарско прашање во однос на тоа дека „Турција е членка на НАТО и дали стратешкото партнерство не се коси со позицијата на Турција?“, рускиот стратегист и политиколог Александар Дугин одговори: „Тоа претставува ваша одлука. Вие сте независна национална држава. Знаете кои застануваат зад луѓето кои го бомбардираа Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ). Тоа апсолутно не е Русија.“
http://trtdns.com/makedonski/turtsija/2016/11/08/alieksandar-dughin-putin-i-priedlagha-stratieshko-partnierstvo-na-turtsija-606474
Крим ќе го посети делегација од Турција на чело со братучед на Ердоган
23 ноември 2016
Руска реч на македонски
Се работи за решителен чекор кон признавање на Крим како дел на Русија, изјави лидерот на Меѓународното евроазиско движење Александар Дугин.
Денес на Крим пристига турска делегација, која во својот состав има членови на турскиот парламент, претставници на владејачката партија, претставници на големиот бизнис и невладини организации - вкупно 27 лица. На нејзино чело ќе биде прв братучед на претседателот на Турција Мехмет Мутлу, изјави лидерот на „Меѓународното евроазиско движење“, филозоф и писател Александар Дугин,
пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета”.
„Посетата на висока турска делегација на Крим е сосема нова фаза“, смета Дугин. „Овојпат се работи за делегација на владејачката партија на Турција и за најблискиот соборец и роднина на Ердоган. Во суштина тоа е решителен чекор кон признавање на Крим во составот на Русија. И симптоматично е тоа што се случува истовремено со изјавата на Ердоган за прекин на процесот на интеграција во Европа, каде, впрочем, никој не сака ниту има намера да ја прими Турција, и за преориентирањето кон Шангајската организација за соработка. Ердоган е цврсто решен да го замени атлантскиот курс со евроазиски“, објаснува Дугин.
Посетата на турската делегација на Крим е организирана од страна на Меѓународното евроазиско движење. Пристигнувањето на гостите е потврдено од страна на извори од полициските органи и Советот на министри на Република Крим.
Според Дугин, доаѓањето на турската делегација ја потврдува сериозноста на намерите на Реџеп Таип Ердоган и неговиот дефинитивен избор помеѓу ставот на Русија во врска со Крим и желбата на еден од лидерите на кримскотатарскиот Меџлис Мустафа Џемилев со помош на Турција да ја дестабилизира ситуацијата на полуостровот.
„Мнозинството Кримски Татари кои живеат на територијата на Турција е длабоко и органски интегрирано во турското општество. Затоа, и покрај сета лојалност кон Москва по присоединувањето на Крим кон Русија, факторот Турција и натаму останува исклучително важен“, вели Дугин. “Целта на Ердоган е да се воспостави интензивна и активна социјална и трговска врска меѓу Турција и рускиот Крим. Со тоа е кажано сѐ. Очигледно е дека Анкара одлучи да испрати делегација откако добро ги измери сите можни последици. Самата посета е можна токму под услов на прифаќање на статусот на Крим и можноста за неговото официјално признавање во иднина“.
Турскиот гости ќе останат на Крим до петок, а планираат да се сретнат со водачите на кримскотатарските граѓански организации, претприемачи и раководството на Крим.
https://mk.rbth.com/news/2016/11/23/krim-kje-go-poseti-delegacija-od-turcija-na-chelo-so-bratuched-na-erdogan_650461