А
Атлантист
Гостин
Ова ти е сметка без крчмар.Празници се ближат, г'зови се лижат..........
Мала анализа од мене,
работата е толку комплицирана, што ни господ да дојде нема да може да ја оправе,
викате дека Грујо ќе дадел се само да остане на власт, што не верувам баш, ама не е невозможно
мислам дека опцијата СДСМ да дојде на власт е подобра за ВМРО во овој момент, ќе се создаде поголема критична маса за улична демократија, а на локалните избори ќе доживее дебакал, колку би издржала влада на СДСМ при такви услови, не верувам дека долго, освен ако не применува груба сила, со што ќе си го резервира столчето во опозиција за наредните неколку децении.
Сега ќе речете дека ќе оди во затвор, ако можеше така лесно да се стави некој во затвор, Зајко ќе беше првиот до сега, значи ништо и од затворот...
Тоа е, до следните парламентарни избори, има да биде “колеж“ на народот, додека политичарите ќе си ги чешлаат
Никаде во пресметките ги нема Албанските партии и Странскиот фактор.
Еве мое предвидување што ќе се случи. СДСМ ќе формира влада, со асистенција на Амбасадорите, како што интервенираа постојано од 2001 наваму кога и да се јави криза и во досегашните владини коаллиции.
Грујо & Компанија секако ќе завршат во затвор, дури и да има кочници за такво нешто од страна на новите власти. Ќе им биде наложено од надвор, исто како и на Србите кога мораа да го испорачаат Милошевиќ.
Новата влада нема многу да трае, ќе биде формирана само за оваа цел, да ги пикне предходнициве во затвор, потоа следуваат нови избори, можеби уште наредната година. Жал ми е за вас што го поддржувате ВМРО, но едноставно си ги преценија можностите, без странци и Албански партии не е можно да се формира влада дури и ако се има апсолутно мнозиство. Па уште и ќе играат на картата на Русија.
Секако уличната демократија ќе биде неизбежен декор.