Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И слеп при очи го гледа тоа. Очигледно е
Бејли и тој англискиот амбасадор на кого не сакам ни името да му го спомнам се најголемите креатори на хаосот во кој се наоѓа Македонија во последните 2 години. А се преставуваат како најголемите спасители.

Сите сме свесни затоа како работи Америка и Сорос на полето на рушењето влади.
Овде се работи за план на кој е креиран со години и се дадени многу пари за негова реализација. Но странските служби кога ке ти креираат таков план најчесто тој завршува успешно за многу кратко време. Под нив, влади паѓале за период од месец до два.

Но Груевски се покажа како доста жилав и оддолева на нивните напади веќе 2 години. Напаѓање на институциите на државата, средношколски протести, шарена револуција, кршење, рушење, прислушкувани разговори, кампување на опозиција пред влада со месеци, објава за наводно крадење на 450.000 гласа, режиран терористички напад, менување на неговите главни соработници во најклучните институции на државата, мигрантска криза и поплави за кои они не се виновни, но и те како ги трошат државните капацитети во ваков тежок период, креирање на пржинска (измама) договор и СЈО, негативна кампања, непризнавање на изборните резултати, прекршување на закони и рокови од страна на ДИК за изборниот процес, мешање на двајцата "спасители" во работата на државната комисија и обиди за менување на волјата на граѓаните и покрај јасно искажаната волја и најфер и демократските избори во историјата на изборите у светот.

Сево ова е партија шах, во која има многу жртви и полека се зазема просторот. Тие тајни служби се врвни и кога ке направат план за рушење на владата најчесто тој е потмогнат со уште еден бек ап план, и уште еден бек ап на претходниот и уште еден бек ап на третиот.

Мухамед Зекири преку Саудиска Арабија пренесе во Македонија помеѓу 20-30 милиони евра кои се поделени преку џамиите за гласови. Бујрум нека ми објасни некој 70.000 албанци во Брест, Арачиново, Диво Насеље, Сарај и други места од шеската ја препознаа програмата и визијата на СДС?
На крајот на краиштата ЗЗ кажа што им нуди на Албанците во Македонија, но јас не слушнав што им нуди на Македонците во Македонија?
Преку јавноста и социјалните медиуми е креирана слика (нормално од надвор) дека ние живееме под "режим" во кој секој си прави што си сака, секој збори и пишува што сака. Али нели, живееме под режим.
И сега доаѓаме во ситуација на раб на граѓанска војна, во која би учествувале македонци и албанци против македонци. За ова фали многу малку, еден изолиран инцидент, као тепачка у автобус или боцкање со нож и се ке ескалира.

Америка во ЗЗ избра личност преку која ке ги спроведува нејзините политики. Доколку он биде премиер тогаш се менува името, грбот, химната на Македонија, ке се инјектираат 15-20.000 албанци кои ке влезат во администрацијата и ке се зборува албански во Штип, Кочани, Кратово, Паланка, Прилеп, Битола, Струмица, потпретседател на собрание а можеби и претседател - Албанец, министри на клучни ресори ке бидат албанци. Ова е веќе договорено, само треба да се стигне до позициите и потоа следува реализација. Тоа би се случило најдоцна за година ипол од сега.

И народот подоцна ќе се свести, но возот ке биде заминат. Ке нема назад.
Се шушка навелико дека преку гатачката каде што одеше премиерот на сеанси, Сорос и компанија преку сублиминални пораки му е импутирано да има желба за Мерцедес, плацови на Водно и останати материјални искушенија и да прави неморални работи како заплашување, агитација на народ, амнестија на терористи итн, итн.
Лично Иван ми кажа дека сега е кај него на сеанси и веќе е излекуван човекот.( Пу, пу скраја да е)
Затоа мислам дека ако успее сега да се задржи на власт, судот ќе го земе во обзир лошите магии и заедно ќе се изборат за заедничка Македонија.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Добро поткован и начитан од „проверени“ извори на информации.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=96A861FCC4F6344885EC7CA33178AC2C
Мирко ги нахранил вчера.
Со тоа што збори за некои две нови тетки „цијашки“ во амбасадата на Кале, што не им иде у прилог баш.
На нивото на омраза и навреди содржани во текстов дури и Шешељ ќе му позавиди.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Нема никој на форумот од теарце да ни каже што се случува таму...
Имаше вест на тв Афа. Насловот беше - граѓаните од Теарце сведочат дека немало манипулации
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.817
Се шушка навелико дека преку гатачката каде што одеше премиерот на сеанси, Сорос и компанија преку сублиминални пораки му е импутирано да има желба за Мерцедес, плацови на Водно и останати материјални искушенија и да прави неморални работи како заплашување, агитација на народ, амнестија на терористи итн, итн.
Лично Иван ми кажа дека сега е кај него на сеанси и веќе е излекуван човекот.( Пу, пу скраја да е)
Затоа мислам дека ако успее сега да се задржи на власт, судот ќе го земе во обзир лошите магии и заедно ќе се изборат за заедничка Македонија.
Во недостиг на контра аргументи и неспособноста да се признае кога не си во право, интелектуално инфериорните ја избегнуваат темата на мубет за која немаат аргументи да ја докажат својата теза, па најчесто прибегнуваат кон катастрофален хумор.
 
W

wicked_1

Гостин

Се шушка и ова, ама го нема во колумните на чичко мирко. :toe:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Во недостиг на контра аргументи и неспособноста да се признае кога не си во право, интелектуално инфериорните ја избегнуваат темата на мубет за која немаат аргументи да ја докажат својата теза, па најчесто прибегнуваат кон катастрофален хумор.
:lolzz:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.180
Поени од реакции
16.312
не се само изборите, има најава дека СЈО по нова година ќе го земе случајот СОПОТ ...јасно дека нема намера а ниту способност да ги открие вистинските виновници, туку работата ќе се движи во докажување дека за погрешно осудените за време на СДСМ е виновна Дпмне зошто не им дала обештетување, а СЈО ќе бара осуда на дпмне ама не и докажување кој е виновен за погрешната истрага и пресуда во времето на сдсм .. а впрочем како ќе се докаже дека пресудата за време на сдсм е погрешна ако не се позанимава со начинот на истрагата тогаш ??
Еве како даваат обештетување во УСА, 75$ за 31 година затвор на невино лице
Американецот Лоренс Мекини, кој е пуштен на слобода по 31 година минати во затвор иако не сторил никакво кривично дело, доби отштета од 75 долари, јави Си-Ен-Ен.
 
S

silmarillion

Гостин
Не бе, баш Бејли, Сорос и Герет ептен се загрижија за твојот добробит и убав живот и иднината на македонскиот народ. Ако веруваш во тоа дека британец и американец се грижат за нечие туѓо добро освен за нивното и се ова го праат за да ни помогнат пошо се многу добри и многу не сакаат и немаат интерес, тогаш што да ти кажам, иди легни си.

Види ги само земјите на кои им мислеа "добро", Украина, Либија, Тунис, Сирија, Ирак, Авганистан.
Што си напраил ти у животот твој па некој да те сака тебе или да се грижи за твојот добробит па уште странец да биде тоа?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Професионалното СЈО, она де што е независно и ништо налик обичното ЈО. (па и во благодарницата до овој поранешен осуденик вработен во СЈО за дебела плата има грешка ц ц ц). Прослава на СЈО во Ден и Ноќ
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Нека си слават луѓето, ако можат сите оние министерства и јавни претпријатија да прават илијадници евра сметки за еден ручек, оти СЈО еднаш годишно да не се „гоштева“, може последно ќе им биде.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Професионалното СЈО, она де што е независно и ништо налик обичното ЈО. (па и во благодарницата до овој поранешен осуденик вработен во СЈО за дебела плата има грешка ц ц ц). Прослава на СЈО во Ден и Ноќ
Да, од ова се распадна државава. Не од ЈО на зврле, што само тие не можат да видат криминал, а сите други гледаат.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не бе, баш Бејли, Сорос и Герет ептен се загрижија за твојот добробит и убав живот и иднината на македонскиот народ. Ако веруваш во тоа дека британец и американец се грижат за нечие туѓо добро освен за нивното и се ова го праат за да ни помогнат пошо се многу добри и многу не сакаат и немаат интерес, тогаш што да ти кажам, иди легни си.

Види ги само земјите на кои им мислеа "добро", Украина, Либија, Тунис, Сирија, Ирак, Авганистан.
Не другар, ако дошло време странци да не спасуваат сме го обрале бостанот. Мене тоа ми е кристално јасно. Но и исто така кристално јасно ми е дека
а) истото ќе биде и Трамп лично да е амбасадор место Бејли
б) Груевски со неговата гарнитура е канцерот на Македонија а не некојси херој, маченик, не знам што.

Смешен си со ова недостаток на аргументи но како што имам гледано од други теми, ревносен фан си на Поддржикоњ така да џабе е што и да ти се каже. Уживај во мислата дека Зекири тетратката е главен разнебитувач на Македонија.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.160
Поени од реакции
3.394
Имаше вест на тв Афа. Насловот беше - граѓаните од Теарце сведочат дека немало манипулации
Не гледам Алфа, само Латас:D

Гледам дека пак го мрсите за СЈО, па да прокоментирам малку

Пред некој ден Зајко бараше иземање на обвинителот, оти нели се води судска постапка против него,
е сега што ќе правиме кога и Грујо ќе бара иземање на СЈО (обвинителите) оти и против нив се води судска постапка:kuracc:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Пред некој ден Зајко бараше иземање на обвинителот, оти нели се води судска постапка против него, е сега што ќе правиме кога и Грујо ќе бара иземање на СЈО (обвинителите) оти и против нив се води судска постапка:kuracc:
Ех.. ова ептен арно го кажа... Што кога ќе се изземат сите обвинители... ќе нема кој да води процец „бога ти“... Арна финта. На суд секој нека бара изземање, додека има обвинители. После нема кој да тужи.. и завршен процес. Или па да се одложуваат процеси затоа што тужениот бил на пат, или од партиски активности, како Заев. Значи, планираш 2 недели одмор, па го извесуваш судот дека нема да можеш да присуствуваш.. си уплатил, кој ќе го покрие трошокот? Или партиски (домаќински) активности... треба да се вароса дома... или да се ископа нивата... Или па судот нека прати аргати и мајстори на свој трошок да ги среди „партиските“ активности.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom