Научна фантастика

D

Daedalus

Гостин
Научната фантастика е тешка за дефинирање, различни теми во рамките на жанрот и различни подврсти на истиот имаат допирни точки во различни множества. Колку повеќе се навлегува во дефинирање на основните елементи, толку повеќе се тоне во бездната. Научната фантастика опфаќа различни теми (вонземјани, роботи, вештачка интелигенција, патување низ времето, мутанти, непознати сили, мрачни тајни за антички цивилизации, дистописки општества) и различни поджанрови како на пример сајберпанк, дизелпанк, стимпанк, научно фантастични вестерни, вселенска опера итн...
Бидејќи нема тема (или барем не најдов) за научната фантастика како филмски жанр, се одлучив да отворам таква. Најверојатно колку и да пробувам да опфатам сѐ, нема да успеам да спомнам многу работи, опростете фанови на научната фантастика, дополнувајте ме, поправајте ме и пред сѐ, отворете дискусија. Ја скромно ќе пробам да опфатам колку што можам и што можам, има многу за лафење и сигурно има доста тука коишто знаат многу повеќе околу темава.

Научната фантастика како филмски жанр, може да се разгледува тематски или хронолошки. Ако се разгледува хронолошки, карактеристично е тоа што во одредени историски периоди, паралелно со науката како епистемиолошка алатка, развојот на технологијата и промената на социо-економските динамици, уметноста и етиката добивале своја форма во литературата и филмовите, нешто што го одразувало духот на тогашните времиња.

На пример, почетоците на научната фантастика како филмски жанр се во период кога технологијата сѐ уште не била доволно развиена за да се размислува визионерски околу одредени теми кои денес се актуелни. Првиот научно фантастичен филм е „Патување до Месечината“, од Жорж Мелијес, направен во 1902 година.
Тогашната опседнатост со месечината била забележлива и во литературата (Жил Верн и Велс), а била актуелна како тема во многу филмови пред истата да се преточи во реалност, 1969 година.

Во 20-ите, футуризмот бил еден од водечките уметнички правци којшто очекувано следел после Првата светска војна и бил влијателен за време на Втората. Истата декада, излегува еден од најкултните научно фантастични филмови „Метрополис“ од Фриц Ланг, филм којшто е понапред од своето време во секој поглед, истиот ја отсликува преокупираноста на луѓето со технолошкиот напредок помеѓу двете светски војни, со тежок симболизам и индиректна критика насочена кон капитализмот и индустријализацијата.

За време на 30-ите и 40-ите, во научната фантастика се отскликува стравот од можностите луѓето да сакаат да го надминат Бог и да си играат со природните закони што на пример се одразува во „Франкенштајн“, направен според истоимената новела од Мери Шели. Научната фантастика уште од почетокот, била во добра комбинација со хорор жанрот бидејќи стравот од непознатото и моќта во погрешни раце (Forbidden Planet подоцна во 50-ите) бил во добра комбинација со предметот на стравот, во случајов технолошкиот напредок (Doctor X, Dr. Cyclops...). Секако, за секое зло, мора да постои добро кое ќе даде надеж на секојдневниот Џо, поради што, на сцена настапиле суперхероите како Флеш Гордон. Стравовите од моќта во погрешни раце, се покажале оправдани во 1945-ата година.

Во 50-ите, опседнатоста со вонземјаните, студената војна и можните резултати од нуклеарна катастрофа, го обележуваат своето влијание во научната фантастика. Тоа е период во којшто постои трката во вселената како резлутат на компетитивноста помеѓу Америка и Русија што воедно се манифестира на филмското платно или во форма на критика (The Day the Earth Stood Still) или во форма на појачување на паранојата („The Body Snatchers“, „Invasion, U.S.A.“ и други), прикажана како сценарио во кое вонземјаните ја освојуваат и уништуваат Земјата, а во повеќето од случаите, вонземјаните биле симбол за, за? Р..

Филмови од тоа време со таква тематика се: „The War of the Worlds“, „Invaders from Mars“, „It Came from Outer Space“, „Тhey Came from Beyond Space“ и ред други. Тогаш излегува и „The Thing from Another World“, филм којшто подоцна ќе биде преработен од Карпентер. Еден од најкултните научно фантастични филмови, „Forbidden Planet“, излага како адаптација на „The Tempest“ од Шекспир и е еден од најуспешните филмови таа декада.


Стравот од нуклеарна катастрофа или друг вид на „научните експерименти отидоа во погрешен правец“ сценарио, се среќава во филмови со мутанти и антички чудовишта кои демнеат од темнината („Them!“, „Tarantula“, „The Fly“, „Creature From the Black Lagoon“, „Godzilla“ итн...). Тој период се прават многу филмови инспирирани од Жил Верн и Велс.

60-тите и 70-тите се скок кој е едно 9000 нивоа погоре. Оваа доба од научната фантастика е одбележана од ремек делата на Тарковски („Solaris“ и „Stalker“), Лукас („THX-1138“ и „Војна на ѕвездите“), Спилберг („Е.Т.“,„Twilight Zone“, „Back to the Future“, „Close Encounters of the Third Kind“), Карпентер („Dark Star“, „The Thing“), тогаш излегува првиот „Star Trek: The Motion Picture“ од Роберт Вајс, „Планета на Мајмуните“ и ред ремек дела како „2001: A Space Odyssey“, „A Clockwork Orange“ и „Dr. Strangelove“ од Кјубрик, „ Logan's Run“, „Soylent Green“ (SOYLENT GREEN IS PEOPLE), „Westworld“, „Futureworld“, „Alien“ од Ридли Скот, „Demon Seed“, „Capricorn One“, „Fahrenheit 451“, „Superman“, „Mad Max“, „Sleeper“ бидејќи Вуди Ален сакал да си ја испроба среќата со sci fi комедии, како и ред други. Бог нека ми прости ако сум пропуштил многу битни филмови, пошто ќе пропуштам уште толку повеќе ко што ќе идам натака.


80-ти и 90-ти, сајберпанкот станува актуелен во комбинација со развојот на технологијата, медицината и тогашната култура и филозофија на живеење (пост-индустриска и електро индустриска култура, готик и цело тоа комбо) што се одразува и во новели како серијалот „Neuromancer“ од Вилијам Гибсон и книги како „Snow Crash“ од Нил Стивенсон. Ридли Скот го прави „Blade Runner“, Тери Гилијам ги вади „Brazil“ и „12 Мonkeys“, излага „Total Recall“,Стар Трек тераат, Џејмс Камерон го вади серијалот „Терминатор“, Линч ја вади ужасната филмска верзија на „Дина“ откако Ходоровски не успева со својот делузионен и грандиозен план, Лукас тера со западната верзија на јин и јанг, Жан Пјер Жанет ги вади неговите карактеристични дистописки филмови („Delicatessen“, „The City of Lost Children“), а тука му парира и Кроненберг со „Scanners“, „Videodrome“, „The Fly“ (римејк на тој од 50-ти) и „еXistenZ“, излага „Паркот Јура“, „Dark City“, „Starship Тroopers“, „The Fifth Element“, „Johnny Mnemonic“ (според истоимената прича од Гибсон), „Stargate“, „Gattaca“ и многу други филмови.


Матрикс го обележува крајот на 20-ти век, а 21 век почнува со многу супер ефекти, филмови со суперхерои (DC и Marvel) и режисери како Ридли Скот, Нолан, Камерон, Џеј Џеј Ејбрамс и филмови како „Children Оf Мen“, „Interstellar“, „District 9“, „A.I.: Artificial Intelligence“, „Donnie Darko“, „Minority Report“, „Inception“.„ Eternal Sunshine of the spotless mind“, „Cloud Atlas“ и ред други.

Кои се ваши омилени научно фантастични филмови?
Дали преферирате одреден поджанр, тематика или други елементи кога гледате научно фантастичен филм?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.545
Поени од реакции
87.744
Кога ќе ми го спомнат SCI Fi жарнот, обично одма ми текнува на Стар Ворс, Флеш Гордон, Стар Трек, Блејд Ранер, значи филмови што имаат нешто поврзано со вселената, вонземјаните, или пак дејства што се случуваат далеку во иднината.
Тука според мене никако не можам да ги ставам Паркот Јура, The Thing (иако има поврзаност со вонземјани, сепак е класичен хорор филм), The Fly, Tarantula и уште неколку што погоре се набројани

Овој A Trip To The Moon го имам неколку пати гледано, навистина ефектите за тоа време се граундбрејкинг. Можам повторно и повторно да го гледам, пак ќе ми биде интересен. Занимливо е да видиш како луѓето гледале кон вселената и месечината пред 110 години... филмов е уште пред Илинденското востание, значи додека ние сме се бореле тука со османлиите, французиве веќе мислеле длабоко во иднината... пусто турско :/

За мене најдобри научно фантастични филмови се Блејд Ранер, Стар Ворс, Терминатор, 2001 Кјубрик, Планетата на Мајмуните...
Сеуште ги немам чепнато Стар Трек, и овие постариве филмови од 50'тите и 60'тите, али ќе биде и тоа кај и да е :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
За мене фантастиката, и научната и епската се најдобри филмско-литературни жанрови кои сум ги сретнал. За мене претставуваат најдобра форма на ескапизам од секојдневието кое уште од мал сметам дека е срање заедно со повеќето луѓе во него.
Книгите кои ги читав на почеток пред да се иницирам за мене беа токму тоа, ескапизам и забава без нешто многу да се оддавам на размислување за позадинската смисла, односно колку и да можел да ми сфати предшколскиот мозок. Книгите беа воглавно тие што можев да ги најдам во локалното библиотекче ко Dune, Џекил и Хајд, Артур Гордон Пим. Имав фаќано и уживано во многу сај фај филмови уште тогаш ко Star Wars и Star Trek

Али она што ме завлече и ме направи тежок зависник беа дефинитивно филмовите The Phantom Menace и Lost in Space. И не ме боли кур какви се критиките и размислувањата на било кој во врска со филмовите, за мене, во тоа време Phantom Menace беше најдоброто нешто на светот. Го гледав на рандом со татко ми во кино и од тогаш едноставно морав да го имам на video CD. После тоа се до пројавувањето на првите двд-теки и интернетот се што правев беше одење по библиотеки (оваа тука се затвори) и купување Дневник поради ТВ-прилогот Антена за да можам да си го организирам времето и да можам да ги гледам сите сај фај филмови што ќе ги има таа недела. Многу им љубоморев на тие со кабелска.

Од кога искочи интернетот досега ретко да немам гледано некој филм од било која фантастика а star wars редовно ги гледам маратонски додека сериите од кои rebels ја следам а Clone Wars ја имам пројдено 3-4 пати. И иам прочитано се од expanded universe-от барем по еднаш, и добро и лошо. И све иам играно/изиграно. И за мене Star Wars е најдобра франшиза на сите времиња. Имам уживано во секое Star Wars гомно и сум го сркал со задоволство. И ќе продолжам да ги сркам. Сеуште го неам гледано Rogue One и планирам да го гледам и да уживам во него и да бидам комплетно biased и да игнорирам дека е најнепотребниот филм(Ко да направиш спин-оф серија за времињата кога Давос од ГоТ шверцал кромид.) на сите времиња.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Сајберпанк е геј.

Шознам, скоро се горе имам изгледано.
Омилени ми се сите од Кубик, Трминанторите, Ѕвездени Патеки и се што е така подистописки.

Незнам дали филмовите како Армагедон или Deep Impact (со метеори и крај на свет) може да ги сметаме за скај фај?

Заборави Мисија на Марс и Аутостоперски водич низ Галаксијата (книгата ми е супер - филмот...) серии како Lost, X - Files, други не ми текнува не сум пиен кафе.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Кога ќе ми го спомнат SCI Fi жарнот, обично одма ми текнува на Стар Ворс, Флеш Гордон, Стар Трек, Блејд Ранер, значи филмови што имаат нешто поврзано со вселената, вонземјаните, или пак дејства што се случуваат далеку во иднината.
Тука според мене никако не можам да ги ставам Паркот Јура, The Thing (иако има поврзаност со вонземјани, сепак е класичен хорор филм), The Fly, Tarantula и уште неколку што погоре се набројани
Научната фантастика може да опфаќа сценарија во кои науката и технологијата довеле до некој пожелен или непожелен исход. У "The Fly" и "Tarantula" на пример, погрешно користење на технологијата доведува до мутација. У "Them!", тоа е радијација (ултимативно, пак погрешно користење на технологија).
Сајберпанк е геј.
Сајберпанк е геј.

Шознам, скоро се горе имам изгледано.
Омилени ми се сите од Кубик, Трминанторите, Ѕвездени Патеки и се што е така подистописки.
Поголемиот дел од сајберпанк сценаријата се дистописки по природа.
Шознам, скоро се горе имам изгледано.
Омилени ми се сите од Кубик, Трминанторите, Ѕвездени Патеки и се што е така подистописки.

Незнам дали филмовите како Армагедон или Deep Impact (со метеори и крај на свет) може да ги сметаме за скај фај?
И двата се скаj фај.
Заборави Мисија на Марс и Аутостоперски водич низ Галаксијата (книгата ми е супер - филмот...) серии како Lost, X - Files, други не ми текнува не сум пиен кафе.
Гледав да се задржам на играни филмови, иначе има пуно играни серии и цртани вредни за спомнување. :D
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
534
Поени од реакции
1.101
Оваа декада е најутепана за сај фај во последниве 3000 години пишана историја. Блумкамп беше умерено добар со Дистрикт 9, и тотално ја сјеба со Елисиум и Чапи. Кјубрик прави пари за пензија со глупости како Прометеј, којзнае колку ќе го сјебе новиот Блејд Ранер. Нолан е ајдук. И преку кур од овој тренд со А.И. и во филмови и во серии.

Единствен сај фај филм што вреди да се види од последниве години е Мун, од Данкан, помладиот. Страотен саунтранк од Клинт Мансел.
 
D

Daedalus

Гостин
Кјубрик прави пари за пензија со глупости како Прометеј, којзнае колку ќе го сјебе новиот Блејд Ранер.
Да не мислиш на Ридли Скот, Бог да го прости Кјубрик?

Мун е иначе стварно добар. Мене и „Interstellar“ не ми беше лош, ако ги изоставиш последните 30 минути, „љубовта победува све“ глупости што ги убаци Нолан. Ја лично го сакам Нолан, можда ми е еден од најдобрите понови режисери али знае да заебе многу лошо некад.
Има бе некои добри филмови задњава декада. „Inception“, „Mad Max: Fury road“ (овој го гледав едно 5-6 пати од што ми е добар), „Serenity“, „Children of Men“, „Cloud Atlas“... Не беа лоши и „The Martian“ и „Gravity“ ако уопште може да се сврстат у научна фантастика.

Трендот со A.И. ко хит у 60-ти, 70-ти и 80-ти е супер, сеа пак темата стануе актуелна само што нема добри филмови/серии околу тоа освен можда „Westworld“ што ми е у моментов најбољи sci fi серија заедно со „Black Mirror“. „Ex Machina“ на пример ми беше супер лош, исто и „Transcendence“ со лепиот. Сеа пошто е филм А.И. наравно дека го музат муабетот колку што можат. Исто е и со суперхерои и 3000 филма DC и Marvel годишно.
Али не веруем дека постојат уште многу теми коишто може да се користат ко нова мостра у sci fi. Жанрот е пресисан и мора да се рециклира тоа што више постои.
 
Последно уредено од модератор:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Interstellar е најдобар филм во овој жанр, можеби и најдобар филм воопшто снимен, ако не тогаш сигурно топ 5.
Јас уопште не поштувам sci-fi ама Interstellar е ремек дело. За мене убедливо најдобар филм на 21от век.
 
D

Daedalus

Гостин
Interstellar е најдобар филм во овој жанр, можеби и најдобар филм воопшто снимен, ако не тогаш сигурно топ 5.
Јас уопште не поштувам sci-fi ама Interstellar е ремек дело. За мене убедливо најдобар филм на 21от век.
Интерстелар ти е најдобар филм у овој жанр пошто немаш гледано многу филмови у овој жанр. Не е лош, ама многу далеку е од најдобар филм у овој жанр. :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Interstellar е најдобар филм во овој жанр, можеби и најдобар филм воопшто снимен, ако не тогаш сигурно топ 5.
Јас уопште не поштувам sci-fi ама Interstellar е ремек дело. За мене убедливо најдобар филм на 21от век.
Интерстелар не е најдобар филм во овој жанр.
Никогаш не бил, никогаш нема да биде.
Не е најдобар филм воопшто снимен и никогаш нема да биде најдобар филм воопшто снимен.
Тебе ти е затоашто уопште не поштоваш sci fi, и затоашто во голем дел од филмот преовладува драма над science fiction елементот.

ТНГ е најдоброто нешто што постои во science fiction културата.
Одма зад петици му е оригиналната Star Wars трилогија.
Ама искрено, овие две се толку многу блиску по квалитет, што само прашање на вкусови пресудува која е #1.
Мене лично ми е ТНГ заради тоа што подраг ми е exploring концептот отколку воените милитантни побуди на Star Wars.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Многу се палите на грандиозни веќе established наслови (рече саркастично откако изјави вечна љубов на Star Wars) ама chronicle беше добар, оригинален филм.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.545
Поени од реакции
87.744
Interstellar е најдобар филм во овој жанр, можеби и најдобар филм воопшто снимен, ако не тогаш сигурно топ 5.
Јас уопште не поштувам sci-fi ама Interstellar е ремек дело. За мене убедливо најдобар филм на 21от век.
Ти чедо Божјо, колку сај фај филмови имаш изгледано? :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Али не веруем дека постојат уште многу теми коишто може да се користат ко нова мостра у sci fi. Жанрот е пресисан и мора да се рециклира тоа што више постои.
Али опциите да се рекомбинира и модифицира се многу поголеми. Ни првите сај-фај филмови не се толку оригинални, ала Херкулес = Супермен. BvS не беше срање пошто ги имаше Bats и Supes туку пошто беше трејлер за Justice League долг 17 саати и OMG YOUR MOM'S NAME IS MARTHA TOO? :O HOLYFUCKDUDEWESHOULDBEFRIENDS. Затоа треба да гледаш Dirk Gently's Holistic Detective Agency и да ти се допадне.
 
D

Daedalus

Гостин
Али опциите да се рекомбинира и модифицира се многу поголеми. Ни првите сај-фај филмови не се толку оригинални, ала Херкулес = Супермен. BvS не беше срање пошто ги имаше Bats и Supes туку пошто беше трејлер за Justice League долг 17 саати и OMG YOUR MOM'S NAME IS MARTHA TOO? :O HOLYFUCKDUDEWESHOULDBEFRIENDS. Затоа треба да гледаш Dirk Gently's Holistic Detective Agency и да ти се допадне.
Да, али А. И. више е опширна тема, во рамките на тоа има многу варијации, дали Хал или Протеус се свесни, дали некој си ја аплоуднал свеста, дали свеста е у форма на јонизиран гас ко у Соларис, дали работи на гориво кое е бесконечна неверојатност, е робот и сл. али општата тема „свесно/несвесно" е таа. Ја зборев за клучните концепти што не можат да се редуцираат, суперхерој е суперхерој, Херкулес бил или Супермен (јес да мене сите суперхерои не ми се сај фај) иначе вака има милион комбинации кои зависат од темата и содржината
 

Kajgana Shop

На врв Bottom