D
Daedalus
Гостин
Научната фантастика е тешка за дефинирање, различни теми во рамките на жанрот и различни подврсти на истиот имаат допирни точки во различни множества. Колку повеќе се навлегува во дефинирање на основните елементи, толку повеќе се тоне во бездната. Научната фантастика опфаќа различни теми (вонземјани, роботи, вештачка интелигенција, патување низ времето, мутанти, непознати сили, мрачни тајни за антички цивилизации, дистописки општества) и различни поджанрови како на пример сајберпанк, дизелпанк, стимпанк, научно фантастични вестерни, вселенска опера итн...
Бидејќи нема тема (или барем не најдов) за научната фантастика како филмски жанр, се одлучив да отворам таква. Најверојатно колку и да пробувам да опфатам сѐ, нема да успеам да спомнам многу работи, опростете фанови на научната фантастика, дополнувајте ме, поправајте ме и пред сѐ, отворете дискусија. Ја скромно ќе пробам да опфатам колку што можам и што можам, има многу за лафење и сигурно има доста тука коишто знаат многу повеќе околу темава.
Научната фантастика како филмски жанр, може да се разгледува тематски или хронолошки. Ако се разгледува хронолошки, карактеристично е тоа што во одредени историски периоди, паралелно со науката како епистемиолошка алатка, развојот на технологијата и промената на социо-економските динамици, уметноста и етиката добивале своја форма во литературата и филмовите, нешто што го одразувало духот на тогашните времиња.
На пример, почетоците на научната фантастика како филмски жанр се во период кога технологијата сѐ уште не била доволно развиена за да се размислува визионерски околу одредени теми кои денес се актуелни. Првиот научно фантастичен филм е „Патување до Месечината“, од Жорж Мелијес, направен во 1902 година.
Во 20-ите, футуризмот бил еден од водечките уметнички правци којшто очекувано следел после Првата светска војна и бил влијателен за време на Втората. Истата декада, излегува еден од најкултните научно фантастични филмови „Метрополис“ од Фриц Ланг, филм којшто е понапред од своето време во секој поглед, истиот ја отсликува преокупираноста на луѓето со технолошкиот напредок помеѓу двете светски војни, со тежок симболизам и индиректна критика насочена кон капитализмот и индустријализацијата.
За време на 30-ите и 40-ите, во научната фантастика се отскликува стравот од можностите луѓето да сакаат да го надминат Бог и да си играат со природните закони што на пример се одразува во „Франкенштајн“, направен според истоимената новела од Мери Шели. Научната фантастика уште од почетокот, била во добра комбинација со хорор жанрот бидејќи стравот од непознатото и моќта во погрешни раце (Forbidden Planet подоцна во 50-ите) бил во добра комбинација со предметот на стравот, во случајов технолошкиот напредок (Doctor X, Dr. Cyclops...). Секако, за секое зло, мора да постои добро кое ќе даде надеж на секојдневниот Џо, поради што, на сцена настапиле суперхероите како Флеш Гордон. Стравовите од моќта во погрешни раце, се покажале оправдани во 1945-ата година.
Во 50-ите, опседнатоста со вонземјаните, студената војна и можните резултати од нуклеарна катастрофа, го обележуваат своето влијание во научната фантастика. Тоа е период во којшто постои трката во вселената како резлутат на компетитивноста помеѓу Америка и Русија што воедно се манифестира на филмското платно или во форма на критика (The Day the Earth Stood Still) или во форма на појачување на паранојата („The Body Snatchers“, „Invasion, U.S.A.“ и други), прикажана како сценарио во кое вонземјаните ја освојуваат и уништуваат Земјата, а во повеќето од случаите, вонземјаните биле симбол за, за? Р..
Филмови од тоа време со таква тематика се: „The War of the Worlds“, „Invaders from Mars“, „It Came from Outer Space“, „Тhey Came from Beyond Space“ и ред други. Тогаш излегува и „The Thing from Another World“, филм којшто подоцна ќе биде преработен од Карпентер. Еден од најкултните научно фантастични филмови, „Forbidden Planet“, излага како адаптација на „The Tempest“ од Шекспир и е еден од најуспешните филмови таа декада.
Стравот од нуклеарна катастрофа или друг вид на „научните експерименти отидоа во погрешен правец“ сценарио, се среќава во филмови со мутанти и антички чудовишта кои демнеат од темнината („Them!“, „Tarantula“, „The Fly“, „Creature From the Black Lagoon“, „Godzilla“ итн...). Тој период се прават многу филмови инспирирани од Жил Верн и Велс.
60-тите и 70-тите се скок кој е едно 9000 нивоа погоре. Оваа доба од научната фантастика е одбележана од ремек делата на Тарковски („Solaris“ и „Stalker“), Лукас („THX-1138“ и „Војна на ѕвездите“), Спилберг („Е.Т.“,„Twilight Zone“, „Back to the Future“, „Close Encounters of the Third Kind“), Карпентер („Dark Star“, „The Thing“), тогаш излегува првиот „Star Trek: The Motion Picture“ од Роберт Вајс, „Планета на Мајмуните“ и ред ремек дела како „2001: A Space Odyssey“, „A Clockwork Orange“ и „Dr. Strangelove“ од Кјубрик, „ Logan's Run“, „Soylent Green“ (SOYLENT GREEN IS PEOPLE), „Westworld“, „Futureworld“, „Alien“ од Ридли Скот, „Demon Seed“, „Capricorn One“, „Fahrenheit 451“, „Superman“, „Mad Max“, „Sleeper“ бидејќи Вуди Ален сакал да си ја испроба среќата со sci fi комедии, како и ред други. Бог нека ми прости ако сум пропуштил многу битни филмови, пошто ќе пропуштам уште толку повеќе ко што ќе идам натака.
80-ти и 90-ти, сајберпанкот станува актуелен во комбинација со развојот на технологијата, медицината и тогашната култура и филозофија на живеење (пост-индустриска и електро индустриска култура, готик и цело тоа комбо) што се одразува и во новели како серијалот „Neuromancer“ од Вилијам Гибсон и книги како „Snow Crash“ од Нил Стивенсон. Ридли Скот го прави „Blade Runner“, Тери Гилијам ги вади „Brazil“ и „12 Мonkeys“, излага „Total Recall“,Стар Трек тераат, Џејмс Камерон го вади серијалот „Терминатор“, Линч ја вади ужасната филмска верзија на „Дина“ откако Ходоровски не успева со својот делузионен и грандиозен план, Лукас тера со западната верзија на јин и јанг, Жан Пјер Жанет ги вади неговите карактеристични дистописки филмови („Delicatessen“, „The City of Lost Children“), а тука му парира и Кроненберг со „Scanners“, „Videodrome“, „The Fly“ (римејк на тој од 50-ти) и „еXistenZ“, излага „Паркот Јура“, „Dark City“, „Starship Тroopers“, „The Fifth Element“, „Johnny Mnemonic“ (според истоимената прича од Гибсон), „Stargate“, „Gattaca“ и многу други филмови.
Матрикс го обележува крајот на 20-ти век, а 21 век почнува со многу супер ефекти, филмови со суперхерои (DC и Marvel) и режисери како Ридли Скот, Нолан, Камерон, Џеј Џеј Ејбрамс и филмови како „Children Оf Мen“, „Interstellar“, „District 9“, „A.I.: Artificial Intelligence“, „Donnie Darko“, „Minority Report“, „Inception“.„ Eternal Sunshine of the spotless mind“, „Cloud Atlas“ и ред други.
Кои се ваши омилени научно фантастични филмови?
Дали преферирате одреден поджанр, тематика или други елементи кога гледате научно фантастичен филм?
Бидејќи нема тема (или барем не најдов) за научната фантастика како филмски жанр, се одлучив да отворам таква. Најверојатно колку и да пробувам да опфатам сѐ, нема да успеам да спомнам многу работи, опростете фанови на научната фантастика, дополнувајте ме, поправајте ме и пред сѐ, отворете дискусија. Ја скромно ќе пробам да опфатам колку што можам и што можам, има многу за лафење и сигурно има доста тука коишто знаат многу повеќе околу темава.
Научната фантастика како филмски жанр, може да се разгледува тематски или хронолошки. Ако се разгледува хронолошки, карактеристично е тоа што во одредени историски периоди, паралелно со науката како епистемиолошка алатка, развојот на технологијата и промената на социо-економските динамици, уметноста и етиката добивале своја форма во литературата и филмовите, нешто што го одразувало духот на тогашните времиња.
На пример, почетоците на научната фантастика како филмски жанр се во период кога технологијата сѐ уште не била доволно развиена за да се размислува визионерски околу одредени теми кои денес се актуелни. Првиот научно фантастичен филм е „Патување до Месечината“, од Жорж Мелијес, направен во 1902 година.
Тогашната опседнатост со месечината била забележлива и во литературата (Жил Верн и Велс), а била актуелна како тема во многу филмови пред истата да се преточи во реалност, 1969 година.Во 20-ите, футуризмот бил еден од водечките уметнички правци којшто очекувано следел после Првата светска војна и бил влијателен за време на Втората. Истата декада, излегува еден од најкултните научно фантастични филмови „Метрополис“ од Фриц Ланг, филм којшто е понапред од своето време во секој поглед, истиот ја отсликува преокупираноста на луѓето со технолошкиот напредок помеѓу двете светски војни, со тежок симболизам и индиректна критика насочена кон капитализмот и индустријализацијата.