Воен Удар во Турција

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Небулози на куп.Зајко, Трајко и други будалаштини.Очигледно не ја следиш состојбата во Турција.Ердоган беше тој кој што се бореше за курдските гласови, кој вети мал милион работи, демек почна со решавање на проблемите, ама од икс причини ја смени реториката и ги сопре процесите на помирување.Што се однесува до тие курди кои ги нарекуваш терористи, потсети се кои се најжестоки и најуспешни борци против ИСИС, во Сирија и Ирак.
Исто така, потстети се, кои беа најголеми жртви од терористички напади во Турција, оние во Суруч, во Анкара, и во Дијарбекир.Исто, може и да се потсетиш кој им беше логистика на ал-Нусра и ИСИС изминативе години, кој шверцуваше нафта со нив, кој им помагаше во Тел Абјад, Сереканије, Азаз, пред тие истите да се свртат против него.Можеш и да погледнеш каква деструкција направија војските во курдските градови и села, и како убиваа недолжни цивили.И јас не оправдувам насилство, но другата страна не сум сигурен оти дели цвеќиња и алтруизам.
И последната глупост, оти Русија се откажала од курдите.Напротив, во постојана комуникација се, и соработка, и со курдите во Ирак, и со тие во Сирија.САД, исто така, се сојузници на курдите, само побарај каде им се базите во Ирак и Сирија, и се ќе ти стане јасно.
Како и да е, некој овде го изгубил паметот, ама не ќе да се тоа курдите.
The organisation is considered a terrorist group by Turkey, the United States and the European Union. Крај на муабетот.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.432
The organisation is considered a terrorist group by Turkey, the United States and the European Union. Крај на муабетот.
Ааа, готово, штом кажал Чичо Сем и неговиот привезок ЕУ дека се терористи, мора тоа да се навистина.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
На, читајте туркофили, како вашиот другар исламист помина на крај (Реално!). Можете и у штаб на вашион сопственик да му го прочитате.

КРАЈОТ НА ОТОМАНСКИТЕ СОНИШТА НА ТУРЦИЈА
Отстапувањето пред руското влијание во Сирија е "ретко јавно понижување" за Ердоган и неговите амбиции да ја направи Турција светска дипломатска сила.


Иако се обиде да се коригира себе си, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е запишан како ги кажува овие едноставни зборови: "Ние влеговме во Сирија да ставиме крај на владеењето на Асад, и ништо повеќе". Дозволете ми да ве потсетам дека збор на претседател, премиер или министер за надворешни работи, е обврзувачки за државата под меѓународниот закон. Јасно е дека луѓе во таква позиција секој ден во огледало можат да си го повторуваат ова просто правило додека се бричат. Тие често пати се збунети околу разликата меѓу популистички говор на плоштад во мал град и водење на држава.

Турција, заедно со Русија и Ирак, неделава во Москва објавија дека нивна цел не е да се бара промена на режимот во Сирија, по сите овие години што Анкара ги мина во зуејќи "Асад ова, Асад она"... Според еден странски аналитичар ова е "јавно понижување што ретко кога може да се види". Навистина ретко се случува држава толку брзо да ја смени својата позиција во надворешната политика. А што е со изјавата на министерот за одбрана Фикри Исик? "Во тек е многу успешна операција за чистење на Алепо од милитанти". Како тој да ќе се приклучи на армијата на Асад за да маршира под заштитата на руските авиони.

Оние што ја следат партијата на Ердоган на социјалните медиуми го жалеа Алепо само пред еден ден, провладините медиуми го оплакуваа Алепо, постери во кои Путин беше опишан како убиец висеа на прозорците на државните училишта во Анкара... и одеднаш владата вети сојузништво со Русија. Исламистичките гласачи на владата се збунети. Тие повторно беа напуштени кога владата се откажа од Мави Мармара (бродот со кој турски активисти се обидоа да ја пробијат израелската блокада на Газа) затоа што се помири со Израел. А го погазија и ветувањето дека наскоро турските верници ќе се молат во Емеви џамијата во Дамаск.

Улогата по која партијата на Ердоган чезнее уште од почетокот на Арапската пролет повеќе не постои. Се променија и сценаристот и режисерот на филмот. Затоа и кастингот сега е многу поинаков. По нејзината пасивна улога за време на Студената војна, Турција повторно требаше да биде влијателна во својот регион, и пошироко. Турскиот премиер своевремено изјави "Ниту лист нема да мрдне во Блискиот Исток без Анкара да чуе за тоа или да одговори..." Да? Старата Турција на секуларната елита повеќе не постои; Турција сега е управувана од други. Точно? Ова беше "одлука која доаѓа од чисто небо" како во поемата што Ердоган ја читаше на глас.

Луѓето велеа дека сè ова се лаги, предупредуваа дека отворањето граници и замижувањето пред џихадистите ќе има сериозни последици; надворешната политика, како што забележаа другите, не е терен на кој можеме да ги одиграме нашите адолесцентни исламистички фантазии. Меѓутоа овие критичари беа обележани како "предавници". Сега, ти си во Москва, до Путин, фалејќи ја операцијата на Асад во Алепо. Ние не заслужуваме да бидеме владеени од толку недоволни, неспособни и бескрупулозни политики. Зборувајќи за постојаните членки на Советот за безбедност на О.Н. ти еднаш изјави: "Светот е поголем од петмина". Ова е точно. И Турција е поголема од тебе. Не мора никаде да бегаш. Прво, мора да го расчистиш кршот што го предизвика.

Ozgur Mumcu,
CUMHURIYET
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.432
Ние Балканците, посебно Македонците треба да бидеме најсреќни што е готово со влажните соништа на смрадов и неговите другарчиња. Ова ко ќе ве праша некој што направи Русија за Македонија, одговорете му.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Ние Балканците, посебно Македонците треба да бидеме најсреќни што е готово со влажните соништа на смрадов и неговите другарчиња. Ова ко ќе ве праша некој што направи Русија за Македонија, одговорете му.
Далеку се од готови влажните соништа за 17тата империја...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.432
Далеку се од готови влажните соништа за 17тата империја...
Можеби е рано да се донесе таков заклучок, каков што пишав, но мислам дека се надзираат првите знаци на неуспехот на неотоманизмот, на оваа дружина, на чело со Ердоган. Иако тоа е идеја која не умира. Важно сега им ја префрлија борбата во нивен двор и сега се работи баш за нивната држава, иако и тоа може да биде доста опасна ситуација. И некои други процеси се покренати, кои не се во прилог на Турција.

Дур се занимаваат таму, од тука ќе се далеку, а тоа е добро во секој случај.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.461
Поени од реакции
5.163
Не знам што да кажам за ова.Поголемо лицемерие не е возможно.Исто, јавно призна оти се соочуваат со потешкотии во освојувањето на ал-Баб, за тоа ги обвини САД и коалицијата.
Во меѓувреме во Македонија.
:pos:
Не сум сигурен дали му се лижи на Путин или Путин му кажал да го кажи ова.

Пред ден два шизово побара поддршка од САД за АлБаб. Го одбијаа.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Ердоган: Имаме докази дека САД соработуваат со ИСИС

Ова веќе наликува на вистински Монти Пајтон хумор.
Ова веќе мене ми изгледа на сериозна најава за смена на надворешниот курс на Турција. Ќе видиме како ќе одговори САД по промената на администрацијата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не знам што да кажам за ова.Поголемо лицемерие не е возможно.Исто, јавно призна оти се соочуваат со потешкотии во освојувањето на ал-Баб, за тоа ги обвини САД и коалицијата.
Во меѓувреме во Македонија.
Овие муџахедините скроз откачија, а ние ќе бидеме невидени кретени ако им удоволуваме во ваквите соципатски хистерии да гониме граѓани за искажано мислење.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Можеби е рано да се донесе таков заклучок, каков што пишав, но мислам дека се надзираат првите знаци на неуспехот на неотоманизмот, на оваа дружина, на чело со Ердоган. Иако тоа е идеја која не умира. Важно сега им ја префрлија борбата во нивен двор и сега се работи баш за нивната држава, иако и тоа може да биде доста опасна ситуација. И некои други процеси се покренати, кои не се во прилог на Турција.

Дур се занимаваат таму, од тука ќе се далеку, а тоа е добро во секој случај.
Ако се вратиме во 20тите години од 20 век, во времето на Грчката инвазија на Мала Азија или таканаречената војна за независност на Турција, ќе видиме дека Турција била пред колапс и спремна за делење меѓу големите сили, пред да се случи пресврт кој никој не го очекувал во моментот.

ПС. Не е неоотоманист Ердоан, туку пантурцист, тоа е битна разлика. Можеби приближувањето до Русија може да се објасни со тој факт.
 
S

silmarillion

Гостин
Ердоган: Имаме докази дека САД соработуваат со ИСИС

Ова веќе наликува на вистински Монти Пајтон хумор.
Russia says it has proof Turkey involved in Islamic State oil trade

http://www.reuters.com/article/us-mideast-crisis-russia-turkey-idUSKBN0TL19S20151202

Види РЕАЛНО како нивни партнер, може да има докази за координација меѓу САД и ИСИС :)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.432
ПС. Не е неоотоманист Ердоан, туку пантурцист, тоа е битна разлика. Можеби приближувањето до Русија може да се објасни со тој факт.
Јас Ердоган би го опишал повеќе како приврзаник на неоотоманизмот, отколку пантурцизмот. Барем колку што пратам, сите негови интереси и активности во надворешната политика се од неоотомански карактер. И партијата од која доаѓа ја следи таа идеологија и е нејзин промотор.

Што би те навело да мислиш дека Ердоган е пантурцист? И да е навистина, тогаш тој игра многу поголема и подволична улога од таа што ја гледаме. Можеби нешто ми промакнало од видик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom