Воен Удар во Турција

Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Тоа е најрадикалното крило, кое е отцепено од ПКК.Делува во урбани средини, и честопати ги користи овие методи, иако во другите случаи, грото од загинатите беа војници или полицајци.Сепак, некои курдски кругови тврдат оти имаат сеуште релации со ПКК, а и во самото ПКК постојат две струи.

Морам да кажам, дека јас воопшто не ги оправдувам ваквите напади, каде што жртви можат да бидат и недолжни граѓани.Целта во овој случај не ги оправдува средствата, а и отпорот мора да биде на поинаков начин, сосема различен од средствата кои ги користи Ердоган.Ваквите напади не се одлика на курдските движења, кои напротив, долг период се најголеми жртви на слични дејствија.

Инаку, жал ми е што Ердоган ја отера државата во ваква ситуација, кога нападите се секојдневие таму.Хранењето на терористички групи и радикални кругови, се враќа како бумеранг во негативна смисла.Тоа се докажало и покажало многупати во историјата.
Да но во секој случај ПКК е терористичка група така што не гледам некое возможно решение со нив од 2012 до 2014 Турција навистина се обиде да се договори со нив за некое решение но тие „како и секогаш„ нашле некој излез од решението и пак почнаа со нападите врз невини луѓе а од другата страна Турција е виновна за тоа што не им дава никакво право на другите нации кои што живеат во Турција
Среќа што речиси %50 од Курдите не ја поддржуваат идејата „Курдистан„ во Турција
 
K

kaiser soze

Гостин

Ердоган имаше билатерелен договор со ПКК за прекин на војувањето.За жал, ништо од тоа што го вети, не го реализира..И ако ПКК е терористичка група, тогаш Ердоган и сегашна Турција се терористи број еден во светот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.288
Па што ако е ПКК терористичка група? На Ердоган му е испод части да преговара со терористи? Па он, цело време, многу пострашни терористички групи подржува во Сирија. Од каде сега згрозување од тој "занат"?
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Ердоган имаше билатерелен договор со ПКК за прекин на војувањето.За жал, ништо од тоа што го вети, не го реализира..И ако ПКК е терористичка група, тогаш Ердоган и сегашна Турција се терористи број еден во светот.
Всушност го реализира.Пред 2012 во курдскиот дел немаше ниеден знак на курдскиот јазик а после тој договор насекаде низ курдските градови веќе постојат табели на курдскиот јазик и децата со курдско потекло го учат курскиот јазик во школото но тоа секако дека не беше доволно за нив тие всушност сакале федерализација на тој дел
А само пред неколку дни пкк ги уби 45 невини луѓе и тоа прават секојдневно па ако ппк не е терористичка група ..[DOUBLEPOST=1481649570][/DOUBLEPOST]
Па што ако е ПКК терористичка група? На Ердоган му е испод части да преговара со терористи? Па он, цело време, многу пострашни терористички групи подржува во Сирија. Од каде сега згрозување од тој "занат"?
Кој ти кажа дека јас го сакам ердоган или за него сум гласувал? Да ми кажуваш ' од каде загрозување сега од тој занат' јас лично не го поддржувам ердоган според мене тој е нешто најлошо што и се случи на турција.. и го мразам ако тоа ме прашуваш
а иначе
Турција е држава, кој ќе дојде на власт тој ќе ја владее исто како насекаде на светов.а пкк е тероричка група чија се работи за катастрофални напади врз невините луѓе засекогаш
За нешто што направи ердоган не можеш да ја обвинуваш целата турција.а пкк целосно работи на тоа.види не кажав дека курдите се лоши туку пкк
 
Последно уредено:
K

kaiser soze

Гостин
Всушност го реализира.Пред 2012 во курдскиот дел немаше ниеден знак на курдскиот јазик а после тој договор насекаде низ курдските градови веќе постојат табели на курдскиот јазик и децата со курдско потекло го учат курскиот јазик во школото но тоа секако дека не беше доволно за нив тие всушност сакале федерализација на тој дел
А само пред неколку дни пкк ги уби 45 невини луѓе и тоа прават секојдневно па ако ппк не е терористичка група ..
Како прво, затишјето траеше од 2013 до средината на 2014.Друго, ова е комплетна лага, бидејќи курдскиот јазик освен во приватни училишта, не се изучува во државните.А за табелите, ако ти тоа сметаш оти е некаков напредок, не знам што да ти кажам.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Како прво, затишјето траеше од 2013 до средината на 2014.Друго, ова е комплетна лага, бидејќи курдскиот јазик освен во приватни училишта, не се изучува во државните.А за табелите, ако ти тоа сметаш оти е некаков напредок, не знам што да ти кажам.
До 2015 се траеше некои напредоци а која лага?
http://m.sabah.com.tr/yasam/2015/06/12/cizrede-kurtce-egitim-verilen-okulda-karneler-dagitildi
Еве ти е курдско школо и тоа државно
Овие не ги сметам како напредок некогаш да се зборува курдски во турција беше забрането
Никогаш не ти кажав дека турција им дава доволно права на курдите прочитај пак што јас напишав
а иначе ти дали си од турција?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Да но во секој случај ПКК е терористичка група така што не гледам некое возможно решение со нив од 2012 до 2014 Турција навистина се обиде да се договори со нив за некое решение но тие „како и секогаш„ нашле некој излез од решението и пак почнаа со нападите врз невини луѓе а од другата страна Турција е виновна за тоа што не им дава никакво право на другите нации кои што живеат во Турција
Среќа што речиси %50 од Курдите не ја поддржуваат идејата „Курдистан„ во Турција
Има една шема како веднаш да дознаеш кој извршил напад во Турција, дали ИСИС или Курдите. Ќе провериш дали цел биле безбедносните сили или цивили. Ако се безбедносните сили тогаш гарант се Курдите. Ако се цивили (особено странци) тогаш извршители се ИСИС.
Памти го ова за следниот напад, кај да е ИСИС треба да рокнат некоја бомба...
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Има една шема како веднаш да дознаеш кој извршил напад во Турција, дали ИСИС или Курдите. Ќе провериш дали цел биле безбедносните сили или цивили. Ако се безбедносните сили тогаш гарант се Курдите. Ако се цивили (особено странци) тогаш извршители се ИСИС.
Памти го ова за следниот напад, кај да е ИСИС треба да рокнат некоја бомба...
Да но исто така пкк ги убива луѓето (цивилите курди) кои што не ги подржуваат нив но вопште да, исис повеќе ги убива цивили а пкк полицајци и војници
 
K

kaiser soze

Гостин
До 2015 се траеше некои напредоци а која лага?
http://m.sabah.com.tr/yasam/2015/06/12/cizrede-kurtce-egitim-verilen-okulda-karneler-dagitildi
Еве ти е курдско школо и тоа државно
Овие не ги сметам како напредок некогаш да се зборува курдски во турција беше забрането
Никогаш не ти кажав дека турција им дава доволно права на курдите прочитај пак што јас напишав
а иначе ти дали си од турција?
Откако во 2014 беа нападите во Суруч, Анкара, прекинот на огнот и дефинитивно заврши.Инаку, училиштата каде што се учи исклучиво курдски, се во приватна сопственост.Напредокот според повеќето курди е минорен, и нема особен просперитет.
Јас не сум од Турција, ама одам почесто, а и релативно добро ги познавам состојбите.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Откако во 2014 беа нападите во Суруч, Анкара, прекинот на огнот и дефинитивно заврши.Инаку, училиштата каде што се учи исклучиво курдски, се во приватна сопственост.Напредокот според повеќето курди е минорен, и нема особен просперитет.
Јас не сум од Турција, ама одам почесто, а и релативно добро ги познавам состојбите.
Па ти кажав школото тоа е државно Иначе тоа што ми покажа е од 2006та година а не сегашна
не кажав дека курдските школи се насекаде само сакав да кажам дека има некои
а и на некои државните школи се изучува курдскиот јазик
http://www.sabah.com.tr/egitim/2012/10/03/kurtce-secmeli-ders-egitimi-basladi

Секако дека ова не е некој голем напредок но според доворот се одеше како што треба а ПКК одеднаш почна со нападите врз полицајци па така остана напредокот за жал
 
Погрешно си информиран.Се изучува изборно курдски јазик, ама наставата не е на курдски.Има приватни училишта каде што наставата е комплетно на курдски.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Погрешно си информиран.Се изучува изборно курдски јазик, ама наставата не е на курдски.Има приватни училишта каде што наставата е комплетно на курдски.
Па и јас тоа кажав.. Комплетно на курдски јазик постојат 2 училишта а тие ги изградија асоцијациите но ги најбљудува МЕБ кој е министерство за образование и затоа учениците не плаќаат Можам и да ти дадам имињата на училишта
а од другата страна ова се разбира дека не е некој голем напредок или нешто но пред 20 години овие права беа само мечти за Курдите
Се надевам дека со времето повеќе права ќе имаат
 
Последно уредено:
K

kaiser soze

Гостин
Повторно напад во Турција, овојпат во Кајсери.Цел се безбедносните сили и има многумина загинати и повредени.ПКК е веројатниот сторител, а Ердоган факт е оти ја губи контролата веќе, нападите се скоро секојдневни и Турција стана опасно место за живеење.
Патем, состојбата на курдите во Турција постојано се влошува, грото од курдските видни политичари и повеќето новинари се уапсени или затворени, медиуимите исто така, се носат уставни измени на нивна штета, голем дел од курдските населби, села и градови се разрушени од воените акции, жителите раселени.Републиканската народна партија, инаку главна опозициона партија на АКП, претстави план за решавање на курдското прашање, надевајќи се да придобие голем дел од курдските гласови.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088

Станува збор за терористички напад. Ниту прв пат ниту последен. Втора работа, и опозицијата во Турција е како кај нас во Македонија со Зајко предавникот. Буквално исто како Зајко со албански гласови што се надева дека ќе дојде на власт исто и опозицијата во Турција се надева дека ќе дојде со курдски гласови на владеачка позиција. А трета работа, курдите со ова уште еднаш докажаа дека навистина се терористи. Па и не е случајно што ПКК е прогласена како терористичка организација од страна на САД и ЕУ. И на крај Западот никогаш нема да се откаже од Турција поради курдите. Инаку жал ми е за курдите. Со овој памет што го имаат сите сојузници ќе ги изгубат. Од проста причина поради тоа што се наклонети кон тероризмот. Па и не се чудам што и Русија се откажа од курдите. Ниту еден разумен човек во светот терористите не ги сака и не ги оправдува. Едноставно нема никаде место за тероризмот.
 
Небулози на куп.Зајко, Трајко и други будалаштини.Очигледно не ја следиш состојбата во Турција.Ердоган беше тој кој што се бореше за курдските гласови, кој вети мал милион работи, демек почна со решавање на проблемите, ама од икс причини ја смени реториката и ги сопре процесите на помирување.Што се однесува до тие курди кои ги нарекуваш терористи, потсети се кои се најжестоки и најуспешни борци против ИСИС, во Сирија и Ирак.
Исто така, потстети се, кои беа најголеми жртви од терористички напади во Турција, оние во Суруч, во Анкара, и во Дијарбекир.Исто, може и да се потсетиш кој им беше логистика на ал-Нусра и ИСИС изминативе години, кој шверцуваше нафта со нив, кој им помагаше во Тел Абјад, Сереканије, Азаз, пред тие истите да се свртат против него.Можеш и да погледнеш каква деструкција направија војските во курдските градови и села, и како убиваа недолжни цивили.И јас не оправдувам насилство, но другата страна не сум сигурен оти дели цвеќиња и алтруизам.
И последната глупост, оти Русија се откажала од курдите.Напротив, во постојана комуникација се, и соработка, и со курдите во Ирак, и со тие во Сирија.САД, исто така, се сојузници на курдите, само побарај каде им се базите во Ирак и Сирија, и се ќе ти стане јасно.
Како и да е, некој овде го изгубил паметот, ама не ќе да се тоа курдите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom