Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Сакам да напишам дека тоа со Албанците малце се форсира..сепак требаше и за другите Албански партии да се гласа а како што гледате Беса и Алијансата добија солиден број на гласачи..и плус тука се Дуи со 80 и кусуро илјади ..голем дел од Струшките,Тетовските и Гостиварските села се тешка багра што нема теорија да гласаат за Македонска партија што всушност ја објаснува убедливата победа на Вмро во Кичево. Албанците во тие средини 99% за нивните си гласаат...претежно Албанците што живеат во урбаните средини(исто како и Македонците) гласаа за СДСМ бидејќи ги почуствуваа недостатоците на режимот па не е ни чудно што токму во Чаир и градот Струга(како што спомна некој погоре) Сдсм имаше повеќе гласачи.

Не сакам да вреѓам некого дека живее во село да не бидат погрешно сфатен,поентата ми беше дека во периферијата на градовите се почуствува незадоволството и желбата за промена но не беше доволна..во градот Битола Вмро беа сомелени со над 6000 гласови,исто и во Прилеп со над 1500, но кога пристигнуваа гласовите од селата ги поклопија, а во Битола ја намалија разликата.

и Дпа извадија 30 и кусуро илјади гласачи на државно ниво..сепак Албански гласачи се некаде од прилика 250-270 што ја доолува поентата дека 40-43 илјади гласаа за Сдсм претежно од Скопскиот реон
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Види вака експерту политички. Не бев јас да славам во неделата пред влада, не се ни радував што Заев собрал толку гласови за кои никој не веруваше туку викаа дека Грујо е непобедлив. Јас се борев за правда, во неделата таа правда победи, тоа што ти тука глумиш паметен па као нешто си многу запознаен со работите и коментираш е смешно, значи смешен си. Тоа што ти се радуваш на освоени 51 пратеник е смешно, умирам од смеење јас кога гледам како се радувате, не знам од каде тоа дека јас или било кој друг е нервозен. Нервозна беше Бетка, нервозен е Миле, Грујо, тие беа како попарени во неделата ноќта. Не знаеа како можеше Сдсм да собере 440.000 гласови. Е сега, разликата меѓу мене и тебе е што јас немам проблем со Албанците и не му верувам на Заев дека ќе воведе двојазичност. Ти од друга страна трубиш за двојазичност и патриотизам, мразиш Албанци, а партијата ти е во коалиција со нив. Знам, така треба од 2001 навака. Дали од 2001 навака треба да се делат тендери меѓу Дуи и Вмро? Дали од 2001 навака треба владеачката македонска партија која неколку пати имаше над 60 пратеници да замижува на секојдневното тепање на Македонци низ Скопје?
Го задржуваш истиот навредувачки стил затоа морам и да ти вратам во тој стил. Ај да то одговорам правдољубив заевисту. Ниту јас не бев да прославувам вчера, а и не ми беше нешто особено ќеиф што победил ВМРО и покрај тоа што две години слушавме дека се готови, ќе се пасат, палат селат од Македонија. За каква правда се бореше? За онаа од катица и заев? Таква правда не фала. Не ми треба. Јас се информирам од медиуми и чат пат од луѓе кои нешто разбираат политика. Тоа што сум ти оставил впечаток дека сум паметен тоа е твое. и повторно со шизофрени изјави ајде наведи каде јас се радувам? А нервозенс и затоа што навредуваш пријателе. Тоа толку добро ви оди мора да ви се признае. понекогаш се прашувам од каде ви извира таа омраза, секој ден да се будиш полн со омраза. Да тие што го наброја не беа нервозни туку по малку разочарани затоа што очекуваа повеќе пратеници и не знам што е толку чудно? Сепак победија на крај.
За Албанците. МРАЗИШ албанци. Што ти значи тоа? Јас искрено имам минимален контакт со албанци и сакам така да остане. Не ги мразам само ги игнорирам. Сакам да живеат убаво, и сакам да ја почитуваат државата. Од друга страна сакам да верувам дека ВМРО прави се што може за да се зачуваат македонските национални интереси. Можеби се лажам, ама кога ќе ги видам ставовите на другите партии ми останува само да верувам во оваа партија (по однос на тие прашања). Инаку по однос на тепачките, тоа е многу подлабок проблем кој верувам дека СДС ќе го реши како најјака партија во Чаир, Арачиново и Синѓелиќ со оглед на тоа дека 99% од тепачите доаѓаат од таму.
 
S

silmarillion

Гостин
Може некое линкче да дадете каде што се напишани македонските национални интереси? Или скриншот може исто. Фала.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Може некое линкче да дадете каде што се напишани македонските национални интереси? Или скриншот може исто. Фала.
хаха па добро од прилика се знаат. https://en.wikipedia.org/wiki/National_interest
-Прашањето за името
-Задржување на Македонија како унитарна држава
-Економски прогрес
-Решавање на отворени прашања со други држави
-Задржување на сувереноста и тн.

Сега можеш слободно да почнеш за знамињата, албансктие вработувања, минимална плата, веќе сме фиром и други комуњарски трикови :)
 
W

wicked_1

Гостин
Може некое линкче да дадете каде што се напишани македонските национални интереси? Или скриншот може исто. Фала.
Во бомбите најдобро е дефинирано што е национален интерес, и како истиот се чува.

#edit сите потточки на Брутус се опфатени во нив.
 
S

silmarillion

Гостин
хаха па добро од прилика се знаат. https://en.wikipedia.org/wiki/National_interest
Па отприлика не се знаат очигледно. Чисто ме интересираше да видиме дали сите даночни обврзници сме на иста бранова должина. А и чисто да провериме и споредиме со факти колку тие државни интереси се чуваат во последните 10 години. Ама ако нема нешто такво, ок, ќе нагаѓаме и ќе ги користиме за лов на вештерки.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Па отприлика не се знаат очигледно. Чисто ме интересираше да видиме дали сите даночни обврзници сме на иста бранова должина. А и чисто да провериме и споредиме со факти колку тие државни интереси се чуваат во последните 10 години. Ама ако нема нешто такво, ок, ќе нагаѓаме и ќе ги користиме за лов на вештерки.
И јас сум за пошто очигледно немаат сите исти ставови. А за тоа како се чуваат треба да дискутираме од 1991 откако станавме целосно независна држава. Во исто време треба да се анализираат потезите на власта и на опозицијата затоа што тие го сочинуваат политичкиот систем. Еве за да не дојде до забуни, сакам да укажам на еден пример, првото прашање - прашањето за името. Сите знаеме дека тоа не може да го одлучи една партија макар и да биде на власт со 61 пратеник.
Во 2008 година Македонија имаше серија средби со грчки претставници и посредникот нимиц. Бевме под огромен притисок за промена на името (за мене тоа прашање е решено со уставот се викаме Република Македонија и тоа е тоа), во сред тие преговори имаш изјава во медиуми од лидерот на опозицијата Зоран Заев
"Не верувам дека постои политичка партија во државава која ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик", вели Заев. "Но, она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да 'свиткаме кичма', како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните", истакнува Заев.

Е сега ме интересира дали Заев ги брани националните интереси или ги поткопува? Дали јас ако преговарам со некој друг а мојот потенцијален заменик во преговорите (Заев) има сличен став со другата страна мене тоа ме става во добра позиција или лоша? Што е уште поинтересно, грчката опозиција ја критикува грчката власт во тој период дека ќе ги продаде грците затоа што ќе се согласи да стои зборот македонија во нашето име. Значи има порадикален став од тој на нивниот реговарач, што е класичен пример како се бранат државни интереси.
Исто знам ќе се смееш со зачувување на унитарноста ама ајде да ја спомнеме. Можеби е шарада на ВМРО а можеби не, со месеци се тегават ДУИ притиска за собраниски спикер да биде албанец (што и не е некој проблем ако чoвекот е саглам ама тешко се наоѓаат такви :) ) и ете ти високи членови на СДС ти даваат изјави па океј е и албанец премиер или претседател на држава. Дали е ова поткопување или бранење на национални интереси?
И најновото, само за да придобие некој албански глас Заев измислува кантони (му стои во програмата) и зборува за дете албанче од прилеп што требало да учи кларинет!? Очигледно некакви небулози кои не може ни да се остварат туку да има плус мотивација некој албанец да го гласа. океј негово право, ама најсмешното е што тие работи не ги ни барала никоја албанска партија пред него а он ноншалантно дава такви изјави во чувствителен период.
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Од 91ва навака секако и опозиција и власт се. Со тоа што, ако рекол дека се држи до државен интерес а работи против него добива 2 негативни поени, може?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.778
Поени од реакции
17.010
Мене лично доста ми е од циркуси. Се изнагледавме циркуси овие неколку години, посебно оваа.
Малце монотонија ко за промена не ке да е на одмет.
од брдото ќе кажат дали треба промена, место учки коалицирање со исиловци... ама и на брдото треба да има прво промени
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Во бомбите најдобро е дефинирано што е национален интерес, и како истиот се чува.

#edit сите потточки на Брутус се опфатени во нив.
Не го интересира тоа него.
Сега е пуштен да изрелативизира овде до даска. Ќе си мисли дека после неговава агенда сите ќе излеземе и со цвеќиња ќе фрламе по мајбахот на грујо коа ќе излезе од собрание во новиот брак со учките.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Од 91ва навака секако и опозиција и власт се. Со тоа што, ако рекол дека се држи до државен интерес а работи против него добива 2 негативни поени, може?
не те видов веќе пишав два примери. мада темава може цела книга да се напише.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.184
Поени од реакции
3.431
70.80 па дури и 90.000:pos::pos::pos:..какви бројки човече,на мало дете да му го кажиш овие бројки ќе се изнасмее...

Одете малце логика не само да дробите глупости..во ИЕ 6 Сдсм имаше 25.800 гласа а сигурно не беа сите од Албанци..минимум 2500 гласа од Македонци беа овие башка и од Турци и други етнички заедници..во ИЕ 1 околу 12.000 Албански гласачи од прилика..по 4.000-5.000 во ИЕ 2 и ИЕ 5 значи некаде би требало да се 40-43.000..ова според општините каде што живеат и ги има во поголем број..да не си рачунате дека во Чаир или Струга сите Албанци имаат гласано за Сдсм?
Максималното гласачко тело на СДСМ е околу 380 илјади, од кој 50-сетина илјади се баш неопределени и во секој момент можат да сменат страна.

Доколку СДСМ не добиеше толку многу албански гласови ќе имаше максимум 40 пратеника, дел ќе земеа шошоните, дел ВМРО и ќе имаше некој 54-55 пратеника (од дијаспората барем 1), никој не го имаше пресметано ова и незнам дали некој го очекуваше, зборувам за обичните луѓе, главните во партиите можеби знаеле нешто.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Не го интересира тоа него.
Сега е пуштен да изрелативизира овде до даска. Ќе си мисли дека после неговава агенда сите ќе излезе и со цвеќиња ќе фрламе по мајбахот на грујо коа ќе излезе од собрание во новиот брак со учките.
Abe nikako da ve sfatam: ako po nekoja slucajnost pobedese SDSM so koj ke bese vo brak? So CDU, demokratite od USA? Te molam odgovori mi.
 
S

silmarillion

Гостин
Во 2008 година Македонија имаше серија средби со грчки претставници и посредникот нимиц. Бевме под огромен притисок за промена на името (за мене тоа прашање е решено со уставот се викаме Република Македонија и тоа е тоа), во сред тие преговори имаш изјава во медиуми од лидерот на опозицијата Зоран Заев


Исто знам ќе се смееш со зачувување на унитарноста ама ајде да ја спомнеме. Можеби е шарада на ВМРО а можеби не, со месеци се тегават ДУИ притиска за собраниски спикер да биде албанец (што и не е некој проблем ако чoвекот е саглам ама тешко се наоѓаат такви :) ) и ете ти високи членови на СДС ти даваат изјави па океј е и албанец премиер или претседател на држава. Дали е ова поткопување или бранење на национални интереси?
Приот пасус - Македонија немала серија средби со грчки претставници, Грујо имал. Ако се договориме дека државен интерес е да не се преговара за името, Заев има -1 поен, Грујо има -2.

Вториот пасус - сам кажуваш дека не ти е проблем да е албанец спикер, дали тоа значи дека и ти ги поткопуваш националните интереси?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom