Колеги ај ве молам за мала помош.... Преку посредник бркам работа за државјанство за мене и за жената и на почетна фаза сум, т.е. произход. За мене со документи од дедо пред 2018, а жена ми има венчаница од баба каде што стои националност Бугарска. Посредникот ми рече дека и за неа треба произход (треба ли навистина)? Му ги пратив оригиналните документи, рече дека во поново време ги задржувале. Изводи како изводи ке извадам за една недела од кај нас гајле ми е, проблем е што венчаницата на бабата на жена ми е една и единствена, па го замолив да види ако може со заверка на бугарски Нотар верно на оригинал. Рече прашал и чека одговор од некои тамошни директори во таа институција која дава произходи. Дали некој претходно имал искуство со копии верно на оригинал заверени на Нотар дали проаѓаат? Фала однапред.