пунтер
betfair trader
- Член од
- 21 март 2011
- Мислења
- 5.641
- Поени од реакции
- 9.650
- Локација
- околу светот
- Веб-сајт
- profiteri.freeforums.org
Битола е убедливо најзапустениот град од Вмро во овие 10 години,тука ништо не е направено и од официјални бројки само кај Билјана Ѕалева што е официален преставник на Австралиската влада во Македонија се остелени над 9000 луѓе од Битолската околина од 2007 па наваму...е сега удри математика колку плус се иселени со Бугарски пасоши накај Германија и Шведска па тогаш ќе прајме муабет.
Градот е пустина,мртов,навечер жив чоек нема и тие што се тука седат дома,дуќаните пропаѓаат и преживуваат секој можен ден,едноставно сите се вработени во Рек и Кромберг, а другите не знаат кај тераат.
Па и онај битушанец смешниот напишал дека порано за 3000 работеле и имало 8000 помалку вработени...дада имало 8000 помалце робој за 10-11 000 денари што трпат секакви тортури од газдите..работникот не треба само да го вработиш туку и услови да му понудиш...кај нас нема услови ниту сопствен бизнис да отвориш бидејќи мамата ќе ти ебат од казни и инспекции.
Порано пред 10 години луѓето имале далеку повеќе пари од сега,можеби невработеноста била поголема но се снаоѓале на повеќе начини со оглед дека фискализацијата не функционираше како што треба и фактички невработеноста беше само бројка ,а стопанството и екомонијата поразвиени..еве што ако денес има поголема вработеност кога стопанството и економијата пропаѓат.
Не ме разбирај погрешно..и Сдсм не се поарни ама неможи за ова што се случува да кривиме некој друг,Вмро си ја носи цела одговорност бидејќи имаа 10-11 години да ги исправат овие работи, а тие и тоа што остана го докрадија...за ветените работи напишав погоре каде 7 работи ветија во 2012 година и еве сега ништо нема исполнето..затоа на 11 демекври ќе јадат тапан во Битола бидејќи луѓето тука памтат и не се будали
јас не викам дека ти лажеш, или ВМРО ги одземам од одговорност, ама друг беше муабетот, фактите се дека БТ е иселена многу порано од овие 10 години, денес БТ има веќе таков менталитет што и 1000 Евра плата да им дадеш тие пак ќе се иселуваат, посебно денес во ситуација кога секој Битолчанец има повеќе родинини и другари во странство, плус постојат БГ пасоши, и шлаг на тоа може и со МК пасоши може да се движиш низ цела Европа без проблем.