Победа голема како куќа, убер тешко извојувана со гадна екипа. Притискаат по цел терен, играат пресинг. И кога изведуваат од под кош трчаат во контра

. Млади се, имаат енергија сакаат да се докажат, но во одбрана брзо се распаѓаат.
Одличен скаутинг на Гаги, ги напаѓавме паметно. И во одбрана игравме организирано одлично затваравме, само ни затаи скокот, нешто што не мачи цела сезона и ни е реален проблем. Сите играчите одиграа тактички пожртвувано, за тимот. Бојан сам го затвараше цел рекет со дефанзивната игра, нешто на што не сме научени да го гледаме

.
Лабович и Вркич одиграа маестрално, поготово првиот. 28 поена во домашно првенство не се за потценување, а не во јадранска лига.
Врзавме 3 победи на домашен терен против две врвни екипи и една незгодна. Во аба нема лесен противник, секој натпревар мора да се игра до крај. Ни 15 разлика не ти гарантираат победа.
Не е лошо, 3 од 10 по првиот дел, со оглед на проблемите што ги имавме на почетокот и тешкиот распоред. Екипата, од играчки аспект веќе почнува да заличува посериозно. Затоа забележуваме и поконстантни резултати.
Наредна недела ни гостува Крка, уште еден натпревар кај што мораме да бркаме победа, да фатиме приклучок.
Условно кажано послабите екипи сега ке ни гостуваат и ке немаме право на грешка.
п.с. МЗТ ни еба мајката со поразот у Бар. Најлошо за нас, го победија Будучност, а загубија од Морнар, тим кој и на нас и на нив ни е конкурент. Плус бркаме коефициент, македонските екипи против црногорските. Много лошо.
Али тоа е. Судбината најдбро е да си ја решаваме сами.
Вркиќ и Пери