Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
... кај нас имаме чудна појава, или за секоја ситница која воопшто не е здравствен проблем се јавуваме на доктор секојдневно или воопшто не се јавуваме на доктор и покрај присутни потешки здравствени проблеми сакајќи да се реши преку ноќ ...
за да се реши проблемот со покачениот крвен притисок и забрзаното срцебиење треба да се најде причината и таму да се делува, а да се најде причината треба да имаме некој почеток - патоказ кој ќе го даде првенствено лабораториското испитување на крвта и урината во смисол на сите параметри сврзани со срцето, бубрегот, хепарот, тироидни хормони ...
доколку тука нема промена и вредностите се во нормала тоа значи дека немаме некое оштетување на соодветниот орган ниту пак неговата функцијата е пореметена, па затоа следно мора да се направи електокрадиограм ЕКГ на срцето и ЕХО на срце, бубрег, хепар да нема ,,нешто скриено,, во тие органи кој прави оптовар и ако и тука ќе биде во граница на нормалата тогаш можеме да размислуваме кон нашиот моментален статус на однесување кон стресот, сонот, физичка активност, исхрана ....
и доколку не се испита сето тоа ние можеме само да погодуваме што би можело да биде, но не и точноста на здравствениот проблем кои се рефлектира со покачен крвен притисок и тахикардија ...
... и сега додека не направите такви испитувања, моето размислување иде кон тоа што ваквите проблеми не се од ,,болно срце,, , но ако не се превземе мерки тој висок притисок и силно срцебиење ќе го направи вистински болно срце... вродени аномалии околу срцето сигурно немате оти ќе го осетивте тоа порано, вашата возраст не може да укаже на болест на срце, а женскиот член кој се жали од покачен крвен притисок највероватно е од хормонско пореметување дисбаланс на естрогенот или можеби на штитната жледа или преголемо лачење на кортизолот ... инаку секое пешачење овозможува добра циркулација, а со тоа и регулирање на крвниот притисок барем извесно време кога ќе се вратите дома... инаку школски пристап во врска со лековите за покачениот крвен притисок (затоа што 160/100 веќе треба да се делува со лекови доколку се задржува повеќе денови) и е давање на диуретик (средство за зголемено мокрење) и со исклучување на пресолување на јадењата , менување на начин на исхрана на еднократни преобилен оброк кој доведува до притискање на дијафрагмата со надувување на желудникот и појава на тахикардија, пролонгираниот стрес доведува до покачување на кортизолот како хормон кој покачува и притисок и доведува до ,,возбудено срце,, и затоа следно би било давање на Бета блокатори и тоа неселективни односно четвртинка Тбл.Пропранолол од 40 мг кои ќе делува на смирување на ,,возбудениот ритам,, на срцето кое не му го знеме потеклото дали е од желудникот, стресот, надбубрег ..итн , докторите денес тука најчесто даваат селективни бета блокатори, лично не се сложувам затоа што тие најдобро делуваат кога тахикардијата е последица од патолошки промени на срцето, но не и кога причината е од друга природа , а не е срцето туку тоа само така реагира и кога ќе делуваме на таа друга причина и срцето само од себе ,,ќе се смири,, , лековите од типот на калциеви антагонисти се избегнуваат поради многу несакани дејства, а посебно ако се даваат како лек против висок крвен притисок која не им е прва индикација и затоа послабо делуваат на кр,притисок со тоа што ги отекува зглобовите ( аплодипин лек) на нозете што потоа треба тоа да се третира со диуретик...итн ... со додавање на диуретик и бета блокатор се додава потоа лек од група на АКЕ инхибитори што се спомна горе лекот ,,скоприл,,..., но пак ќе повторам без лабораторсиките испитување ништо не треба да се пие оти не се знае кој орган провоцира покачен кр,притисок, а со тоа иде и срцебиење односно тахикардијата ...[DOUBLEPOST=1480096528][/DOUBLEPOST]
... ако си дијабетичар треба да се следи шеќерот да го стабилизираш, ако не си дијабатичар тогаш направи лабораториски испитување на Т4, ТСХ , Т3 и ТПО антитела на штитната жлезда, ако тоа ти е добро тогаш види со менструалниот циклус хормони, според паниката што ја имаш можеби оправдано, но можеби неоправдано укажува на хипохондер што сигурно влече долгорочен стрес кој ако не можеш самата со своето ,,Јас,, да го решиш мора помош од стручно лице да те ,,направи ,, психолошки силна, а не со диазепам...
а за умирачка не се плаши, никој тоа не го знае, твое е да почнеш нешто да правиш за твоето здравје земи хартија пенкало и пиши ... прво кај матичен за лабораториски упат, второ кои пороци имаш во смисол кафе , цигари, неспиење, исхрана, телесна тежина, физичка активност ...и делувај тука секојдневно со пишување што си направила на тоа прашање и следи го кр,притисок секојдневно запишувајќи го во колку саат си ги измерила... така да ! , а не тука без веза ќе умрела....така се умира кој како ќе му текне?? ;)

Имам проблеми со тежината и менструалниот циклус, сите испитувања ги напраив пред две години. ми дадоа таблети куп да пијам по цела шака на ден, од кои веќе ми се смачило и сите ги прекинав и не отидов никаде повеќе да проверам и слично. Смачено ми е.
Имам проблеми и со несоницата и депресијата исто така. :) А ми утврдија метаболичен синдром.
 
Имам проблеми со тежината и менструалниот циклус, сите испитувања ги напраив пред две години. ми дадоа таблети куп да пијам по цела шака на ден, од кои веќе ми се смачило и сите ги прекинав и не отидов никаде повеќе да проверам и слично. Смачено ми е.
Имам проблеми и со несоницата и депресијата исто така. :) А ми утврдија метаболичен синдром.

Црно семе + турмерик + ѓумбир црно семе најмалце 2 грама после оброк, 3x на ден. Ѓумбир и тумерик може по 1/8 лажиче 3x на ден после оброк. На ова додади витамин ц,, магнезиум и д3 и повеќе на овошје и зеленчук стај се, за 1 недела ќе осетиш голем напредок. Имаш повеќе на темата за анксиозност за ова.
 
Има ли шанси на луѓе со веќе преживеан инфаркт да не треба да им се дава аналгин и андол ???
 
Има ли шанси на луѓе со веќе преживеан инфаркт да не треба да им се дава аналгин и андол ???

Аспирин претежно, од 100 мг 2x на ден, мада иста работа се со Андол. Аналгин не.[DOUBLEPOST=1480221025][/DOUBLEPOST]
Има ли шанси на луѓе со веќе преживеан инфаркт да не треба да им се дава аналгин и андол ???

Упс, погрешно те разбрав. Аспирин и Андол се даваат, и се уствари корисни. Аналагин избегавајте.
 
Последно уредено:
Ми рекоа на лекар да пијам магнезиум. Дали е подобро да го земам како шумеча таблета или како апче?:)
 
А кои се најдобри, во случајов за истегнат мускул со препорака за конзумација во рок од неколку месеци? Зошто има апчиња магнезиум од 150mg (можеби и друга грамажа), 300mg, во вид на прашок...........:)
 
А кои се најдобри, во случајов за истегнат мускул со препорака за конзумација во рок од неколку месеци? Зошто има апчиња магнезиум од 150mg (можеби и друга грамажа), 300mg, во вид на прашок...........:)

Magnesium glycinate, ili citrate. Соединението т.е. формата на минерал е побитна од тоа дали е прашак или апче. Ако земеш цитрат, 2x по 200mg, после оброк, или 400 мг на ден првата недела, после 200 мг на де. На еднаш 400, не.
 
Веќе една недела ми трепери десното око ( очниот капак) незнам како е литературно .Веќе ме загрижува ,па се мислам и да одам на лекар .Дали знае некој од што би можело да биде .На одредено време трепери па ќе сопре па навечер пред да си легнам повторно .
 
Веќе една недела ми трепери десното око ( очниот капак) незнам како е литературно .Веќе ме загрижува ,па се мислам и да одам на лекар .Дали знае некој од што би можело да биде .На одредено време трепери па ќе сопре па навечер пред да си легнам повторно .
...често кај нас велат дека левото око ако трепери е лош знак додека десното е добар знак, арно ама на други места како во Кина велат дека десното ако трепери тоа е лоша среќа, ете и јас го имам тоа приметено да секогаш ако ми трепка десното око а бе веднаш нешто ќе се разболам или нешто ќе плачам, за разлика од левото кое ќе знам дека нешто убаво ќе ми се случи, како и да е како здравствен проблем ако е краток период не би требало да е проблем оти таков ,,блефароспазам- миокимија,, треперење, присилно неправилно трзање на очниот капак и неконтролирани контракции на мускулите на очниот капак како абнормално функционирање на некои нервни места во базата на мозокот, кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата најчесто поради ,,суви,, очи, замор, несоница, зјапање на Тв и компјутер односно осветлени површини, нервна напнатост, често кафепиење, со што истите ако се избегнуваат би требало да се смири треперењето, ама ако и после тоа непрекинато трепери, може да се шири и кон лицето или да се има проблем со видот тогаш правец офталмолог т.е.очен лекар...јас лично во тој случај одмарам, не седам пред компјутер, не читам, се релаксирам со слушање музика со очи затворени врз чии очни капаци ставам нешто како лушпа од краставици да ми дојде како средно ладна облога ...:busi:
 
Глупи верувања на народот. Некои викаат дека на окото треба да се прекрстиш три пати и на никого да не кажуваш дека ти трепери. :pos:

Земи си магнезиум+B6.
 
...често кај нас велат дека левото око ако трепери е лош знак додека десното е добар знак, арно ама на други места како во Кина велат дека десното ако трепери тоа е лоша среќа, ете и јас го имам тоа приметено да секогаш ако ми трепка десното око а бе веднаш нешто ќе се разболам или нешто ќе плачам, за разлика од левото кое ќе знам дека нешто убаво ќе ми се случи
:facepalm::facepalm::facepalm:
:facepalm::facepalm:
:facepalm:
 
Глупи верувања на народот. Некои викаат дека на окото треба да се прекрстиш три пати и на никого да не кажуваш дека ти трепери. :pos:

Земи си магнезиум+B6.

Може да е и од замор,тогаш магнезиум не помага нешто посебно - иначе тоа се симптомите чести на недостаток на магнезиум. Што направи со алергиите?
 
Може да е и од замор,тогаш магнезиум не помага нешто посебно - иначе тоа се симптомите чести на недостаток на магнезиум. Што направи со алергиите?
Ако е од замор не е страшно .Мене почна да ме плаши да не е нешто посериозно .Еве од денес одмарам малце па ќе видиме дали ќе се поправи ако не лекар не ми бега.
 
Ако е од замор не е страшно .Мене почна да ме плаши да не е нешто посериозно .Еве од денес одмарам малце па ќе видиме дали ќе се поправи ако не лекар не ми бега.

Не лекар, ако одмориш 2-3 дена и исто ти е, ќе пробаш со магнезиум и B6 мада секако можеш и треба да конзумираш барем магнезиум ако не B6. Ако и после 2-3 дена магнеизум не ти е ок, тогаш иди на лекар. Не верувам дека е посериозен проблем. Џабе паничиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom