Вљубување во славна личност

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
“Вљубувањето во славна личност“ е последица од восхитот кон убавината, сексипилот, харизматичноста или талентираноста на славната личност: прво им се допаѓа, после се фасцинирани, па разочарани од реалноста се опседнуваат со него/неа, за на крај (како неспособни да ги диференцираат своите чувства) да мислат дека го/ја сакаат, па дури и дека ќе умрат по него/неа.

Постојат пубертетлии и повозрасни луѓе кои имаат ваков проблем. Кај децата од 13-14 години, тоа е посфатливо, со оглед на што тогаш прв пат стекнуваат искуства со љубовта, и на таа возраст секако дека се незрели.

Ама ако ова им се случува на луѓе постари од таа пубертетска возраст, тогаш проблемот лежи во нивната неспособност да си најдат дечко/девојка од нивното реално опкружување. Тоа им дава несигурност да се впуштаат во љубовни предизвици и затоа полесно им е да го “сакаат“ Бред Пит или некој си Бил од Токио Хотел кој секогаш можат да го видат на ТВ или на Интернет, секогаш насмеан и убаво среден.

Оние кои се психички стабилни и способни да си го средат животот, не навлегуваат во такви детинести инсинуации.
 
Според мене неможе некој да се заљуби во јавна личност преку ТВ!Тоа е само физичка привлечност и е далеку од љубов.
 
Платонска љубов...најчиста...секако дека може.
 
Еминем имаше многу убава песна за ова:



Многу добра песна и текст.А и спотот богами.
А што е најстрашно,навистина има вакви луѓе.
Страшно.
Опсесија.Тие луѓе навистина имаат проблем.

Уфф, песната е лудило мислам дека се викаше "Stan" !
 
Поарно врапче во рака отколку гулаб на гранка...
Со други зборови, поарно ќе е**м нешто отколку да дркам.
 
порано сум читала по списанија девојчиња што пишувале дека се заљубени во тоше, па штознам во бекам и сл. и сум се газела од смеење..навистина, тоа произлегува од што му се восхитуваат на ликот и на неговата слава, но тоа е лошо кога ќе премине во опсесија, баш таков е и случајот на оние кои мислат дека се вљубени во некоја славна личност, за нив недостапна, која не ја ни познаваат, ама тоа е ...според мене тоа размислување е многу детско и смешно:vozbud::pipi:
 
Па сигурно дека чувствата не можат да бидат до толку идентични како оние ако таа личност би ја познавале во живо , но јас верувам дека тоа е можно и покрај сите други (спротивни) коментари што сите ги кажуваат, знам дека звучи лудо, но јас сум сигурна дека тоа може да се случи (знам што зборам), но тоа е МНОГУ ретко, кај повеќето станува збор само за пубертет и опседнатост.
 
таквите ми се чини дека не живеат едноставно во реалноста. И јас на пример ми се убави Зек Ефрон или Том Круз ама далеку од тоа да сум опседната со нив
 
порано сум читала по списанија девојчиња што пишувале дека се заљубени во тоше, па штознам во бекам и сл. и сум се газела од смеење..навистина, тоа произлегува од што му се восхитуваат на ликот и на неговата слава, но тоа е лошо кога ќе премине во опсесија, баш таков е и случајот на оние кои мислат дека се вљубени во некоја славна личност, за нив недостапна, која не ја ни познаваат, ама тоа е ...според мене тоа размислување е многу детско и смешно:vozbud::pipi:
Хехе да. На крајот така е. Можеби бекам не е таков како што сите говорат за него, можеби том круз си ја тепа својата жена... се е можно на овој свет. Повеќе е тоа опсесија отколку да си заљубен/а во некоја славна личност.
 
Една моја другарка е буквално опседната со Хаиме (или нешо така) ... Од ружна лети, фернандо шо го глумеше... девојчено е спобудалено, понекогаш ке ми се јавит на телефон и ми плачит ко ненормална... упорно се обидвам да ја сватам, ама не можам и се согласувам со повеќето кои кажувате дека не може да се зањуби во некого од ТВ, туку тој/таа може да биде само опсесија. Мислам дека би можела да се заљуби во него ако има некое барем мало познанство... иначе, потешко....
 
Рок Кејт. Не се дружи со таа,има блага ретардација. Да ти плаче? :uvo:
 
тоа не би го нарекол вљубување туку привлечност кон некоја личност, обожавање, па дури и опсесивност :kafe:
 
Nikogas mi se nema sluceno... moze oti si imam zacrtano deka tie se daleku i nedostizni... :D :D :D
 
Тоа сето со тек на време ќе им помини.Меѓутоа некој ептен паѓаат во трансој дури и не се обидуваат да си фатат некој нормален,реален дечко.
Тие едноставно се 'заљубени' во некоја позната личност дури и мислат дека иммат некој шанси(од муабети што имам гледано по хај5 и слично)
Неможам да ја сватам причината,потребата за да си заљубен во некоја позната личност што не те ни познава кога овде си имаме толку убај деца:back::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom