Доста со непотребна нервоза и некултура, не ти се мешам во убедувањето! Не ме терај да ти повторувам, аман...
Потече со таа култура. Незнам каде гледаш нервоза, напротив, ретко да најдеш било кој друг што ќе има трпение као на мало дете да му разглобува елементарна логика.
Од она што ми кажа досега, твојот Бог е Безличен и Релативен, и немам ништо против што си Го прифатил како Таков, напротив, респектирам.
Не е точно! Токму спротивното е случајот! Милион пати нагласив дека предуслов за апсолутноста е сеопфатноста, со тој заклучок се согласи и ти! А концепт за Бог, каде истиот неможе нешто, е концепт што нема сеопфатност! Што значи нема ни апсолутност! Единствен концепт каде сеопфатноста не е исклучена е пантеистичкиот концепт, бидејќи во тој случај Бог е вечен, неменлив и апсолутен во својата
суштина, а минлив, смртен, ограничен во својата
форма. Во овој случај Креаторот и креацијата на суштинско - фундаментално ниво се едно исто, што значи креацијата е манифестација на вечната суштина во бесконечни и минливи форми. Само овој концепт има решение за парадоксите од типот ,,дали Господ може да создаде толку тежок камен што нема да може да го подигне". Сите останати концепти каде Креаторот и креацијата на суштинско ниво се неспоиви паѓаат, укажуваат дека таквиот Бог не е Апсолутен и дека е демијург.
П.С. Првин дијалогов го започна за да ,,докажеш" дека индивидуалноста и здружувањето биле контрадикторни, кога не успеа во тоа, се обиде да ги дискредитираш сите различни концепти за Бог освен христијанскиот, неуспеа ни во тоа, ми бараше доказ, што е смешно бидејќи дискутираме за тези, за на крај да ги игнорираш сите аргументи и да кажеш дека си го респектирал тоа што верувам во ,,Релативен и безличен Бог".
Ако досега сеуште не си сватил, не ми е проблем да ти нагласувам постојано - твоите лукави трикчиња на слаткоречивост и ,,добронамерност" не ти палат кај мене, нема да ти помогнат да ги заташкаш аргументите.